логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 30

Душата, за да влезе во царството Божјо, треба да се роди од Светиот Дух, и како се случува тоа.

1. Слушателите на словото треба во своите души да покажат дело на словото, зашто словото Божјо не е празно слово, туку има дело кое се извршува во душата. Заради тоа и се нарекува дело, за да се пројавува како дело и во слушателите. Значи, Господ да го пројави делото на вистината во слушателите, па словото во вас да стане плодоносно. Како што сенката го претставува телото, но служи само како показател на телото, а самата реалност е телото, и словото е нешто како сенка на вистината - Христос и ја претставува вистината. Татковците на земјата раѓаат чеда од својата природа, од своето тело и од својата душа, и родените, како свои деца, грижливо и внимателно ги воспитуваат, се додека не станат зрели луѓе (совршени мажи), преемници и наследници. Затоа што татковците, пред се, имаат цел и се грижат да родат деца и да имаат наследници, и ако не им се родат, тие тогаш би биле многу нажалени и натажени, а и обратно, откако ќе им се родат, се радуваат на тоа, а радоста се пренесува и на роднините и соседите.
2. Така и нашиот Господ Исус Христос, откако ја прими на Себе грижата за спасението на човекот, ја изврши целата градба и од самиот почеток вложуваше грижи преку отците, патријарсите, преку законот и пророците. А најпосле дојде и Самиот и, пренебрегнувајќи го срамот на крстот, претрпе крст. И сиот труд, сета Негова грижа, беа насочени кон тоа од Себе, од Својата природа да роди чеда преку Духот, бидејќи беше благоволил тие да се раѓаат од висините од Неговото Божество. И како што земните татковци жалат ако не им се родат деца, така и Господ, откако го возљуби човечкиот род како Свој сопствен образ, посака да ги роди од Своето божествено семе. И ако некои не сакаат да примат такво раѓање и да бидат родени од Духот Божји, тоа е голема жалост за Христа, Кој страдаше и трпеше за нив за да ги спаси.
3. Господ сака сите луѓе да се удостојат за ова раѓање, затоа што за сите умрел и сите ги повикал кон живот. А животот е раѓање од Бога одозгора. Зашто без ова раѓање душата не може да живее, како што вели Господ: „Ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо" (Јован 3, 3). А затоа сите кои поверувале во Господа, пристапиле и се удостоиле за ова раѓање, им причинуваат радост и голема веселба на небесата на родителите коишто ги родиле. Сите ангели и свети сили се радуваат за душата родена од Духот, и којашто станала дух. Зашто ова тело е подобие на душата, а душата - образ на Духот. И како што телото без душата е мртво и не може ништо да прави, така и душата без небесната душа, без Духот Божји, е мртва за царството и не може да го прави она што е Божјо.
4. Како што сликарот внимателно го разгледува лицето на царот и го црта неговиот лик, и кога лицето на царот е свртено право спроти сликарот, тој може лесно и добро да го слика неговиот лик, а кога царот ќе го сврти лицето, тогаш сликарот не може да слика, затоа што лицето не е насочено кон сликарот: така и најдобриот сликар - Христос, во душите коишто веруваат во Него и непрестајно гледаат кон Него брзо, според Својот лик, го слика небесниот човек и од Духот Свој, од ипостаста на неискажливата Своја светлина, го исцртува небесниот лик и на душата и го дава прекрасниот и добар нејзин Младоженец. А ако некој не гледа непрестајно кон Него и не презрел се друго, тогаш Господ во него не го црта Својот лик со Својата светлина. Значи, ние треба цогледот да го насочиме кон Него, во Него да поверуваме, Него да го возљубиме, се да отфрлиме и единствено Него да Го слушаме, па Тој, откако ќе го наслика Својот небесен лик, да ни го испрати во нашите души, и така, носејќи Го во себе Христа, ние да го добиеме вечниот живот и, откако ќе се увериме во тоа уште овде, да се успокоиме.
5. Како што ако на златната монета не и се отпечати ликот на царот, таа не се пушта во оптек во трговијата, не се става во царската ризница, туку сите ја отфрлаат, така и душата, ако го нема ликот на небесниот Дух во неискажливата светлина, т.е. ако Христос не ја отпечати оваа светлина во неа, тогаш таа е бескорисна за небесните ризници и трговците на царството - добрите апостоли, ја отфрлаат. И оној кој бил повикан, но на себе немал свадбена облека, бил отфрлен како туѓинец во туѓата темнина, затоа што во себе го немал небесниот лик. Тоа е белегот и знакот на отпечатениот во душите Господ, тоа е - Духот на неискажливата светлина. И како што мртвиот за ништо не е потребен и не може во ништо да им се најде на живите, па затоа го изнесуваат надвор и го закопуваат надвор од градот, така и душата којашто во себе го нема небесниот лик на божествената светлина, т.е. животот на душата, станува безвредна и целосно презрена; затоа што мртвата душа, којашто во себе го нема светлозрачниот и божествен Дух, не му е потребна на градот на светите. Како што во овој свет душата е живот на телото, така и во вечниот и небесен свет животот на душата е Божјиот Дух
6.  Значи, оној што се труди да поверува и да Му пријде на Господа треба да се моли уште овде да Го прими Божјиот Дух, затоа што Тој е животот на душата, и затоа што Господ затоа дошол, за уште овде да и го даде животот на душата - Својот Дух. Зашто речено е: „Додека ја имате Светлината, верувајте во Светлината" (Јован 12, 36); „оти настапува ноќ, кога не ќе може никој да работи" (Јован 9, 4). Значи, ако некој овде не го барал и не го примил животот на душата, т.е. божествената светлина на Духот, кога излегува од телото го отстрануваат на левата страна на темнината, не влегува во небесното царство и неговиот крај е во геената заедно со ѓаволот и неговите ангели. Или како што златото или среброто, ставено во оган, станува почисто и поквалитетно, и ништо не може да му го повреди квалитетот, ниту дрвото, ниту тревата, затоа што и самото станува како оган и гори се што ќе му се доближи, така и душата којашто се наоѓа во духовниот оган и во божествената светлина нема да претрпи никакво зло од ниеден лукав дух; а ако нешто иисе приближи, тоа е апсорбирано од небесниот оган на Духот. Или, како што птицата кога лета во височините нема никакви грижи, не се плаши ниту од ловците, ниту од вештите ѕверови и, едрејќи во височините, се потсмева на се, така и душата која ги добила крилата на Духот и заедрила во небесните височини, повисоко од се, се потсмева на се.
7.  Плотскиот Израил, кога Мојсеј го разделил морето, поминал по неговото дно: а христијаните, откако станаа Божји чеда, одат врз горкото море на лукавите сили, затоа што и нивното тело и нивната душа станаа дом Божји. Во оној ден кога паднал Адам, дошол Бог и, одејќи низ рајот и гледајќи го Адама, се нажалил, така да се каже, и рекол: При такви богатства, какво зло избра ти! По таква слава, каков срам носиш на себе! Зошто си сега толку помрачен, толку безличен, толку непостојан? По таква светлина, каква темнина те покри! Кога Адам паднал и умрел за Бога, Творецот се сожалил на него. Ангелите, сите сили, небесата, земјата, сите твари ги оплакувале смртта и падот негов. Зашто тварите виделе дека оној што им бил даден како цар, станал роб на противничката и лукава сила. Ја облекол својата душа во темнина горка и лукава, затоа што над него се зацарил кнезот на темнината. Токму тој бил оној човек ранет од разбојниците и оставен полумртов, кога патувал од Ерусалим за Ерихон (Лука 10, 30).
8. И Лазар, кога Господ го воскреснал, оној Лазар кој многу смрдел, така што никој не можел да се приближи до неговиот гроб, бил образ на Адам, кој во својата душа примил голема смрдеа и се исполнил со црнила и темнина. Но ти, кога слушаш за Адама, за ранетиот од разбојниците и за Лазара, не дозволувај твојот ум да лута ваму-таму, туку затвори се во својата душа, затоа што и ти ги носиш истите рани, истата смрдеа, истата темнина. Сите ние сме синови на тој помрачен род, сите имаме удел во истата смрдеа. Од немоќта од која пострадал Адам сме пострадале и сите ние, кои потекнуваме од Адамовото семе. Зашто истата немоќ, како што вели Исаија, не стигна и нас: „сињаци, гнојни рани, неисчистени, непреврзани и неомекнати со елеј" (Иса. 1, 6). Со таква неизлечива рана сме ранети и само Господ може да ја излечи. Токму затоа и дошол Тој самиот, зашто никој од старозаветните, ни самиот Закон ни пророците не можеле да ја излечат оваа рана. Само Тој, кога дошол, ја излечил неизлечивата душевна рана.
9. И така, да Го примиме Бога и Господа, вистинскиот Лекар, Кој дошол и многу се потрудил заради нас и е единствен Кој може да ги излечи нашите души. Зашто Тој непрестајно тропа на вратата на нашите срца да Му отвориме, да влезе и да отпочине во нашите души, а нце да ги измиеме и помажеме Неговите нозе и Тој во нас да си направи живеалиште. Таму Господ го укорува оној што не Му ги измил нозете (Лука 7, 44); а на едно друго место вели: „Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него" (Откр. 3, 20). Тој благоволил многу да пострада, предавајќи го телото Свое на смрт и искупувајќи не нас од ропството, за да и пријде на нашата душа и да направи живеалиште во неа. Затоа и на оние кои ќе бидат ставени од левата страна при Неговиот суд и коишто ќе ги испрати заедно со ѓаволот во геената, Господ ќе им рече: „Гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте; странец бев и не Ме прибравте" (Мат. 25,42 и 43); зашто и храната и пиењето, и облеката и засолништето, и почивката Негова е во нашите души. Затоа непрестајно тропа на вратата, сакајќи да влезе кај нас. Да Го примиме и да Го воведеме внатре кај себе, затоа што и за нас Тој е и храна и живот, и пиење и живот вечен. И секоја душа којашто не Го примила во себе и не Го успокоила во себе сега, или, подобро е да се каже, самата не се успокоила во Него, не е наследничка заедно со светиите во царството небесно и не може да влезе во небесниот град. Сам Ти, Господе Исусе Христе, внеси не онаму, нас кои го прославуваме името Твое со Отецот и Светиот Дух во вековите. Амин.

 Издавач: ЃаконијА

 

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная