логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Византискиот император Лав III Исавријанец (716-741), победоносно одбивајќи го нападот од сарацените на Константинопол (718) и сакајќи да ја огради својата престолнина од слични напади во иднина, намислил да ги обрати арапите во христијанството. Една од важните пречки за посакуваното обратување било тоа што муслиманите го отфрлале почитувањето на иконите. Toj бил во контакт со калифот Омар II кој се трудел да го преобрати во ислам, меѓутоа не успеал. Единствено нешто што му успеало е да го убеди дека иконите биле идоли. Во 726 год., Лав III издава едикт со кој ги забранил иконите.

Но, неговиот указ бил пречекан со силно противење од престарениот Константинополски Патријарх Герман и од страна на клирот и народот. Папата Григориj III и големиот богослов на тогашното време Јован Дамаскин, исто така, го кренале своjот глас во заштита на Православието, како и повеќето теолози и монасите, поради што тој започнал гонење и страшно мачење и убивање на истите.

Како незадоволство од таа одлука, во Грција се дигнала буна, која во 727 год. била задушена. Патријарх Герман I не сакал да го потпише царскиот декрет и дал оставка, а на негово место Лав III го поставил неговиот истомисленик – патријархот Анастасиј. Царот Лав III Исавријанец го наклеветил свети Јован Дамаскин пред калифот при кој тој служел како министер и заповедал да биде убиен папата Григориj II со меч или со отров. Но, последното не му успеало.

Свети Јован, според местото на раѓање наречен Дамаскин, бил син на министер при дворот на Дамаскиот калиф. Одличното образование што го добил и заслугите му помогнале да стане градоначалник на Дамаск и прв министер на калифот. Кога византискиот император Лав со указ го забранил почитувањето на иконите, свети Јован напишал во нивна заштита неколку дела и ги испратил во Константинопол. Неговите писма жедно се читале во Константинопол и многумина поддржале во Православието. Лав, кога дознал за авторот на тие писма и нивното влиjaние на народот, му испратил на дамаскиот калиф писмо со фалсификуван ракопис на свети Јован Дамаскин, во кое небаре Јован ветувал дека ќе го предаде Дамаск на византиската војска. Измамен, калифот заповедал да му биде пресечена десната рака на измислениот предавник. Јован застанал со отсечената рака пред иконата на Богомајката и Ја молел да биде оправдан. Изнемоштен од крварењето – заспал, а кога се разбудил – раката му била исцелена. Во радоста, тој запеал: „Заради Тебе се радува, Благодатна, секое создание…” Потоа калифот сакал да го врати Јован на претходната должност, но Јован одбил. Откако го раздал својот имот на бедните, тој се оддалечил во ерусалимскиот манастир Свети Сава. Таму целосно се посветил на сочинување творби за полза на Црквата. Најважни од нив се: систематското учење за православната вера и особено, неговиот канон на Света Пасха, каноните на Рождество Христово, Богоjaвление, Вознесение Господово, воскресните служби, поделбата на 8 гласови (Октоих), и многу погребни песни. Како песнописец свети Јован Дамаскин е недостижен и го добил името Златоструен. Тој се упокоил во длабока старост, во 104-та година од животот.

Папата Григориј II во својата преписка со императорот му укажал на грешката, но тој не сакал да се покае, така што, поради тоа Западниот дел од Црквата одбива да плаќа такса на Константинопол. Повторно се дига буна во Елада против таа одлука на чело со Козма, која била задушена, а тој бил обезглавен. Лав III почнал да присоединува кон своето царство делови од Западна Европа на кои можел да стави рака. Во 731 год. Папата Григориј II  се упокојува во 731 година, а на негово место доаѓа Григориј III, кој го свикал синодот од 93 епископи и се донела одлука дека секој кој ќе оди против иконите, ќе биде екскомунициран од Црквата. Во меѓувреме, секаква несреќа го снаоѓало царството на императорот – земојотреси, епидемии, муслиманите се повеќе и повеќе ја завземале територијата.

Лав III умрел во јуни 741 год., а на неговото императорско место застанал неговиот син Константин V Копроним, кој бил уште покрволочен поборник против иконите. Артабасдус, кој бил женет со ќерката на Лав, гледајќи ја непопуларноста на иконоборството, се прогласува за заштитник на иконите и цар, со помош на патријархот Анастасиј, кој прво бил иконоборец, но сега повторно се вратил кон почитувањето на икоите и почнал да ги возобновува. Но, Константин V крваво му се одмаздува, а патријархот Анастасиј го принудува повторно да се врати кон иконоборството. Во 754 год. Константин V свикал собор на кој 350 епископи биле принудени да присуствуваат, но Рим, Ерусалим, Антиохија и Александрија одбиваат да пратат претставници. Повторно била донесена одлука од страна на императорот против иконите која епискпите биле принудени да ја потпишат, а врз св. Јован Дамаскин (кој најмногу се борел за иконите и за тоа има напишано дела), екс-патријархот цариградски – Григориј и монахот Георгиј Кипарски, била фрлена „клетва“.

Наместо да се цртаат светители, црквите почнале да се украсуваат со птици, цвеќиња и овошје, така што народот се чувствувал како да се наоѓа во продавница.

Поради своето одбивање да се покори на царевата одлука, монах Петар бил камшикуван до смрт на 7 јуни 763 год.;

игуменот Јован бил врзан во вреќа и фрлен во морето на 7 јуни 761 год;

монах Андреј Критски во 767 год. бил камшикуван и измачуван сè до смрт (Акта СС., 8 Октомври.; Римски маченици за 17 Октомври) и многу други измачувани и убивани (Мартиологија, 28 Ноември).

Во 766 год. Константин V дошол во судир со неговиот патријарх, поради што го обезглавил и на негово место го поставил Никита I. Козма Александриски, Теодор Антиоиски и Теодор Ерусалимски биле бранители на светите икони во заедница со Рим. Императорот Константин V умрел во 775 год, а на негово место дошол син му Лав IV Хазар кој не го поништил законот на татка си, но бил поблаг и дозволил монасите во азил да се вратат, го толерирал почитувањето на светиите и се обидел сите страни да ги смири. На местото на патријарх Никита дошол Павле IV кој од страв делумно го застапувал иконоборството. Но, жената на Лав IV, Ирена, била почитателка на светите икони и дури додека нејзиниот маж сеуште бил жив, таа во својата соба имала икони. Кон крајот на својот живот, Лав IV станал жесток иконоборец и многумина казнил, а тоа сакал да го направи и со царица Ирена, но не му успеало затоа што умрел (8 септември 780 год).

Бидејќи синот на Лав IV, Конастантин VI, бил на 9-годишна возраст, мајка му ја водела земјата. Таа го обновила почитувањето на иконите. Во 787 год. во Никеа бил оддржан Седмиот Вселенски Собор на кој присуствувале над 300 епископи. На овој собор, иконоборечките еретици јавно се покајале и повторно биле примени во Црквата. Во Актите на Седмиот Вселенски Собор читаме: “Овие се зборовите на иконоборците кои се вратија во Црквата. Василиј епископ Анкирски, вели: “Колку што можев, ги разгледав прашањата за иконите и се вратив во Светата Соборна Црква со целосна убеденост (дека не претставуваат идоли)”. Теодор, епископ на Мира, вели: “Го смилостивувам Бога и вашата светост да се обединам, јас грешниот, со Светата Соборна Црква”. (пп. 41, 43 во изданието на Kazan Theological Academy).

По 27 год. повторно се појавиле оние кои не се покајале и останале иконоборци, на чело со Лав V Ерменец (813-820), кој бил насила ставен на власт. Најголеми поборници за иконите, овој пат, се игуменот на Студискиот манастир Теодор Студит, познат по светоста на своjот живот и непоколебливата цврстина на карактерот. Тој неколку пати бил мачен со најтешки мачења и го фрлале во најстрашни затвори, но без оглед на секакви страдања, не престанувал да ги бодри и поддржува православните со своите писма; потоа патријархот Никифор (на кој императорот му го одзел чинот и го протерал, а на негово место го поставил својот истомисленик Тедот I), а папата Пасхалиј I изреагирал како и Григориј II. И во тој период многумина кои ги почитувале иконите биле протерувани, мачени и убивани. Во 820 год. Лео V бил убиен од еден од неговите генерали, Михаил II, кој го превзел престолот и го продолжил иконоборството, мачејќи многумина прави исповедници, меѓу кои и Методиј од Сиракуза и Ефтимиј, митрополит Сардски.

Потоа на власт доаѓа синот на Михаил II, Теофил, кој го продолжува делото на својот татко дури уште посвирепо.

Монах Лазар бил камшикуван речиси до смрт,

монах Методиј бил 7 год. затворен со насилници,

Михаел Ерусалимски синкел и Јосиф химнограф биле мачени,

двајцата браќа Теофан и Теодор биле удирани со 200 стапа и биле жигосани на лицето со жешко железо (Мартиологија Рим, 27 Декември).

По смртта на Теофил, на негово место дошла жена му, Теодора, бидејќи син му Михаил III имал само 3 год. Теодора ги почитувала иконите и таа го започнала истиот процес како и царица Ирена. На Поместниот Константинополски Собор (842) ги потврдила во сета сила актите на Седмиот Вселенски Собор. На тогашниот патријарх иконоборец Јован VII му бил даден избор да ги прифати иконите или да се пензионира, а на негово место бил поставен Методиј I (оној кој бил години во затвор заради неговата одбрана на иконите). Во 842 год. биле обновени, односно потврдени уште еднаш одлуките донесени на Седмиот Вселенски Собор.

Со ова се завршува целата историја на иконоборството во Црквата. Овој ден се слави првата недела од Великиот Пост, како победа на Православието.

Извор: Маран Ата

9-ти март, лето Господово 2014



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная