логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

Во исполнување на Господовата заповед: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал“ (Матеј 28,19-20), која Господ им ја предал на своите апостоли и во која го согледуваме автентичното значење на Црквата, во нејзиното извршување најмногу од сите апостоли се истакнал апостолот Павле, кој длабоко знаел дека мисионерењето се наоѓа во самата срж на Црквата, која без разлика на тоа во какви услови таа живее – таа мора постојано да мисионерствува. Таа мора да сведочи. Без мисионерење нема Црква, бидејќи Црквата го продолжува делото на спасението извршено од Господ Исус Христос, сведочено и објавено од апостолите, кои по Христовата заповед и откако им Го испратил Утешителот – Светиот Дух, особено за време на гонењата се распрснале по целиот свет.


Мисионерско – евангелската дејност на светиот апостол Павле, односно на Црквата е овозможена единствено преку слегувањето на Светиот Дух. Затоа, мисијата не почива врз човечките сили и не е мотивирана со земните интереси од овој свет. Ова јасно го потврдуваат Христовите зборови: „Кога, пак ќе ве поведат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту размислувајте; а она, што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух“ (Марко 13,11) и од Павловите зборови: „И јас, браќа, доаѓајќи при вас, дојдов да ви го соопштам Божјото сведоштво не со возвишена проповед или мудрост, бидејќи не сметав дека е добро меѓу вас да знам нешто друго освен за Исуса Христа, и тоа – Распнатиот. И јас меѓу вас бев во немоќ, и страв, и во голем трепет. И словото мое, и проповедта моја, не се состоеше во убедливи зборови на човечка мудрост, туку во појава на Духот и силата, та верата ваша да се утврди не во човечка мудрост, туку во силата Божја“ (1. Кор. 2,1-5). Токму и затоа апостолот Павле, основата на постоењето на Црквата, т.е. Христовиот повик за мисионерење не го подразбира јуридички, како наредба на која надворешно се потчинува, туку неговата мисионерска активност извира од благодатниот динамизам и изобилието на живот откриено како „благодат врз благодат“ (Јован 1,16), кој Црквата го добива во својот аскетско – литургиски живот, кој има суштинско значење за мисијата на Црквата, чиј мисионерски менталитет се формира и усвојува на Литургијата.
Слободно можеме да кажеме дека мисионерството, кое е смисла и цел на христијанската историја,  - било смисла и цел и на животот на светиот апостол Павле, кој за да го зачува мисионерскиот стремеж и за да го сочува од маргинилизација, знаејќи дека Христос е Спасител на сиот свет и сите луѓе јасно ја започнал својата мисионерско – евангелска проповед и мисија. Ревносно и пламено го проповедал Христа. Заради тоа се прави следната паралела или споредба: „Исус е Спасителот на светот, а Павле учител на светот“.  Голем дел од христијанските заедници ширум тогашниот свет биле основани за време на трите мисионерски патувања на апостолот Павле, потпомаган од Варнава, Сила, Тимотеј, Тит и др. Јака снага добила младата Црква во новиот апостол. Тој успеал да ја развие и рашири христијанската проповед и вера и кај незнабошците, поради што е наречен „апостол на незнабошците“(Рим. 11,13). Со тоа го ослободил христијанството, кое било маргинализирано и ограничено во рамките на јудејството и му дал еден нов универзален карактер и правец.  
Предметот на Павловата проповед е идентичен и сличен со Христовата проповед, со она што го нагласил Спасителот на светот: „Кој поверува и се крсти ќе биде спасен; а кој не поверува ќе биде осуден“ (Марко 16,16); „И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно“ (Матеј 10,7). Сличноста на Христовата со Павловата проповед е во тоа што и светите апостоли своите зборови ги потврдувале често пати со чуда, но и се разликува, бидејќи поседувале личен карактер, особености и индивидуалности. Павле целосно се вложил себеси за сите да  ги просветли со светлината на Христовото Евангелие, тој за сите станал сè, како што и самиот вели: „За сите станав сè, та по каков и да било начин да спасам некого“ (1. Кор. 9,22). Го вложил сето свое интелектуално и духовно искуство за да може адекватно како оратор да се приближи до сите верни и неверни. 

Кирче Трајанов, Мисионерскиот карактер на Црквата, Православен пат (списание на Скопската православна епархија), бр. 35/36, Скопје 2014, 9, 12.
  Александар Шмеман, Православие и мисинерство, http://dveri.bg – пристапно на: http://dveri.bg/component/com_content/Itemid,100789/catid,67/id,469/view,article/ (24.04.2016).
  Михајло Напотник, Apostol svijeta i učitelj naroda (Njegovo življenje i djelovanje), Zagreb 1908, 36.
  Михаил Поснов, История на Християнската църква, том I, Анубис 1993, 86.


Павловата проповед и мисија за разлика од проповедта на останатите апостоли, која започнала по слегувањето на Светиот Дух (види: Дела 2,14-40), почнала по неговото обраќање во христијанството, но иако последен и најмал, сепак тој најмногу допринел за проширувањето на Словото Божјо. Неговите три мисионерски патувања, поткрепени и продуховени со Божјата сила, кои дале големи плодови во основаните христијански заедници во Палестина, Сирија, Мала Азија, Македонија, Грција, Рим, каде што се развил богоугоден живот – не треба да ги разбираме само како проповедање на Евангелието, уште помалку како просто интелектуално пренесување на одредени доктрини, туку во најширока смисла како сведоштво за евангелскиот и светотаинскиот живот во Христа.  
 Неговата дејност имала соборни и универзални димензии. За него сиот космос, секој јазик, култура, односно целиот свет и секоја човечка душа била мисионерско поле, достојно за евангелското семе и благодатната жива вода (види: Матеј 13,3-5; Јован 4,10).   Целокупната негова дејност на нивата Господова можеме да ја созерцаме во зборовите на М. Напоткин, кој го нарекува: „апостол на сите краишта и апостол на целиот свет“.  

 


Петар М. Петковски,
дипломиран теолог

Э. Шиабель, Апостол Павел, богослов – миссионер и пастырь – богослов: к пониманию Павла, Веснник ИСТТУ, 2013, 7-33 – http://cyberleninka.ru  пристапно на: http://cyberleninka.ru/article/n/apostol-pavel-bogoslov-missioner-i-pastyr-bogoslov-k-ponimaniyu-pavla (26.04.2016), 27.
  Кирче Трајанов, цит. дело, 8.
  Исто,  9, 12
  Михајло Напотник, Apostol svijeta i učitelj naroda (Njegovo življenje i djelovanje), Zagreb 1908, 36; 40.

 

2-ри јули 2017 лето Господово



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6401
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная