Крф – островот на свети Спиридон Чудотворец
Крф е најсеверниот остров во Јонскиот Архипелаг, втор по големина, а во православниот свет е познат како островот каде што почиваат нетлените мошти на св. Спиридон Чудотворец и св. царица Теодора, поради што голем број на верници го сметаат овој остров за неизбежна дестинација. Не помалку посетен е и манастирот на Пресвета Богородица – Палеокастрица.