логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Слово за молитвата
Efrem.Filotejski.jpgПостојат повеќе начини на извршување на молитвата. Еден начин е кога молитвата ја кажуваме со усните. За да ја достигнеме својата крајна цел, во почетокот мораме да се молиме усно.

            Човековиот ум се наоѓа во непрестајно движење. Со оглед дека не се движи во склад со природата - а како што би требало да прави - и со оглед дека често е злоупотребуван заради нашата рамнодушност, тој скита по цел свет и застанува кај разнолични наслади.

            Понекогаш се насладува со плотски помисли и ужива во нивните сласти. Другпат се насладува со други страсти, а понекогаш незаинтересирано лебдее ваму-таму. Каде и да отиде, каде и да застане, тој се наоѓа во некој вид наслада.

            Според тоа, човекот кој има намера да ја достигне својата цел на ‘непрестајна молитва’ (Сол. 5; 17), мора да си го собере својот расеан ум - скитник кој навраќа во секаков свиок  -  за да си го устрои и уреди.

            Но, за да си го собереме умот, мораме да му понудиме нешто сладосно, зашто тој, рековме, наоѓа задоволство и наслада во скитањето натаму-наваму. Од таа причина, во почетокот молитвата мораме да ја изговараме усно.

            Почетникот што се учи на Исусовата молитва мора да започне така што усно ќе изговара: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“. Тој мора да вложи напор за да го одвлече својот ум од овоземните нешта. Звукот што излегува - звукот на неговите зборови - ќе го привлече умот да обрне внимание на зборовите на молитвата. На тој начин умот, малку по малку, ќе се привикнува да биде собран наместо расеан.

            Се разбира дека напорот, вниманието, намерата, ревноста и постојаното трезвено чување на  целта кон којашто тежнееме, односно непрестајната молитва  -  ќе помогнат да го собереме својот ум.

            Кога ќе ја кажуваме молитвата на овој начин, таа со време ќе почне да предизвикува во нас извесно задоволство, извесна радост, мир, нешто духовно коешто порано не сме го поседувале. Тоа, малку по малку, ќе го привлече умот.

            Како што ќе напредува и ќе го привлекува умот внатре, усната молитва ќе почне да му дава слобода самиот да ја кажува молитвата, без учество на усните. Со други зборови, ќе почне да донесува некој плод. Потоа, молитвата кажувана некогаш со усните а некогаш со умот, лека полека ќе почне да ја освојува душата.

 

Старец Ефрем Филотејски

 

 

 

Antonij.Surozki.jpg

Да се биде ученик Христов – значи да се верува во човек, почнувајќи од себе и продолжувајќи со сите други. Убедени сме дека во секој човек постои светлина, постои добро. Светлината во темнината свети. Темнината не секогаш ја прима таа светлина, но таа не е во состојба да ја пригуши или сосема да ја задуши. Светлината има самобитност, сила,..

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1481
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1844
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1649
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

« »