Ние сме праведно осудени... (25.01.2008)
Денес, на денот на светата маченичка Татјана, Божествена Литургија отслужи Митрополитот Струмички г. Наум. На Литургијата се помоливме за покој на душата на чедото Божјо Тодор Проески.
„Историското случување, опишано во Светото Евангелие, на распнувањето Христово на Крстот помеѓу двата разбојника, исто така распнати на други два крста, е можеби една од највистинитите претстави во која може да се препознае состојбата на сите луѓе, како во однос на Бог така и во однос на самите себе.
Крстот се сите наши волни и неволни страдања кои ги среќаваме на тесниот Евангелски пат на исполнувањето на Божјите заповеди. Крстот може да остане и само една голема казна за оние што не се покајуваат заради своите гревови. Не дека Бог нѐ казнува, туку сами себе се казнуваме одделувајќи се од Бог и присоединувајќи се кон ѓаволот со исполнувањето на неговата волја. Исполнувањето на демонската волја не е ништо друго освен грев, отсуство на благодат, отпаѓање од Бог, душевно и телесно страдање и болест и на крај смрт, без надеж.
Сите ние можеме да се видиме и да се препознаеме во еден од двајцата разбојници. Сите ние го носиме својот крст, само што некои од нас Му благодарат на Бог за својот крст и го носат истиот со трпение и смирение, свесни за својата грешност и несовршенство, а други пак хулат на Бог заради својот крст. На оние што Му благодарат на Бог, крстот им помага да го очистат своето срце од страстите, да го просветлат својот ум и да се обожат. На оние што хулат на Бог, крстот им останува само како еден неподнослив товар и како една неразбирлива и неподнослива казна. Секако, имате во предвид дека ви зборувам за генералната линија, а не за повремените осцилации. Исто така, самопознанието во однос на Бог и благодарноста за крстот што Бог ни го дарувал се нераздвојни.
Со трпение и смирение може да го носи својот крст само оној кој што што Му благодари на Бог за своите страдања и кој што освестил во себе дека навистина ги заслужва. Колку поголемо страдање доживуваме и колку поискрено и од сѐ срце Му благодариме на Бог за тоа, толку повеќе Божја благодат привлекуваме кон себе. Благодатта Божја е, пак, таа што ни дава сила да ги издржиме страдањата, е таа што нѐ утешува во страдањата и е таа која дури и нѐ прави да заборавиме на нив. Или, со други зборови, благодатта Божја е таа што нѐ очистува, просветлува и восовршува, во зависност од тоа на кој степен од духовниот развој се наоѓаме носејќи го својот крст.
Навистина убав евангелски пример за правилно носење на својот крст е разбојникот распнат заедно со Христос, на кого, во моментот кога ја исповеда својата грешност смирено и без хулење поднесувајќи ги страдањата – ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Он ништо лошо не направил – му се отвораат очите да Го види и препознае распнатиот Богочовек: и Му рече на Исуса: ‘Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!’ А Исус му рече: ‘Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!’ (Лука 23, 41–43). Очигледно е дека на разбојникот не само што му се отвораат очите да Го препознае Христос, односно не само што го добива дарот на просветлување, туку нему му се открива и тајната на целиот Домострој на спасението, тајната на Царството Небесно.
За разлика пак од разбојникот, кој како појдовна основа за примање на овој дар од Бога го има само сознанието за својата грешност и правилната исповед со благодарност, ние денес како критериум и темел на нашето христијанско постоење и дејствување ги имаме Христовите збор и дело, совршената љубов на Бог Отецот (Матеј 5, 44–48) и печатот на дарот на Светиот Дух. Го имаме единството на верата и соборната заедница на Светиот Дух и помеѓу себе и со нашите Отци кои со својот вечно жив пример постојано го осветлуваат нашиот живот и постоење во Црквата. Затоа не треба да дозволиме Царството Небесно внатре во нас да го откриеме при крајот на нашиот живот (ако воопшто и тогаш го откриеме) претрпувајќи со благодарност разни болести и страдања, туку уште во нашата младост принесувајќи Му го целиот наш живот на Богочовекот Христос, без остаток.
Уште два духовни закона треба да знаеме. Прво, и во тоа ја препознаваме Божјата љубов, што Бог ни допушта страдање само толку колку што е доволно за наше спасение, а не толку колку што сме заслужиле, соодветно со гревот што сме го направиле. Ако Бог ни судеше само согласно она како ние им судиме на другите луѓе, а да не зборуваме согласно нашите гревови, тогаш подобро да не се родевме! Господи, слава на Тебе! Божјата правда е љубов, а не враќање на зло за зло. Таква треба да биде правдата и на секој што сака да се нарече себеси христијанин. И второ, крстот на оној што е на првиот степен од духовниот развој се состои во подвигот на очистување на своето срце од страстите преку совршено послушание и преку окривувањето на самиот себе за кое било зло што се случува. Крстот на оној што е на вториот степен од духовниот развој се состои во повеќечасовниот молитвен подвиг на умот во срцето и во љубовта кон непријателите. Крстот на оној што е на третиот степен од духовниот развој, според светите Отци, се состои во плачот за целиот Адам...
Но не зборувам за Крст без Воскресение! И не зборувам за Крст кој истовремено во себе не ја носи и силата, и утехата и несоздадената светлина на Воскресението!
Беседата им ја посветуваме на Патријархот Павле и на Архиепископот Христодул
кои со смирение и благодарност го носат својот крст.
Господ нека им помогне да издржат до крај.
(од редакцијата на сајтот на МПЦ)
We are justly condemned… ( 25.01.2008 )
Today, on the feast day of the Holy Martyr Tatiana, Metropolitan Nahum of Strumica celebrated Divine Liturgy. At the Liturgy we prayed for the soul of God’s child Todor Proeski to rest in peace.
“The historical event, related in the Holy Gospel, of Christ’s crucifixion on the Cross between the two thieves, who were also crucified on two other crosses, is perhaps one of the most truthful images in which we can recognize the state of all people, in relation to God just as in relation to themselves.
The cross are all our sufferings—whether or not of our own volition—which we encounter on the narrow evangelical road of fulfillment of God’s commandments. The cross can remain only a great punishment for them who do not repent for their sins. It is not that God punishes us, it is rather us who punish ourselves, detaching ourselves from God and joining the devil through fulfillment of the devil’s will. The accomplishment of the demonic will is nothing but sin, absence of grace, falling from God, suffering and illness of body and soul, and eventually death, with no hope.
We can all see and recognize ourselves in one of the two thieves. We all are carrying our cross, only that some of us give thanks to God for their cross and carry it with patience and humility, aware of their sinfulness and imperfection, whereas others blaspheme God because of their cross. To them who give thanks to God, the cross helps to purify their heart from the passions, to illumine their mind and to become deified. To them who blaspheme God, the cross remains merely an unbearable burden and an incomprehensible and unendurable punishment. Certainly, you have in mind that I am telling you about the general line, not about the occasional oscillations. Also, self-knowledge in relation to God and gratitude for the cross that God has granted us are inseparable.
With patience and humility can carry his cross only he who gives thanks to God for his sufferings and has become aware in himself that he truly deserves them. The greater the suffering we experience and the more sincerely and from all our heart we give thanks to God for that, the more grace of God we attract to ourselves. God’s grace, for its part, is what gives us strength to endure the sufferings, what consoles us in sufferings and what even makes us forget about them. Or, in other words, God’s grace is what purifies, illumines and perfects us, depending on the stage of spiritual development at which we are carrying our cross.
Truly beautiful evangelical model of proper carrying of one’s cross is the thief crucified together with Christ, to whom, at the moment when he confesses his sinfulness humbly and without blaspheme enduring the sufferings—we are justly under condemnation, for we receive the due reward for our deeds; but this Man has done nothing wrong—his eyes open so he can see and recognize the crucified Godman: then he said to Jesus, “Lord, remember me when You come into Your kingdom.” And Jesus said to him, “Assuredly, I say to you, today you will be with Me in Paradise” (Luke 23, 41-43). It is obvious that the thief experiences not only opening of his eyes so he can recognize Christ, that is to say, not only that he receives the gift of illumination, but he also experiences revelation of the mystery of the whole Dispensation of salvation, the mystery of the Heavenly Kingdom.
In contrast to the thief, who as a starting position for receiving of this gift of God has only the awareness of his sinfulness and the proper confession with thankfulness, today we as a criterion and foundation of our Christian existence and activity have Christ’s word and deed, the perfect love of God the father (Matthew 5:44-48) and the seal of the gift of the Holy Spirit. We have the unity of faith and the concilliar union of the Holy Spirit both among us and with our Fathers, who with their everliving model continuously enlighten our life and existence in the Church. Therefore we must not let that happen: to discover the Heavenly Kingdom within us by the end of our life (if we discover it at all even then) enduring with gratitude various illnesses and sufferings; we should attain this already in our youth, offering our whole life to the Godman Christ, unreservedly.
We should know two more spiritual laws. Firstly, we recognize God’s love also in that he allows us to suffer only as much as it is necessary for our salvation, not as much as we have deserved, according to the sin committed. If God judged us only in conformity with how we judge other people, let alone in conformity with our sins, then we had better not be born! Glory to You, Lord! God’s justice is love, not paying back evil for evil. Such should be also the justice of everyone who wants to call oneself a Christian. And secondly, the cross of him who is at the first degree of spiritual development consists in the struggle of purification of his heart from passions through perfect obedience and through blaming himself for every evil that happens. The cross of him who is at the second degree of spiritual development consists in the many-hour practice of prayer of the mind in the heart and in the love toward the enemies. The cross of him who is at the third degree of spiritual development, according to the Holy Fathers, consists in the mourning for the whole Adam…
However, I am not talking about a Cross without Resurrection! And I am not talking about a Cross that simultaneously in itself does not bring also the power, the consolation and the uncreated light of the Resurrection!”
We dedicate this homily to Patriarch Paul and Archbishop Christodoulos,
who are carrying their cross with humility and gratitude.
May the Lord help them to endure to the end.
(the editorial staff of the MOC website)
Посети: {moshits}
Денес, на празникот на свети Наум Охридски Чудотворец, во манастирот на свети Максим Исповедник и Свети Григориј Палама во Стар Дојран, Митрополитот струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија.
Во толкувањето на денешното Евангелие, Владиката рече:
Па така и вие, кога исполните се што ви е заповедано, говорете: ние сме слуги непотребни, оти извршивме она што бевме должни да извршиме. (Лука 16, 10)
Очигледно е дека носечка тема на денешново евангелие е смирението на кое Господ Исус Христос сака да не научи. Следователно сега би требало да зборувам за умот и неговиот пад во гордост, расеаност и затемнетост. Потоа за апсолутното послушание како единствен начин на кој се спречува хранењето на страста на умот – гордоста и како единствен лек за исцеление на нашиот паднат ум. Но, бидејќи, од една страна, за ова многу пати до сега сум зборувал, а од друга страна, на еден друг момент од подвигот на смирение ме потсети денешното евангелие, сакам да го свртам вашето внимание на следново:
Прво што ми падна на ум откако го прочитав евангелието се оние моменти од нашиот духовен живот кога претрпуваме напад со кој демон или човек сака во нас да ја предизвика и разбуди страста на високото мислење за самите себе и да не наведе на пад, во осудување или во враќање на зло со зло. На пример, на сите ни се случуваат оние помисли после регистрираната информација во нашиот разум за претрпениот напад, во стилот: како можеше тоа да ми го направи?; како можеше тоа да го рече за мене?; кој знае сега што ми мисли и слично... Како да се одбраниме од овие помисли? Ќе се смириме и ќе се осудиме самите себе уште полошо од она што ни го прават, од она што го слушаме дека го зборуваат за нас и од она што претпоставуваме или што демонот ни шепка дека го мислат за нас: Да, таков сум и тоа заслужувам, и уште полошо од тоа што сега ми го прават!
После ваквото самоосудување треба да се молиме за нашите непријатели. Молитвата ја кажуваме сѐ до моментот додека не се врати мирот што претходно сме го имале и во себе и со непријателот. Најдобро би било да останеме во молитвата додека не ни потечат солзите на покајанието во кое ќе видиме дека единствено ние сме виновни за се... Секој што ја бара вината за било што и во било кој случај надвор од себе го напушта патот на нашите Отци, го напушта патот што води кон срцето, го напушта тесниот пат кон Царството Небесно и кон Царот Небесен... А друг пат, не ни постои!
Но, да се вратиме поконкретно на денешново евангелие. Мислам дека на сите ни е јасно: Господ сака да не сочува од гордоста, од високото мислење за самите себе дури и ако исполниме сѐ што ни е заповедано. Господ Христос ни го покажува патот на смирението. Сепак, Господовиот совет во него се однесува само на оние што евентуално би го исполниле сето она што им е заповедано. Како да се смириме ние што не го исполнуваме тоа што ни е заповедано? И ако непотребни слуги се оние што исполниле, какви ли сме ние што не сме исполниле? Знаеме што Господарот му одговори на слугата кој не го употреби добиениот од Него талант за да Му послужи соодветно: Лукави и мрзливи слуго! Ти знаеш дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам, каде што не сум веел; затоа требаше моето сребро да го дадеш на трговците, па јас кога дојдам, ќе си го приберам своето со добивка (Матеј 25, 26-27). Одговорот е: лукав и мрзелив слуга! Изгледа дека од ’лукав и мрзелив слуга’ има многу пат за да се стигне до ‘непотребен‘...
Прашање е, дали воопшто и можеме да го исполниме тоа што ни е заповедано дури и ако се потрудиме да го исполниме? Ова прашање посебно се однесува за сите оние кои се носители на некои од чиновите од степените на свештенството. Бидејќи сите ние што по Божјо допуштение, а не по Божја волја, го носиме свештеничкиот чин што го носиме, заради несоодветно внатрешно духовно покритие, и да сакаме нема да можеме да го исполниме она што Господ го очекува од нас. На пример, една сила има словото на просветлениот, друга на оној што морално и интелектуално се изградува, а сосема друга на оној што воопшто не работи на себе. Да не зборувам воопшто за чудотворното слово на обожениот. Господи, прости и биди милостив кон мене грешниот...
Посети:{moshits}
И Јас ви велам: ‘створете си пријатели со неправедно (со туѓо) богатство, та кога осиромашите да ве примат во вечните живеалишта’. (Лука 16, 8-9)
Се што имаме е дар од Бог. Ова не се однесува само на благодатта на свештенството, ниту само на благодатта што секој православен христијанин ја добива во Црквата туку се однесува и на благодатните дарови на постоењето, на животот и на словесноста што секој човек ги има. Со сите овие дарови, за кои ништо не сме придонеле да ги имаме, треба да се ставиме во служба на времено и вечно спасение на нашиот ближен.
Затоа и прашањата на коишто ќе треба да одговориме на Страшниот суд не се однесуваат толку за верата и Црквата на која припаѓаме колку на конкретните лични дела: дали кога Господ Христос беше гладен Му дадовме да јаде; дали кога Господ беше жеден Му дадовме да пие; дали кога Господ беше странец Го примивме; дали кога Господ беше необлечен Го облековме; дали кога Господ беше болен Го посетивме; дали кога Господ беше во затвор дојдовме при Него... Ако случајно некој праша, кога сето тоа Господи? Одговорот барем на нас христијаните ни е многу јасен: вистина ви велам, доколку сте го направиле тоа на еден од тие Мои најмали браќа, на Мене сте Ми го направиле (Мат. 25, 40).
Ете, тоа е начинот на кој се створаат пријатели со туѓо богатство та кога ќе умреме да бидеме примени во вечните живеалишта. Но, ваквиот материјален и конкретен начин важи само за синовите од овој свет, односно важи за сите оние што не го ослободиле доволно своето срце од страстите и што го немаат дарот на молитвата во срцето, односно што се наоѓаат на првиот степен од духовниот разој. За оние што се на вториот степен од духовниот развој, на степенот од просветленост на умот, важи друго правило. Таквите, секое добро за своите ближни го измолуваат од Господ и го добиваат, во своето срце. Во нивните срца Синот Човечки има каде глава да подслони (Лука 9, 58).
Толкувањето на претходното зачало од истата глава на Евангелието нека биде само како вовед во толкувањето на денешното...
Верниот, во малку и во многу е верен, а несправедливиот, и во малку и во многу е несправедлив... (Лука 16, 10)
За ова, овој пат би рекол вака: борецот, и во малку и во многу е борец, а млакиот, и во малку и во многу е млак; храбриот и одлучниот, и во малку и во многу е храбар и одлучен, а плашливиот и колебливиот, и во малку и во многу е плашлив и колеблив; богољубивиот и послушниот, и во малку и во многу е богољубив и послушен, а самољубивиот и непослушниот, и во малку и во многу е самољубив и непослушен; постојаниот, и во малку и во многу е постојан, а непостојаниот, и во малку и во многу е непостојан. Зборувам за генералната насока на движење, а не за осцилациите. Зборувам за внатрешниот став во срцето, а не за надворешните манифестации. Ви зборувам за војната во која веќе сме победници, а не за загубените битки.
Па така, ако во неправедното богатство (дар со кој се проверува нашата верност) не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? (Лука 16, 11)
Ако првата светлина на очистената енергија на умот што Бог ни ја дарува за согледување на сопствените гревови и на сопствената валканост ние ја користиме за согледување на туѓите гревови и за судење и осудување на ближните, тогаш сами си го затвораме патот за вистинската светлина што Бог ни ја дарува да ја видиме со преобразените телесни очи, откако ќе ја очистиме и суштината на умот во срцето.
Ако дарот на умносрдечната молитва не го преточиме во повеќечасовен молитвен дневен подвиг, Кој ќе ни ја довери вистинската, односно непрестајната умносрдечна молитва?
Ако со својата просветленост не го активираме и не опстоиме во подвигот на аскетската љубов кон непријателите, Кој ќе ни ја довери вистинската, односно благодатната љубов кон непријателите? Дар, без кој се доведува во прашање каква било друга меѓучовечка „љубов“.
И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? (Лука 16, 12)
И ако не го искористите времето што ви е дадено за духовно растење во моментите кога благодатта се крие од вас, односно ако не постапувате во време кога благодатта е сокриена од вас исто како и кога е присутна, Кој ќе ви ја даде вашата, односно онаа што постојано и нескриено би пребивала со вас?
Ниеден слуга не може да служи двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамона. (Лука 16, 13)
Ако овој заклучок важи дури и во рамките на служењето на еден ист Господар: оној кој не е во брак се грижи за она што е Господово; како да Му угоди на Господа, а женетиот се грижи за земното: како да ѝ угоди на жената (1 Кор. 7, 32), тогаш колку ли повеќе важи истиот кога некои веќе се одлучиле дека ќе Му служат на Бог или дека ќе му служат на ѓаволот? Со таа разлика што, додека ние Му служиме на Бог, демонот постојано насилно се наметнува и сѐ прави да станеме негови слуги, а на оние што на демонот му служат, Бог постојано и ненаметливо ги води со Својата промисла кон спасение и смирено го чека одговорот на Својата долготрпелива и бескрајна љубов.
Сето тоа го слушаа фарисеите кои беа среброљупци, и Му се потсмеваа. (Лука 16, 14)
Среброљубието во суштина е телољубие, земјољубие и на крај - црвољубие. Како што вели свети Јован Лествичник: Затоа што се што е создадено ненаситно тежнее кон сродното на себе: крвта кон крв, црвот кон црв, земјата кон земја. Зошто тогаш и телото не би копнеело по тело? Оваа состојба бара Господ да ја надминеме кога вели: роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е (Јован 3, 6); и вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство (Јован 3, 3). Затоа, повторно според Лествичник: сепак, ние што ја совладуваме природата и копнееме по Небесното Царство се обидуваме (во текот на подвигот на духовното растење) да го измамиме тој измамник (телото, но и демонот) со разни лукавства. Пресвета Богородице, спаси нe!
Митрополит Струмички г. Наум
(според записот на сестрите)
Посети:{moshits}
Божествена Литургија, Стар Дојран (09.12.2007)
Денес, во манастирот на свети Максим Исповедник и свети Григориј Палама во Стар Дојран, Божествена Литургија отслужи Митрополитот струмички г. Наум. Во толкувањето на денешното Евангелие, Владиката рече: