17 декември 2014 лето Господово
- Неговото Високопреосвештенство,d6ad44117820c2635edab394bb9a7bd3.jpg митрополитот на Тир и Сидон Илија, одржа кратка беседа во црквата „Св. Марија“ во Кембриџ, Масачусетс, после вечерната на 14 декември. Тој нагласи дека и покрај искушението на страшни гоненија што се случуваат на Блискиот Исток денес, љубовта Божја ќе надвладее:
- „Антиохиската Црква, како што знаете, беше основана од двајцата апостоли Петар и Павле. А денес поголемиот дел од оваа Црква страда... претежно секаде имаме или војна, или притисок од сите страни. Но ова не е нешто ново за нас: нашиот Господ Исус Христос ни рече дека ќе мора да поминеме низ такви искушенија и такви околности. А вие знаете дека Црквата од самиот почеток беше гонета и претрпе секаков вид на притисоци. Но на крајот, љубовта ќе надвлaдее. Како што ни рече нашиот Господ: ’Ќе имате многу тешкотии, но на крајот ќе победите, бидејќи Јас го победив светот‘. Така, Исус Христос секогаш победува; љубовта секогаш победува; и ние ќе победиме ако останеме блиску до нашиот Исус Христос“.
Извор: The Orthodox Church Info
Извор: Бигорски манастир