логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 28

Во оваа беседа се опишува и оплакува бедноста на душата, односно дека, поради гревот, во неа не престојува Господ; исто така се зборува за Јован Крстител, дека никој од родените од жена не е поголем од него.

Beseda28.jpg1. Исто како што Бог, кога еднаш се разгневи на Јудејците, го предаде Ерусалим на неговите непријатели за да го понижат, па оние кои ги мразеа станаа нивни господари и таму немаше веќе ниту празник, ниту принос, така Тој, откако се разгневи и на душата поради престапувањето на заповедта, ја предаде на непријателите, на демоните и страстите и тие, откако ја намамија, потполно ја понижија и во неа престана секој празник, престана темјанот и приносите што душата Му ги дава на Бога, затоа што патиштата кон она што е важно во неа се наполнија со диви ѕверови и во неа си направија гнезда влекачите - лукавите духови. И како што една куќа, ако господарот не живее во неа, пропаѓа во темнина, не остава веќе впечаток и станува грда и полна е со нечистотија и распаѓање, така и душата, ако нејзиниот Владика не ликува во неа заедно со ангелите, се исполнува со гревовната темнина, со срамни страсти и со секоја неславност.

2. Тешко на патот, ако никој не оди по него и ако на него не се слуша човечки глас, затоа што станал прибежиште на ѕверови. Тешко на душата кога во неа не оди Господ и со Својот глас не ги истерува од неа лукавите духовни ѕверови. Тешко на домот кога во него не живее господарот. Тешко на земјата кога нема земјоделец кој би ја обработувал. Тешко на бродот кога во него нема кормилар (капетан), затоа што пропаѓа, носен од брановите и од морската бура. Тешко на душата кога таа во себе го нема вистинскиот кормилар - Христа, затоа што, наоѓајќи се среде горкото море на темнината, носена ваму-таму на брановите што ги прави бурата на страстите, вознемирувана од лукавите духови, најпосле пропаѓа. Тешко на душата кога во себе не Го има Оној што внимателно ја обработува, т.е. Христа, за да може да роди добри духовни плодови, затоа што, откако ќе запусти и ќе се наполни со трње и троскот, нејзиниот род најпосле станува храна за огнот. Тешко на душата кога во неа не престојува нејзиниот Владика - Христос, затоа што, откако опустела и се исполнила со смрдеата на страстите, станува засолниште на порокот.

3. Како   што   земјоделецот,   кога   тргнува   да  ја обработува земјата треба да си земе орудија и облека соодветни за работата, така и Христос, Царот небесен и вистинскиот работник, кога дошол кај човештвото запустено од пороците, откако се облекол во тело и наместо орудие го земал крстот, ја заорал запустената душа, го откопал од неа трњето и троскотот на лукавите духови и го искорнал плевелот на гревот и сето билје на гревовите нејзини го изгорел во оган. Па така, откако ја заорал со дрвото на крстот, во неа насадил најубава духовна градина, која на Бога, како на Владика, Му раѓа слатки и посакувани плодови од секаков род.

4. И како што во Египет во текот на тридневната темнина син не можел да види татко, брат брат, пријател својот пријател, затоа што ги покривала темнина, така и откако Адам ја престапил заповедта, отпаднал од поранешната слава, му се потчинил на духот на светот и покривката на темнината слегла на неговата душа, од него па се до последниот Адам - Господ, човекот не го гледал вистинскиот небесен Отец, благосрдната и добра мајка - благодатта на Духот, најслаткиот и најсакан брат - Господ, другарите и искрените пријатели - светите ангели, со кои некогаш се радувал и празнувал. И не само до последниот Адам, туку дури и сега за оној за кого не заблескало сонцето на правдата - Христос, кому не му се отвориле духовните очи, просветени од вистинската светлина, сите тие се покриени со истата таа темнина на гревот, го имаат во себе истото тоа дејство на сластољубието, подлежат на истата таа казна и немаат очи со кои би можеле да Го видат Отецот.

5. Зашто секој треба да знае дека постојат очи повнатрешни од овие очи и постои слух повнатрешен од овој слух. И како што овие очи сетилно го гледаат и распознаваат лицето на пријателот или на љубениот, исто така и очите на душата достојна и верна, просветена од божествената светлина, духовно Го гледаат и распознаваат вистинскиот пријател, најслаткиот и многу посакуваниот младоженец - Господ, веднаш штом душата ќе биде озарена со достојниот за поклонување Дух. И на тој начин душата, мислено спознавајќи ја посакуваната и единствената неискажлива убавина, ќе биде ранета од божествената љубов, се настројува кон сите духовни добродетели и, како последица од ова, ја стекнува безграничната и неисцрпна љубов кон за неа посакуваниот Господ. Според ова, што е поблажено од оние вечни зборови, преку кои Јован ни Го претставува пред нашите очи Господа и вели: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот" (Јован 1, 29)?

6. Навистина, од родените од жена никој не е поголем од Јован Крстител, затоа што тој е - полнотата на сите пророци. Сите пророкувале за Господа оддалеку покажувајќи го Неговото доаѓање. Но Јован, пророкувајќи за Спасителот, го покажал пред очите на сите, извикувајќи и велејќи: „Еве Го Јагнето Божјо"! Колку е сладок и прекрасен гласот на оној кој директно покажува на Оној за Кого проповеда! Никој од родените од жена не е поголем од Јован Крстител, „но најмалиот во царството небесно е поголем од него" (Мат. 11,11). А тоа се одозгора родените од Бога апостоли, коишто го примија почетокот на Духот Утешител, зашто тие се удостоија да судат заедно со Христа, да седат на престоли заедно со Христа, тие станаа избавители на луѓето. А ќе откриеш и тоа дека тие, исто така, го разделуваат морето на лукавите сили и ги предводат верните души. Ке откриеш дека тие се работници кои го обработуваат душевното лозје. Ќе откриеш дека тие се пријатели на Младоженецот, кои ги свршуваат душите со Христа, зашто речено е: „Ве обручив за маж" (2. Кор. 11, 2). Ќе откриеш дека тие им даваат живот на луѓето. Со еден збор, ќе откриеш дека тие во многу нешта и на разни начини Му служат на Духот. Токму тој „најмал, поголем" е од Јован Крстител.

7. Како што земјоделецот, кој има ѕевгар волови, ја обработува земјата, и Господ Исус, овој совршен и вистински работник, откако ги собра апостолите, ги испрати по двајца (Лука 10, 1), и Самиот заедно со нив обработувајќи ја земјата на оние кои слушаат и вистински веруваат. Впрочем, и следново е достојно да се забележи: царството Божјо и апостолската проповед - не е само во зборот што се слуша, затоа што заради ова би било доволно само да се умее да се зборува и да се предава на друтите, туку напротив, царството е - во силата и дејственоста (енергијата) на Духот. Ова го искусија на себе Израилците. Постојано поучувајќи се во Писмото и без сомнение занимавајќи се со мислата за Господа, тие не ја прифатиле самата Вистина и своето наследство им го предале на други. Така и тие коишто на други им ги соопштуваат зборовите на Духот, а самите не ја поседуваат силата на зборот (словото), им го предаваат наследството на другите. Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух во вековите! Амин.

 

Издавач: ЃаконијА

 

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

 

Посети: {moshits} 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная