логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 34

За славата на христијаните, со која при воскресението ќе се удостојат нивните тела, кои ќе се просветат заедно со душите.

Pokajanie5..jpg1. Како што телесните очи гледаат јасно, така и на душите на светите им се јасни и видливи убавините на Божеството, со кои се слеваат и кои се во умот на христијаните. Славата, скриена од телесните очи, јасно и се открива на верната душа, која била умртвена од гревот, и Господ ја воскреснува, како што ги воскреснува мртвите тела, подготвувајќи и ново небо, нова земја и сонце на правдата, давајќи и се од Своето Божество. Постои вистински свет, и земја на живите, и плодородно лозје, и леб на животот, и вода жива, како што е напишано: „Верувам, дека ќе ја видам Господовата благост во земјата на живите" (Псал. 26,13); и уште: „А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, и исцеление ќе има во зраците негови" (Малах.4,2). И Господ рекол: „Јас сум вистинска лоза" (Јован 15,1); и уште: „Јас сум лебот на животот" (Јован 6, 35); и уште: „Кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода, што ќе тече во живот вечен" (Јован 4, 14).
2. Доаѓањето Господово во целост било заради човекот, кој лежел мртов во гробот на темнината, гревот, нечистиот дух и лукавите сили, за Господ сега, во овој век, да го воскресне и оживотвори овој човек, да го исчисти од црнилото, да го просвети со Својата светлина и да го облече во Своите небесни одежди на Божеството. А при воскреснувањето на телата, чиишто души претходно воскреснале и се прославиле, ке се прослават и овие тела и ќе се просветат преку душата, којашто уште сега е просветена и прославена. Зашто за нив Господ е и дом, и скинија, и град. Ќе се облечат во неракотворено, небесно живеалиште, во славата на божествената светлина, бидејќи станале чеда на светлината. Едно на друго нема да гледаат со лукаво око, затоа што лукавството ќе биде одземено. „Нема" таму „ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски" (Гал. 3, 28), затоа што сите се променуваат во божествената природа, стануваат добри, богови и чеда Божји. Таму братот на сестрата ќе и искаже мир, затоа што се е едно преку Христа, и сите се успокојуваат во истата светлина. Ке бидат внимателни еден кон друг, и штом едниот почнува да го слуша другиот, во истиот час се озаруваат од вистината, од вистинското спознавање на неискажливата светлина.
3. Така ќе се видат еден друг во многу обличја, и во многу и најразлични божествени слави, и секој ќе се восхити и ќе се израдува со неискажлива радост, гледајќи ја славата на другиот. Гледаш колку се неизразливи и недостижни Божјите слави - затоа што тие се неискажлива светлина, вечни тајни, непребројни богатства. Зашто како што во видливиот свет никој не може да ги изброи сите најразновидни растенија, семиња и цветови на земјата, и никој не е во состојба да го измери или познае целото земно богатство; како што ниеден човек не може да ги опфати со умот сите живи битија во морето или нивниот број, породот, разликите, или количеството на водата, или пространството на морето; како што е невозможно да се дознае бројот на птиците во воздухот, или нивниот пород, или разнообразноста; како што не е можно да се сфати големината на небото, положбата на ѕвездите или нивното движење: исто така невозможно е да се изрази или опише неизмерното, безгранично и недостижно богатство на христијаните. Зашто, ако овие нешта се толку неопфатни и недостижни за луѓето, тогаш колку е понедостижен Оној Кој ги создал и подготвил? Според тоа, човекот, пред се, треба да се радува и весели што на христијаните им е подготвено такво богатство и наследство, кое никој не е во состојба да го изрази или опише. Сесрдно и смиреномудрено треба да се пристапи кон христијанскиот подвиг и да се прими она богатство, затоа што наследство и дел на христијаните е самиот Бог. Зашто, речено е: „Господ е дел на моето наследство и од чашата моја" (Псал. 15,5). Во вековите слава на Оној Кој се дава Самиот Себе и Својата света природа ја соединува со христијанските души! Амин.

 

 Издавач: ЃаконијА

Превод: о. Игор Калпаковски

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная