логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 17

За духовното помазание и славата на христијаните и за тоа дека без Христа човек не може да се спаси или да стане заедничар на вечниот живот

1. Совршените христијани, кои се удостоиле да дојдат до мерката на совршенството и да Му се доближат на Царот, секогаш се посветуваат себеси како дар на Христовиот крст. Како што во времето на пророците најдостојно за почит било помазанието, зашто помазувани биле царевите и пророците, така и сега духовните луѓе, помазани со небесното помазание, стануваат христијани по благодат, за да бидат цареви и пророци на небесните тајни. Тие се и синови, и господари, и богови, ставани во окови, заробувани, лишувани од секаков статус, распнувани, посветувани како дар. Ако помазувањето со маслото добиено од земно растение, од видливо дрво (маслиново дрво), имало толкава сила, што помазаните несомнено добивале звање - зашто сите признавале дека се поставени за цареви, и помазаниот Давид во истиот час морал да бега и да страда, а по седум години станал цар - тогаш колку повеќе тие кај кои умот и внатрешниот човек се помазани со осветувачкиот и радостворниот, небесен и духовен елеј на радоста добиваат печат на она нетлено царство и вечна сила, залог на Духот, Го добиваат самиот Дух Свет и Утешител (разбери дека Утешителот и утешува и со радост ги исполнува измачуваните).
2. Овие, помазани со маслото од небесниот насад, дрвото на животот - Исуса Христа, се удостојуваат да влезат во мерката на совршенството, т.е. царството и посвојувањето (посиновувањето), зашто иако се уште се наоѓаат во овој свет, тие веќе ги знаат тајните на Небесниот цар, имаат слобода пред Седржителот, можат да влезат во Неговите интимни одаи, каде што се ангелите и духовите на светите. Иако се уште не го добиле целото наследство, што им е подготвено во оној век, тие сепак си се осигурале преку залогот што го добиле уште сега, како веќе да се венчани и како уште сега да владеат и, имајќи го изобилството и смелоста на Духот, воопшто не им е чудно тоа дека ќе царуваат заедно со Христа. А зошто? - Затоа што во себе веќе го имале она чувство на сладост и она дејство на силата, иако се уште во плот (тело).
3.  Кога пријателот на царот, кој е постојано во царевите одаи, ги знае неговите тајни, ја гледа неговата порфира, и самиот ќе стане цар и ќе носи венец (круна), не се збунува и не го фаќа страв, зашто долго време се занимавал со тајните на царските одаи. Од друга страна, ниеден овчар или човек од понизок сталеж, незапознаен со тајните на царувањето, не може да стане цар, освен искусен и образован човек. Така и христијаните не се чудат на тоа дека ќе царуваат во идниот век, зашто претходно веќе ги дознале тајните на благодатта. Кога човекот ја престапил заповедта, ѓаволот со темна завеса ја покрил целата негова душа. Најпосле, доаѓа благодатта и ја слекува целата покривка, па душата, која со тоа станала чиста и си ја повратила својата природа, таа беспрекорна и чиста творба, сега веќе постојано чисто и со чисти очи ја согледува (созерцува) славата на вистинската светлина и вистинското сонце на правдата, коешто заблескало во самото срце.
4.  Како што кога ќе дојде крајот на светот, кога ќе ја снема оваа основа, праведниците ќе живеат во царството, во светлината и во славата, и нема да гледаат ништо друго, освен Христа, како постојано престојува во слава од десната страна на Отецот, така и овие, уште сега издигнати и заробени во оној век, ги согледуваат (созерцуваат) сите тамошни убавини и чуда. Зашто ние, уште додека сме на земјата, имаме живеалиште на небесата, како жители и граѓани на еден свет според умот и според внатрешниот човек. Како што видливото око, бидејќи е чисто, постојано чисто (јасно) го гледа сонцето, така и умот, целосно исчистен, постојано ја гледа славата на светлината - Христа, и дење и ноќе е со Господа, слично како што Господовото тело, соединето со Божеството, постојано е со Светиот Дух. Но оваа мерка луѓето не ја достигнуваат одеднаш, и не без напори, маки и голем подвиг. Зашто има и такви во коишто, иако ја имаат благодатта што дејствува и почива внатре во нив, престојува и порокот; така што во едно срце дејствуваат животи од два различни рода - животот на светлината и животот на темнината.
5.  Но ќе речеш: Што имаат заедничко светлината и темнината? - Дали некаде се помрачува или нарушува божествената светлина, се осквернува ли некаде нескверното и чистото? Напишано е: „И светлината во темнината свети, и темнината не ја обзеде" (Јован 1, 5). Работите не треба да се разбираат еднолично и еднострано. Некои луѓе до таа мерка почиваат во Божјата благодат, така што се посилни од порокот кој е во нив и, имајќи молитва и големо спокојство пред Бога, во еден миг потпаѓаат под дејството на лукавите помисли, и гревот ги ограбува, иако се уште престојуваат во Божјата благодат. Лесномислените и неискусни луѓе, кога до некаде во нив дејствува благодатта, мислат дека во нив веќе нема грев. А оние кои умеат да расудат и благоразумните не се осмелуваат да негираат дека можат да подлегнат на дејството на срамните и нечисти помисли, иако во себе ја имаат Божјата благодат.
6.  Не е редок случајот кај браќата да наидеме на следново. Стекнале некои голема радост и благодат и во текот на пет-шест години си велеле за себе: Ослабна во нас похотата. И кога веќе почнале да мислат за себе дека сосема се ослободиле од телесната страст, порокот, дотогаш притаен во нив, се активирал, а тие, пак, биле зачудени од тоа и си зборувале: Од каде сега се појави во нас овој порок по толку долго време! Затоа, ниеден човек кој здраво расудува нема да се осмели да рече: Штом благодатта е во мене, потполно сум ослободен од гревот. Неискусните во делата, штом макар и малку ќе подејствува на нив благодатта, мислат дека веќе победиле и станале совршени христијани. А според мене, работата стои вака: кога сонцето свети на небото кога е воздухот чист, и да се случи да наидат облаци, да го скријат и да го згуснат воздухот, на сонцето, бидејќи е зад облаците, тоа ништо не му штети ниту во поглед на светлината, ниту во поглед на неговата природа. Така е и со тие што не стигнале до совршена чистота. Престојувајќи во Божјата благодат, а истовремено во длабочината на душата се уште обземени од гревот, тие во себе имаат и природни движења, и мисли што ги зацврстуваат во тежнеењето кон Бога, иако не се целосно утврдени во доброто.
7.  Спротивно на тоа, и тие што во длабочината на душата се држат до добрата страна, т.е. кај кои преовладува благодатта, се уште се робови и заробеници на лукавите помисли, и се наоѓаат на страната на порокот. Според тоа, потребна е голема способност за расудување, па, како искусни луѓе, да знаеме што се случува во нас. Ти велам дека и апостолите, кои во себе Го имале Утешителот, не биле сосема безгрижни. Освен радост и веселба, во нив имало и страв и трепет по дејство на самата благодат, а не од страна на порокот: самата благодат ги опоменувала да не паднат и во најмалечките работи. Слично како што оној што ќе фрли камче врз некоја карпа, ништо нема да и направи, ниту ќе ја помрдне од местото, или како што оној што ќе фрли стрела на војник во оклоп, ништо нема да му направи ниту на железото, ниту на телото, зашто оклопот ја одбива стрелата, така и ако се приближел дел од некој порок до апостолите, воопшто не им наштетувал, зашто тие биле облечени во совршената Христова сила, а и тие самите, како совршени, имале слобода да прават праведни дела.
8.  Иако некои тврдат дека душата, кога ја има благодатта, не треба за ништо веќе да се грижи, сепак Бог и од совршените бара душевна волја за служење на Духот, за да дејствуваат во согласност со благодатта. Зашто апостолот вели: „Не гаснете го Духот" (1. Сол. 5, 19). Некои не сакаат да им бидат на товар на другите, други самите се служат, а други собираат од светските луѓе и им даваат на сиромашните. И тоа е најдобро. Едни, имајќи ја благодатта, се грижат само за себе, а други се трудат да направат нешто во полза на душите на другите. Вториве прават многу подобро од првите. Некои, пак, имајќи ја благодатта, заради Божјото име ги предаваат телата на маки и страдања. И овие, повторно, се поголеми од претходните. Некои, вежбајќи се во добродетелите, сакаат луѓето да ги фалат и почитуваат и си зборуваат во себе: Ние сме христијани и заедничари на Духот Свет, а други се трудат да одбегнат да се сретнат со луѓе. Последниве се многу понапред од првите. Гледаш ли како и во совршенството ревноста кон Бога, што зависи од природната волја, може да биде повисока и поголема?
9. Исто како што човек, облечен во сиромашки алишта, ако сонува дека е богат, кога ќе се разбуди повторно се гледа сиромашен и гол, и тие што расудуваат за духовните нешта, очигледно, зборуваат како што треба. Но бидејќи тоа за што зборуваат не е потврдено во умот со искуство, сила и сведоштво, тие остануваат на некаква мечта. Или, како што ако некоја жена, облечена во свила и бисери, отиде во јавна куќа, така и кај сличните луѓе нивното срце е сврталиште на нечисти духови, тие сакаат да зборуваат за праведноста, а да не погледнуваат на делата.
10. Како што е невозможно рибата да живее без вода, или човекот да оди без нозе, или да се види светлината без очи, или да се зборува без јазик, или да се слуша без уши: така без Господа Исуса и без дејството (енергијата) на Божјата сила невозможно е да се познаат тајните и премудроста Божја, или човек да стане богат и христијанин. Зашто вистински мудреци, воини, мажи доблесни и Божји фолософи (љубомудреци) се тие кои се раководат и управуваат со Божјата сила според внатрешниот човек. Хеленските философи се учат да владеат со зборот. Но постојат и други философи, незналици во говорот, а се радуваат и веселат во Божјата благодат, а тоа се - побожните луѓе. Да видиме, пак, сега, кои се од нив подобри? Речено е: „Царството Божјо не е во зборови, туку во сила" и во дела (1. Кор. 4, 20).
11. Не е тешко некому да му објасните дека лебот е направен од пченица. Но потребно е подробно да се објасни како лебот се подготвува и се пече. Само малку луѓе можат да размислуваат за бестрастието и совршенстврто. Евангелието се изразило накратко: Не гневи се, не посакувај. „Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот А оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и горната облека" (Мат. 3, 59). Апостолот, пак, продолжувајќи понатаму, како треба со трпение и великодушност постепено да се извршува делото на исчистувањето, поучува опширно, отпрвин хранејќи не со млеко како бебиња, а потоа водејќи не кон растењето и совршенството. Евангелието рекло дека облеката се прави од волна; апостолот ги објаснил подробностите на приготвувањето.
12.  Оној што зборува за духовното, а самиот не го вкусил тоа, личи на човек кој, за време на дневната жега, оди по некое пусто поле и почнува да чувствува жед, па си замислува извор од кој тече вода и како пие од водата, а, всушност, устата и јазикот му се исушиле од жед, или на човек кој зборува дека медот е сладок, ама никогаш не пробал мед и не ја знае силата на слаткоста. Така, ако за совршенството, за радоста, за бестрасноста зборуваат луѓе коишто во себе не го сетиле нивното дејство и не се увериле во нив, тогаш реално не е се така како што зборуваат. Зашто ако таквиот човек со време се удостои, макар делумно, да се приближи на тоа, тогаш тој самиот ќе си рече: Не излезе така како што си претпоставував. Јас размислував поинаку, а поинаку дејствува Духот.
13.  Христијанството е храна и пиење. И колку повеќе човек го јаде и пие, толку повеќе неговата слаткост го возбудува умот на човекот, кој станува незадржлив и ненаситен, па се повеќе бара и се повеќе вкусува. Или како што ако на жеден човек му биде дадено некое слатко пиење, откако ќе го проба, во него жедта станува уште поголема и сака уште повеќе да пие, така и вкусувањето од Духот произведува речиси незгаслива жед, којашто со право се споредува со жедта на еден таков човек. И тоа не се само зборови, туку дејство на Светиот Дух, Кој на таинствен начин му помага на умот. Некои мислат дека, бидејќи се воздржуваат од општење со жена и од се видливо, веќе се свети. Но во реалноста не е така, бидејќи порокот престојува во умот, живее и се подига во срцето. Свет е оној кој се исчистил и осветил според внатрешниот човек. Таму каде што проникнува вистината, со неа се бори заблудата, трудејќи се да ја затемни и помати.
14. Кога Јудејците го имале свештенството, тогаш некои од овој народ биле гонети и измачувани, затоа што стоеле зад вистината. Такви се, на пример, Елеазар и Макавеите. Сега, пак - кога од времето на крстот и раскинувањето на завесата Духот отстапил од Јудејците, а вистината се откри и дејствува уште овде - повторно некои од овој народ се гонети. Тогаш од овој народ некои биле гонети и измачувани за љубителите на вистината да станат маченици. Зашто како ќе се открие вистината ако нема противници, луѓе лажливи, кои застануваат против вистината? Но и меѓу браќата има такви кои на себе поднесуваат страдања и маки. И потребно им е големо внимание за да не паднат. Некој од браќата, молејќи се заедно со другите, бил пленет од божествената сила и издигнат, и го видел горниот град Ерусалим и светлоносните слики и безграничната светлина, и чул глас кој зборувал: тоа е местото каде што се упокојуваат праведниците. Наскоро потоа, се надул и помислил дека тоа видение го добил за себе, па паднал во најголемата бездна и длабочина на гревот и во илјадници зла.
15. Значи, ако паднал еден човек кој живеел внатрешно и бил голем, може ли кој било да рече: Постам, туѓинувам, го раздавам својот имот, значи веќе сум свет?. Зашто воздржувањето од лошото се уште не е самото совршенство, освен ако си влегол веќе во понижениот ум и си ја убил змијата, којашто се притајува под самиот ум, во длабочините на помислите, се гнезди и те умртвува во таканаречените тајни одаи и амбари на душата - затоа што срцето е бездна, значи, освен ако си ја умртвил и исфрлил од себе секоја нечистотија што живеела во тебе. Сите кои философираат (љубомудруваат), и Законот, и апостолите, и Христовото доаѓање, го имаат како цел исчистувањето. Секој човек, и Јудеецот и Хеленот, ја сака чистотата, но не може да се направи чист. Затоа потребно е да се открие како и со какви средства може да се достигне чистотата на срцето. А ова не е можно поинаку, освен со помош на Распнатиот за нас. Тој е патот, животот, вистината, вратата, бисерот, живиот и небесен леб. Без таа Вистина никој не може да ја познае вистината и да се спаси. Според тоа, како што, размислувајќи за надворешниот човек и за видливите нешта си се одрекол од се и си го раздал својот имот, така ако имаш знаење и сила на зборот (говорот) и во световната мудрост, треба се да отфрлиш од себе, сето тоа да го сметаш за ништо. Само тогаш ќе бидеш во состојба да се изградуваш себеси врз бујноста (силата) на проповедта, којашто е вистинска мудрост, што се состои не од убавината на зборовите, туку од силата којашто дејствува преку светиот крст. Слава на едносушната Троица во вековите! Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная