логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

crkva.D5.jpg


БЕСЕДА 15

Оваа беседа во себе содржи опширна поука за тоа дека душата треба да престојува во светост, непорочност и чистота пред својот Младоженец - Исус Христос и уште неколку мошне поучни прашања, на пр., дали сите членови (на телото) ќе станат при воскресението, а и многу други - за злото, за благодатта, за слободната волја, за достоинството на човечкиот род.

1. Некој богат човек, мошне славен цар, ќе ја сврти својата наклонетост кон некоја сиромашна жена, којашто нема ништо освен нејзиното сопствено тело, ќе му стане љубимка и ќе посака да си ја земе кај себе како невеста и сопруга. И ако таа, најпосле, ја покаже својата добра расположеност кон мажот, тогаш, чувајќи си ја љубовта кон него, таа бедна, сиромашна жена, којашто немала ништо, станува госпоѓа на целиот имот што го има нејзиниот маж. А ако направи нешто против обврската и долгот и ако се однесува неприлично во домот на својот маж, тогаш ја исфрлаат со срам и со поруга и таа оди со двете раце ставени на главата, како што може ова да се сфати и од законот Мојсеев кога се работи за жена којашто му е непокорна и непожелна на својот маж (5. Мој. 24, 1). И дури тогаш таа се мачи и горко плаче, размислувајќи колкаво богатство загубила, од каква слава се лишила и поради својата неразумност се подложила на срам.

2. Така и душата, којашто ќе Си ја сврши за невеста небесниот Младоженец - Христос, за на таинствен и божествен начин да општи со Него, и којашто ќе го вкуси небесното богатство, треба со голема усрдност искрено да Му благоугодува на Христа, Кој се свршил со неа, да ја исполнува, како што треба и прилега, духовната служба што и е доверена, за во се да Му благоугодува на Бога, со ништо да не Го нажалува Духот, на правилен начин да ја запазува совршената целомудреност и љубовта кон Христа, добро да се однесува во домот на Небесниот цар, со целосна предаденост на благодатта што и е подарена. И ете, таквата душа се поставува како госпоѓа (господарка) над сите Господови богатства, дури и телото нејзино бива прославено од Христовото Божество. Но ако таа згреши во нешто и во своето служење постапува спротивно на нејзиниот долг, ако не го прави тоа што Му е угодно на Христа, не ја следи Неговата волја, не соработува со благодатта на Духот што се наоѓа во неа, тогаш таа со китење се предава на срам и се одлачува од животот, бидејќи станала бескорисна и неспособна да општи со Небесниот цар. И за оваа душа настанува жал и плач меѓу сите свети и умни духови - ангелите, силите, апостолите, пророците, мачениците тагуваат за неа.

3. Како што, според кажаното од Господа, „на небото ќе биде радост за еден грешник, кој се кае" (Лука 15, 7), исто така, голема жал и плач е на небото за една душа која отпаѓа од вечниот живот. И како што на земјата, кога умира некој богат човек, неговите браќа, роднините, пријателите, познатите, го испраќаат од овој живот со пеење, со солзи и со тага, така и за таа душа со солзи и пеење плачат сите свети. Зашто, и на едно друго место Писмото овозможува така да се разбере, кога вели: „Плачи, кипарисе, зашто падна кедарот" (Зах. 11,2). Како што Израилот кога, како што изгледа, Му благоугодувал на Владиката (иако никогаш не Му благоугодувал како што треба), го имал столбот од облак што го осенувал и огнениот столб, што го осветлувал, го видел морето пред себе како се разделува, чистата вода како потекува од каменот, а кога умот на Израилците и нивната волја се одвратиле од Бога, биле предавани на змиите и на своите непријатели, одведувани во тешко заробеништво и измачувани со горко ропство, така, најпосле, бива и со нашите души. Духот, укажувајќи на таинствен начин на ова, кај пророкот Језекиил, за таквата душа, како за Ерусалим, рекол: Те најдов разголена во пустината, „те измив со вода" од твојата нечистотија, „ти облеков" облека, „ти ставив гривни на рацете, а околу вратот - веришка... и обетки на ушите" и ти кај Мене стана најславна од сите други народи; „се хранеше со леб од најдобро пченично брашно, со мед и елеј", а потоа заборави на благодетите што ти ги дадов и тргна по твоите љубители и „почна да блудствуваш" (Језек. 16,7-15).

4. Така Духот ја опоменува и душата, којашто по благодатта Го познала Бога, и откако се исчистила од претходните гревови, се украсила со украсите на Светиот Дух, Се причестила со божествената и небесна храна, но не се однесува како што прилега на некоЈ со големо знаење, не го запазува како што треба доброто расположение и љубовта кон Небесниот младоженец - Христос, се наоѓа отфрлена и се лишува од животот во кој некогаш учествувала. Зашто, сатаната може да се превознесува и да се издигнува дури и над оние што имаат таква мерка на благодатта и против тие коишто Го познале Бога во благодатта и силната злоба уште повеќе се издигнува и се засилува за да ги симне. Според тоа, треба да се подвизуваме и со целосна благоразумност да се однесуваме внимателно, па според напишаното, „со страв и трепет" да го градиме своето спасение (Филип. 2, 12). Затоа сите вие, што сте се направиле заедничари на Духот Христов, во ништо, ниту во мало, ниту во големо, не постапувајте со пренебрегнување, и не нажалувајте ја благодатта на Духот, за да не се лишите од оној живот во кој веќе учествувате.

5. А ќе го претставам истово ова и преку друга слика. Ако слугата влегува во царските одаи - служи при царот, носи што ќе му порачаат, тој ова го зема од царскиот имот, самиот доаѓа без ништо и го служи царот со царскиот прибор. Но, овде веќе е потребен голем разум и многу размислување, па за време на служењето да не се направи нешто што не треба, на пр., на царската трпеза да не се принссе едно јадење наместо друго, туку сите јадења, од првото до последното, да се принесуваат по ред. И ако тој, од незнаење и од неразмислување, не му служи на царот како што треба, тогаш ќе биде подложен на опасност и на смрт. Така и душата, којашто Му служи на Бога според благодатта и духот, има потреба од многу размислување и од знаење за да не погреши во нешто при размислувањето околу Божјите садови, т.е. при размислувањето околу духовното служење, раководејќи се од својата сопствена волја, несогласна со благодатта. Зашто душата може да Му служи на Господа со духовното служење, коешто на таинствен начин го извршува внатрешниот човек, и со своите сопствени садови, т.е. со духот на внатрешниот човек. А без Неговите садови, т.е. без благодатта, никој не може да Му служи на Бога, т.е. да Му благоугодува, во се исполнувајќи ја Божјата волја.

6. И кога душата ќе ја прими благодатта, тогаш и е потребна голема благоразумност и расудување. А пак сево ова Бог Самиот и го дава на душата, којашто го бара тоа од Него, за да може таа благоугодно да Му послужи со духот, што го прима, во ништо да не биде победена од порокот и да не греши, отпаѓајќи од патот поради незнаење, небојазливост и негрижа, и спротивно на долгот, престапувајќи ја волјата на Владиката. Зашто казна за таквата душа ќе бидат смртта и плачот, за што зборува божествениот апостол: „Да не би ненамерно, проповедајќи им на другите, и сам да станам негоден" (1. Кор. 9,27).Гледаш ли каков страв имал тој, иако бил Божји апостол? Според тоа, да Го молиме Бога сите ние, што сме ја примиле Божјата благодат, пред се, да го поминуваме духовното служење во согласност со Неговата волја и да не се навикнуваме на мислата којашто пренебрегнува се. А на тој начин, откако ќе поживееме благоугодно пред Бога и, во согласност со Неговата волја, ќе Му послужиме со Неговото служење, да го наследиме вечниот живот.

7. И кај тој што е болен, некои членови се здрави. На пример, орудието за гледање - очите, или некој друг член, додека останатите членови се повредени. Истото се случува и со духовното расудување. Кај некого може да се здрави три духовни члена, но тоа не значи дека човекот веќе е совршен. Гледаш колку духовни степени и мерки постојат и како по делови, а не одеднаш, се исчистува и се истенчува злото. Во се е Господовата промисла и економија: и сонцето се издига, и сите твари се создадени заради царството, што ќе го наследат избраните, заради тоа да се изгради царство мирно и едномислено.

8. Според тоа, христијаните самите треба да вложуваат секакви напори, но ама баш никого да не осудуваат, ниту јавната блуцница, ниту грешниците или неморалните луѓе, а на сите да гледаат со простодушност на волјата, со чисто око, со цел кај човекот да стане како нешто природно и неминовно - никого да не понижува, да не осудува, од никого да не се гнаси и да не прави разлики помеѓу луѓето. Ако видиш човек со едно око, не осуцувај го во своето срце, туку гледај на него како на здрав. На оној, кому му е парализирана раката, гледај како да не му е, на куциот, како на човек што оди нормално, и на немоќниот, како на здрав. Зашто од тоа се состои чистотата на срцето, ако некој  види грешници или луѓе немоќни, да има кон нив сострадание и да биде милосрден. И на светителите Господови им се случува да ја следат глетката на светот и да ги гледаат неговите измами. Но со внатрешниот човек тие разговараат со Бога, додека според надворешниот човек навидум се чини дека го гледаат тоа што се случува во светот.

9. Светските луѓе подлежат под едно поинакво влијание на духот на лагата, според кој мудруваат земски. А кај христијаните има поинаква волја, поинаков ум, тие се луѓе од еден друг век, од еден друг град; зашто Духот Божји постојано општи со нивните души и тке го згазуваат непријателот, бидејќи напишано е: „а најпоследниот враг за уништување е смртта" (1. Кор. 15, 26). И како што благочестивите луѓе се господари над сите, така слабите во верата и грешниците, во потполна смисла на зборот, се робови. И огнот ги жеже и каменот и мечот ги умртвуваат, а најпосле над нив ќе господарат демоните.

10. Прашање: Дали при воскресението ќе бидат воскреснати сите членови?
Одговор: На Бога ништо не Му е тешко. Такво е и Неговото ветување. Но ова на човечката немоќ и на човечкото размислување му изгледа невозможно. Како што Бог зеде прав и земја и устрои една поинаква природа, односно телесната природа, којашто не е слична на земјата, и создаде многу природни родови, како на пример, влакната, кожата, коските и жилите, и слично како што иглата фрлена во оган ја менува бојата и се претвора во оган, меѓутоа како железо не се уништува туку останува иста, исто така и при воскресението ќе бидат воскреснати сите членови и, според напишаното, и ни влакно од главата... нема да загине" (Лука 21, 18) и се ќе стане светловидно, се ќе биде потопено и ќе се претвори во светлина и во оган, но нема да се разурне и нема самото да стане оган, т.е. нема да ја снема претходната природа, како што тврдат некои. Зашто Петар останува Петар и Павле - Павле, и Филип - Филип, секој се исполнува со Духот и останува во својата сопствена природа и во своето сопствено суштество. А ако тврдиш дека природата се распаѓа на своите составни делови, тогаш веќе ги нема Петар или Павле, туку во се и насекаде е Бог и оние што одат во геената не чувствуваат казна, а оние што одат во царството - добродетелство.

11. Замисли си една градина, во која има разни видови плодоносни дрвја: круша, јаболкница и лозје со плодови и листови. Но и градината и сите дрвја и листови се измениле и се претвориле во друга природа и се станало светловидно. Исто така и луѓето се менуваат при воскресението, и нивните членови ќе станат светли и светловидни. Божјите луѓе треба да се подготвуваат за борба и подвиг. Како што храбриот младич ја поднесува борбата и на ударите што му ги нанесуваат одговара со удари, така и христијаните треба да ги поднесуваат маките и надворешните и внатрешните битки, па примајќи удари, да победуваат со трпение. Таков е патот на христијанството. Каде што е Духот Свет, таму, како сенка, следува прогонот и борбата. Гледаш како пророците, иако во нив дејствувал Духот, секогаш биле прогонувани од луѓето од нивниот род? Гледаш како Господ, Кој е пат и вистина, бил гонет не од некој друг народ, туку од Своите луѓе? Неговиот род - Израилците - Го гонел и Го распнал. А слично се случило и со апостолите. Зашто од времето на крстот дошол Духот Утешител и се преселил во христијаните. Веќе никој од Јудејците не бил гонет, туку само христијаните биле маченици. Значи, не треба нив да ги чуди ова: нужно е вистината да биде прогонувана.

12. Прашање: Некои велат дека злото доаѓа однадвор и човекот, ако сака, не го прима во себе, туку го истерува далеку од себе.
Одговор: Исто како што змијата, која зборувала со Ева, влегла во нејзината душа, поради тоа што Ева ја послушала, исто така и сега, гревот влегува во човекот преку неговата послушност, иако се наоѓа надвор од него. Зашто гревот има власт и слобода да влегува во срцето; бидејќи помислите не се надвор од човекот, туку внатре во него - излегуваат од срцето. Апостолот вели: „Мажите сакам да се молат... без гнев и сомневање" лукаво (1. Тим. 2,8), зашто, според Евангелието, помислите излегуваат од срцето (Мат. 15, 15). Затоа, пристапувај кон молитвата и обрнувај внимание на своето срце и на својот ум. Посакувај кон Бога да испраќаш чиста молитва и, пред се, внимавај   притоа  дали   има  нешто  што ја  попречува молитвата, дали е молитвата чиста, дали твојот ум се занимава со Господа, исто како што земјоделецот се занимава со земјоделието, исто како што на мажот умот му е во жената и на трговецот во трговијата. И кога клекнуваш на колена на молитва, да не ти ги крадат некои други твоите помисли?

13. Но ќе речеш дека Господ, кога дојде, го осуди гревот преку крстот и него веќе го нема во човекот. Но не е така. Исто како што војникот, ако во нечиј дом ја постави својата борна кола, значи дека има власт да влегува во тој дом и да излегува од него кога ќе посака, така и гревот има власт на долго и на широко да разговара во срцето. Зашто напишано е: „влезе сатаната" во срцето на Јуда (Лука 22, 3). Ако велиш дека со Христовото доаѓање гревот е осуден и по крштавањето злото веќе нема сила да разговара во срцето, зар не знаеш дека од времето на Господовото доаѓање па досега многумина се крстиле и некогаш помислувале на лукави работи? И зар не паднале некои од нив во суета, блуд или во угодување на стомакот? Па и дали сите лаици кои се во Црквата имаат чисто и беспрекорно срце? Или не гледаме ли дека по крштението се случуваат многу гревови и многумина грешат? Зашто и по крштението разбојникот има можност да оди каде сака и да прави што сака. Напишано е: „Сакај го Господа, твојот Бог, од се срце" (5. Мој. 6, 5). И ти велиш: Јас Го сакам и Го имам Духот Свет. Но, го има ли навистина во тебе сеќавањето на Господа, љубовта и копнежот по Него? Дали си Му приврзан на Господа дење и ноќе? Ако имаш таква љубов, тогаш си чист. А ако немаш, тогаш кога доаѓаат земните грижи, скверните и лукави помисли, испитај дали си навистина ненаклонет кон ова и дали твојата душа секогаш е привлечена од љубовта Божја и приврзана кон Бога? Зашто светските мисли прават умот да се занимава со она што е земно и распадливо, не дозволуваат да Го возљубиме Бога или да се сеќаваме на Господа. Неретко се случува и некој неупатем човек да пристапи кон молитвата, да клекне на колена, и умот негов влегува во спокојство. И колку повеќе тој го поткопува ѕидот на злобата, што е исправен спроти него, и колку подлабоко влегува под него, толку повеќе тој ѕид се урива'. Човекот доаѓа до виденија и до мудрост до какви не доаѓаат силните, мудрите или вештите, и тие не можат да ја достигнат или да ја познаат префинетоста на неговиот ум; бидејќи тој е зафатен со божествените тајни. Кој е неискусен да ја разликува финоста на бисерите, тој поради својата неискусност не умее ниту да ги вреднува. Затоа, на христијаните им е одвратно она што е славно на земјата и го сметаат тоа за распадлива работа, кога ќе го споредат со онаа величественост, којашто дејствува во нив.

14. Прашање: Може ли да падне човек кој има благодатен дар?
Одговор: Ако стане пасивен, тогаш паѓа; затоа што непријателите никогаш не остануваат неактивни и водат битка, без да се предаваат на мрзливост. Толку повеќе, пак, ти не треба да го прекратуваш твоето добро движење пред Бога. Зашто, ако се предаваш на пасивност, имаш голема штета, иако, како што се гледа, си бил испробан во самата тајна на благодатта.

15. Прашање: Останува ли благодатта во човекот по неговиот пад?
Одговор: На Бога му е угодно одново да го воведе човекот во животот и Тој го поттикнува човекот одново да заплаче и да се покае. И ако човекот продолжи ова да го прави, тогаш Бог го поттикнува оној што се кае поради своите дамнешни гревови одново да плаче и да принесува покајание.

16. Прашање: Дали на совршените им претстојат некакви маки или борби? Или тие се потполно безгрижни?
Одговор: Не постои човек на кого што непријателот би престанал да напаѓа. Сатаната е немилосрден и го намразил човекот, па затоа не престанува да го напаѓа секој човек. Но, како што се гледа, тој не напаѓа на сите со еднаква усилба. И началниците на областите и комитите на царот му плаќаат данок. Но таквиот човек, смело надевајќи се на своето богатство, на златото и среброто, го плаќа данокот од своето изобилие, не сметајќи дека е тоа загуба за него. Исто како што и оној што дава милостина воопшто не мисли дека ова е за него загуба. Така и сатаната ова го смета за споредна работа. А друг, пак, е сиромашен, не може да си ги задоволи своите насушни потреби, и него го тепаат и го мачат, зашто не може да го плати данокот. Едниот жестоко го измачуваат и не умира. Другиот за еден збор наредуваат да му ја отсечат главата и погинува. Така и меѓу христијаните, некои трпат силна борба и мачење од гревот, и преку борбите дури и се укрепуваат и стануваат помудри, презирајќи ја непријателската сила, и за нив нема опасност во тој однос, затоа што се непоколебливи и уверени во своето спасение, бидејќи често се вежбале и стекнале опитност во борбата со злобата и самиот Бог е со нив. Од Бога тие се раководат по патот и во Него се успокојуваат.

17. Други, пак, кои се уште не се извежбале, ако само еднаш попаднат во мака и против нив започне битка, во истиот час попаѓаат во беда и гинат. Тие што поминуваат низ градот, сакајќи да си ги видат саканите и пријателите, иако по плоштадите се среќаваат со многу луѓе, не се задржуваат многу со нив, зашто имаат намера да се сретнат со своите блиски. И кога ќе затропаат однадвор на вратата и ќе викнат по име, нивните сакани отвораат со радост. А ако се задржуваат и се шегуваат по плоштадите или застануваат со минувачите, тогаш вратата останува затворена и никој не им отвора. Исто така, и оние што итаат да дојдат кај вистински возљубениот Владика, нашиот Христос, треба се друго да пренебрегнат и да презрат. Како што комитите или заповедниците на областите, кога влегуваат во дворот на царот, во себе чувствуваат голем страв каков одговор ќе дадат и да не бидат укорени и казнети ако погрешат со одговорот, а селаните и луѓето од понизок сталеж, кои никогаш не виделе кнез, се однесуваат безгрижно, така и целиот овој поднебесен свет, сите - од царевите до бедните луѓе, не познавајќи ја славата Христова, се грижат за животните дела и далеку од умот им е да се сетат на денот на судот. А тие што влегуваат со мислата во Христовата судница, каде што е Христовиот престол, и секогаш стојат пред Христа, престојуваат во непрестаен страв и трепет да не погрешат нешто против Неговите свети заповеди.

18. Земните богаташи, кога во нивните амбари ќе се соберат многу плодови, одново ќе почнат уште повеќе секојдневно да работат, за да изобилуваат, а да не оскудуваат. А ако се понадеваат на богатството коешто лежи во амбарите и не работат, не прибираат ново богатство, туку го грицкаат тоа што го имаат, бргу ќе осиромашат. Значи, иако го собираат приносот и го внесуваат во амбарите, тие пак се должни да се трудат и одново да собираат, за да не им се појави недостаток. Така и во христијанството, човекот може да ја вкусува Божјата благодат, зашто кажано е: „Вкусете и видете дека е благ Господ" (Псал. 33, 9). А се вкусува, несомнено, делотворната сила на Духот, којашто го извршува служењето во срцето. Зашто тие што се синови на светлината и на служењето на Новиот Завет во Духот Свет на ништо не се научуваат од луѓето, бидејќи нив Бог ги научува. Самата благодат на нивните срца ги пишува законите на Духот. Затоа, тие не треба да наоѓаат потврда за себе само во Писмата напишани со мастило, зашто Божјата благодат ги пишува законите на Духот и небесните тајни и на таблиците на срцето. Зашто, срцето владее и царува во целиот телесен состав. И кога благодатта ќе завладее со пасиштата на срцето, тогаш таа царува над сите членови и помисли: зашто таму е умот, и сите помисли, и сето очекување на душата. Затоа благодатта и проникнува во сите членови на телото.

19. Така и обратно, кај тие што се синови на темнината, над срцето им царува гревот и проникнува во сите делови: „оти од срцето излегуваат лоши помисли" (Мат. 15,19). И на тој начин, гревот, разлевајќи се, го помрачува човекот. А тие кои тврдат дека во човекот нема зло, коешто се храни и расте заедно со него, ајде нека не се грижат за утрешниот ден и нека немаат желби. Злото, на некое време, престанало да ги вознемирува, сугерирајќи им некаква желба. И затоа, човекот се колне и тврди: Во мене веќе не се појавува таква и таква страст. Но, по некое време тој изгорува од желба, а освен тоа, се покажува уште и дека ја престапил клетвата. Како што водата тече во цевка, така и гревот во срцето и помислите. Самиот грев ги разобличува и ги исмева тие што го негираат ова, кога ќе ги победи. Затоа што злото се грижи да се притаи и да се скрие во мислата на човекот.

20. Значи, ако некој Го љуби Бога, тогаш и Бог му ја соопштува Својата љубов. Кој еднаш поверувал во Бога, нему Бог му ја придодава небесната вера, и човекот се удвојува. Значи, како што ти од твоите членови ќе Му принесеш дар, така и Тој од Своите сопствени членови ќе и даде на твојата душа, па се што правиш, и кога љубиш и кога се молиш, да правиш чисто. Зашто, високо е достоинството на човекот. Погледни какви се небото, земјата, сонцето и месечината. А Господ не благоволил да почива во нив, туку само во човекот. Оттаму, човекот е поскапоцен од сите твари. Дури, ќе се осмелам да кажам, не само од видливите, туку и од невидливите, т.е. од служебните духови. Зашто Бог не рекол за архангелите Михаил и Гаврил: „да (ги) создадеме според Нашиот образ и подобие" (1. Мој. 1, 26), туку тоа го кажал за умната човечка суштина, за разумната бесмртна душа. Напишано е: Ангелските војски „треперат пред Него" (Псал. 33, 8), а видливите твари се сврзани со некаква неподвижна природа.

21. Некогаш беа устроени небото, сонцето, месечината, земјата. Но Господ не благоволи да почива во нив. И не само тоа, туку тие не можат да излезат од состојбата во којашто се создадени, и немаат волја. А ти си создаден според образот и подобието Божјо. Па, како што Бог е слободен и прави што сака (ако Му е Нему угодно, ја има таа власт праведниците да ги испрати во геената, и грешниците во царството; но нема да го одбере ова и нема да се согласи на ова, зашто Господ е правосуден), така и ти си слободен. И ако сакаш да погинеш, твојата природа е способна да се менува. Ако сакаш да искажеш хула, да составиш отров, да убиеш некого, никој не ти се противи и не ти брани. Кој сака, тој и Му се покорува на Бога и оди по патот на правдата и владее со желбите. Зашто овој ум е борец и со цврста мисла може да ги порази порочните наклоности и гнасните желби.

22. Ако во некоја поголема куќа - каде што ѕидовите и таваните се покриени со злато и сребро, каде што има најразлични облеки, злато и сребро - слугите и слугинките (иако нашата природа, според гревот што го има во неа, се посакува) си го зауздуваат умот и од човечки страв пред господата си ги задржуваат стремежите на желбите, колку повеќе треба умот таму каде што има страв Божји да му се спротиставува на порокот што живее во човекот и да дејствува против него. Зашто Бог ти го заповедал тоа што е можно за тебе. Значи, природата Па неразумните животни е сврзана. На пример, змијата по својата природа е зла и отровна, па затоа сите змии се такви; волкот е свикнат да граба и сите волци го имаат истото својство; јагнето, поради неговата простота, го грабаат и сите јагниња го имаат истото својство; гулабот е едноставен и невин и сите гулаби го имаат истото својство. Но човекот не е таков. Еден е граблив волк, а другиот го грабаат како јагнето, а и двајцата потекнуваат од едниот ист човечки род.

23. На некого не му е доволна својата сопствена жена, па живее блудно; а друг не дозволува похотата ниту да му дојде на неговото срце. Некој го приграбува имотот на својот ближен; а друг, според богочестието, го раздава и својот сопствен. Гледаш како едната иста природа е способна да се менува, да се наклонува де кон лошото, де обратно кон убавото, и потоа, врз основа и на едното и на другото, има способност да се согласи на какви што ќе посака дела. Според тоа, нашата природа е приемчива и за доброто и за злото, и за Божјата благодат и за спротивната сила. Но таа не може да биде принуцена. Адам, кога во почетокот престојувал во чистота, царувал над своите помисли. Но штом ја престапил заповедта, врз умот негов налегнале планиништа тешки за носење, и порочните помисли, кои се плеткале во се, останале како негови сопствени. Но ни една не е негова сопствена; зашто нив ги одржува порокот.

24. Најпосле, треба да си побараш свеќник, па да го запалиш и со него да ги најдеш чистите помисли - зашто тие ти се тебе природни; Господ ги создал чисти. Оние што се воспитани на море, се научуваат да пливаат, и кога ќе фати бура и ќе се кренат бранови, не се преплашуваат. Такви се и христијаните. Како што умот на едно тригодишно детенце не може да ги прими или да ги сфати мислите на еден совршен софист, затоа што меѓу нив има голема разлика во годините, така и христијаните, слично на доенчињата, светот го сфаќаат гледајќи на мерката на благодатта. Тие му се туѓи на овој свет; од друг град се и на друго се надеваат. Христијаните во себе имаат утеха на Духот, солзи, плач и воздишка, и за нив наслада се самите солзи. Кога се радуваат и веселат, тие имаат и страв, па така, личат на луѓето коишто на своите раце ја носат својата крв, не се надеваат самите на себе и не мислат за себе дека нешто значат, туку се однесуваат како понизни и од сите отфрлени луѓе.

25. Ако царот ја остави својата ризница кај некој сиромав, тој што примил да ја чува ризницата не ја смета за своја сопственост, туку насекаде признава дека е сиромав, не осмелувајќи се да растура туѓ имот, зашто постојано сам за себеси расудува: Овој имот не само што не е мој, туку кај мене го оставил еден силен цар и тој, кога ќе посака, ќе си го земе од мене. Вака за себе треба да размислуваат и оние што ја имаат Божјата благодат, да бидат смиреномудри, да ја исповедаат (признаваат) својата сиромаштија. Ако сиромавиот, откако ја примил ризницата што му ја доверил царот, се понадевал на тој туѓ имот, па почнува да се гордее со него како со свое сопствено богатство и неговото срце се наполни со надуеност, тогаш царот си го собира имотот од кај него и оној што го имал на чување си останува исто така сиромав, каков што бил и претходно. Така, ако и оние што имаат благодат се погордеат и ако почнат срцата да им стануваат надмени, Господ ќе им ја одземе Својата благодат, па тие ќе останат исти такви, какви што биле пред примањето на благодатта од Господа.

26. Но многумина, иако ја примаат благодатта, не знаат дека се ограбени од гревот. Како што ако во некој дом живее некоја млада жена, а исто така и некој млад маж, па жената, прелажувана од мажот, се согласи најпосле со него - прави прељуба и станува недостојна за почит, исто така и страшната змија на гревот живее заедно со душата, ја соблазнува и убедува, и ако таа се согласи, тогаш бесплотната душа влегува во општење со бесплотната злоба на духот, т.е. духот влегува во општење со духот, па тој кој во себе ја прима помислата на лукавиот и се согласува со неа, во срцето свое прави прељуба. Според тоа, мерката на твојот подвиг се состои од тоа да не правиш прељуба во мислите, туку да се спротивиш со умот и внатре во себе да водиш борба, да се бориш со порокот и да не го слушаш, да не се насладуваш со него во помислите. И ако Господ ја најде во тебе оваа готовност, во последниот ден ќе те прими во Своето царство.

27. На еден начин домостроителствува Господ за да не ја остави непосведочена Својата божествена благодат и Својот повик. А поинаку домостроителствува, по допуштање, за да го стави човекот на испит и на проба и да се покаже слободната волја на човекот. Зашто, ако ставените во маки и искушенија ги издржат истите, не се лишуваат од небесното царство. Значи, кога христијаните се наоѓаат во тешки околности, не тажат и не се јадосуваат. Ако се испитуваат со беда или со злострадание, тие не треба да му се чудат на ова, туку попрво треба да се насладуваат со сиромаштвото и да го сметаат за богатство, а постот за наслада, немањето чест и слава - за слава. И обратно, ако се сретнат со нешто што во овој живот се смета за славно и ги привлекува кон плотското успокојување, или кон богатството, или кон славата, или кон раскошот, не треба да се насладуваат со сето тоа, туку да бегаат 6д ова како од оган.

28. Во видливиот свет, ако некој малуброен народ се кренал да се бие со царот, царот не се труди самиот да оди во војна, туку ги испраќа војниците со командантите и тие ја водат војната. А ако се кренал многуброен народ, кој може да му го опустоши царството, тогаш самиот цар е принуден да отиде, заедно со дворјаните и својата војска, и да управува со војните работи. Затоа, внимавај кое е твоето достоинство: Бог се кренал заедно со Својата војска, т.е. со ангелите и светите духови, и Самиот дошол да се застапи за тебе и да те избави од смртта. Застани цврсто, и претстави си каква е промислата за тебе. Како луѓе коишто се уште се наоѓаме во овој живот, ние земаме примери и од она што е од животот. Како кога некој цар би нашол човек незначителен и немоќен, и не би се срамел од него, туку со благотворни смеси би фатил да му ги лечи раните, па би го пренел во својот двор и би го облекол во порфира и дијадема, и би го ставил да седи на својата трпеза, така и Небесниот цар Христос, доаѓајќи кај немоќниот човек, го исцелил и го ставил да седи на Својата царска трпеза. Притоа, не принудувајќи ја волјата негова, туку дејствувајќи на него со уверувања, го издигнал до една таква чест.

29. Во Евангелието е напишано дека Господ испратил слуги за да ги повика оние кои сакаат и да им објави: „Ете, приготвив јадење" (Мат. 22,4); но повиканите откажувале и велеле: еден „купив пет чифта волови", друг „се оженив" (Лука 14, 19 и 20). Гледаш ли, Оној што повикува е подготвен, а откажале повиканите и, конечно, самите биле виновни? Такво е достоинството на христијаните! Гледаш, Господ им го приготвил царството, ги повикува да влезат, но тие не сакаат. А за дарот што го наследуваат христијаните со право може да се рече дека, кога секој човек, од времето кога е создаден Адам па се до крајот на светот, би водел борба со сатаната и би поднесувал маки, не би направил ништо големо во споредба со славата што ја наследува, затоа што ќе царува со Христа во бесконечните векови. Слава на Оној што толку ја возљуби душата, што Самиот Себе и Својата благодат ја даде и и ја повери на душата! Слава на Неговото величие!

30. Ете, сите ние, браќа, коишто седиме овде, однадвор го имаме истиот лик и истото Адамово лице. Но зар и во она што не се гледа, во нашата внатрешност, кај сите е иста волјата и исто срцето? Зар сме сите ние исти, сите ли сме добри и богочестиви? Или само некои од нас се такви, затоа што едни имаат општење со Христа и со Неговите ангели, а други со сатаната и со демоните, иако сите седиме заедно, како да претставуваме еден човек, сите го имаме истото Адамово лице? Гледаш ли дека умната суштина, внатрешниот човек, е нешто поинакво од надворешниот човек? Зашто сите како да претставуваме еден човек. Но едни престојуваат со Христа и со ангелите, а други со сатаната и со нечистите духови. Според тоа, во срцето има некаква бескрајна длабочина. Има таму и соби за гозба, и оружници, и врати, и предворја, и многу служби и излези. Има таму и работилница за делата на правдата и неправдата. Има таму смрт, има таму и живот. Таму е и тоа што е добро купено, а и тоа што е спротивно на ова.

31. Замисли си големи сали, ама запустени, полни со смрдеа, со многу мртви тела. Слично на ова, и срцето е Христова сала, ама полна со секаква нечистотија и со толпи лукави духови. Според тоа, потребно е тоа да се возобнови и престрои. Да се приготват внатрешните трпезарии и спални соби. Зашто Царот Христос, заедно со ангелите и светите духови, доаѓа да си отпочине таму и да си поживее, да остане таму и да го основа Своето царство. Велам, значи, дека исто како што на брод, ако е снабден со сите потребни работи, сето тоа го распоредува и со сето тоа управува капетанот, еден укорува, на друг му укажува што да прави, исто така и срцето има свој капетан - умот, и совеста којашто разобличува, и помисли коишто осудуваат и помисли коишто оправдуваат. Зашто апостолот вели: „И нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат" (Рим. 2, 15).

32. Гледаш дека совеста не ја дава својата согласност на мисли кои му се покоруваат на гревот, туку во истиот час ги разобличува, зашто таа не лаже и, постојано разобличувајќи, сведочи дека ќе говори пред лицето Божјо во денот на судот. Ако колата, уздите, животните и се што е неопходно за возењето, се во рацете на еден возач, тоа значи дека кога тој ќе посака ја тера колата најбрзо што може, а кога ќе посака ја задржува, и, исто така, каде што сака да ја заврти, таа таму и поминува, зашто целата кола е во власт на возачот. Исто така, и срцето има многу природни мисли, тесно сврзани со него, а умот и совеста го вразумуваат и насочуваат срцето и управуваат со природните мисли што се раѓаат во срцето; затоа што во душата има многу состави, иако таа е една.

33. Штом Адам ја престапил заповедта, змијата влегла во него и станала господар на домот, и таа се наоѓа покрај душата како друга душа. И Господ вели: секој што нема да се откаже од самиот себе и нема да ја замрази душата своја, не е Мој ученик (Лука 14, 26) и: „Кој ја сака душата своја, ќе ја загуби" (Јован 12, 25). Зашто гревот, кога влегол во душата, станал нејзин член. Тој се залепил дури и за телесниот човек, и во срцето струјат многу нечисти мисли. Значи, кој го исполнува она што го сака неговата душа, го исполнува она што го сака неговото срце, зашто душата е сврзана и соединета со него. Според тоа, тој што ја покорува својата душа и се гневи самиот на себе и на желбите што се во него, личи на човек што го покорува градот на своите непријатели и се удостојува да дојде во добра мерка на духот и преку божествената сила го восприема во себе чистиот човек и станува некако подобар од самиот себе, затоа што таквиот веќе се обожува и се прави син Божји, примајќи го небесниот печат во својата душа. Зашто Божјите избраници се помазуваат со осветувачки елеј и стануваат великодостојници и цареви.

34. Човекот има таква природа, што и тој којшто е во длабочината на порокот и му робува на гревот може да се обрати кон доброто, а и тој кој е сврзан со Духот Свет и опиен од небесното има власт да се обрне кон злото. Замисли си жена облечена во партали, измачувана од глад, покриена со нечистотии. И ако таа, по многу напори, стигне до царско достоинство, се облече во порфира и стави круна на главата, стане невеста на царот, па си спомне за својата претходна нечистота и посака да се врати во својата првобитна состојба - не може да се реши да слезе до својот поранешен срам, затоа што тоа е неразумно. Но и тие коишто ја вкусиле Божјата благодат и станале веќе причесници на Духот, ако не бидат внимателни, згаснуваат, и стануваат полоши одошто биле додека живееле во светот. А ова не се случува зашто Бог е непостојан и немоќен, или зашто Духот згаснува, туку зашто самите луѓе не се согласуваат со благодатта, па затоа и паѓаат во илјадници зла. Зашто и оние што го вкусиле оној дар, во себе го имаат и едното и другото -како радоста и утехата, така и стравот и трепетот, како радувањето, така и плачот. Тие се оплакуваат самите себе, а и целиот Адам, зашто кај луѓето една е природата, солзите на таквите се леб, а нивниот плач наслада и успокојување.

35. А ако видиш дека некој се превознесува и се дуе со тоа што е причесник на благодатта, тогаш тој, макар и да прави знаци и мртви да воскреснува, ако не признава за душата своја дека е без чест и унижен, а за себе дека е сиромашен по Дух и одвратен, бива опљачкан од злобата, а самиот не го знае тоа. Ако тој прави знаци, не треба да му се верува. Затоа што обележје на христијанството, како и на тој којшто е благоискусен пред Бога, е да се грижи да го таи ова од луѓето и, макар и во себе да ги има сите ризници на царот, да ги крие и секогаш да вели: Тоа не е мој имот. Друг ми го остави, а јас сум сиромашен. Кога тој што го оставил ќе посака, ќе си го земе. А ако некој вели: Богат сум, доволно ми е и тоа што сум го стекнал. Повеќе не ми треба - таквиот не е христијанин, туку сад на прелеста и на ѓаволот. Зашто насладата со Бога е ненаситна и колку повеќе некој вкусува и се причестува (заедничари), толку погладен станува. Таквите луѓе се огнени и имаат незадржлива љубов кон Бога. И колку повеќе се трудат да напредуваат и стекнуваат, толку повеќе мислат за себе дека се сиромашни, луѓе со секакви недостатоци, што ништо не успеале да стекнат. Тие велат: Не сум достоен да ме осветли ова сонце. Тоа е обележјето на христијанството, тоа е - смирение.

36. А ако некој вели: Имотен сум и живеам во изобилство - тогаш тој е прелажан, а и самиот лаже. Како што телото на Господа, кога се искачи на гората, се прослави и се преобрази во славата на Божеството и во бесконечната светлина, така и телата на светителите се прославуваат и стануваат блескави. Зашто, како што внатрешната слава Христова толку се рашири и заблеска на телото Христово, слично на ова силата Христова, којашто е внатре и во светителите, во оној ден ќе се прелева надвор врз нивните тела; зашто тие уште сега со својот ум се причестуваат со Христовата природа. Зашто напишано е: „Оној, што осветува, и оние, што се осветуваат, сите се од Еден" (Евр. 2, 11) и: „Славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов" (Јован 17, 22). Исто како што со еден оган се запалуваат многу свеќници, и телата на светителите - овие Христови членови - неопходно е да станат едно исто со Христа.

37. Прашање: Во која смисла христијаните се издигнуваат над првиот Адам? - Адам бил бесмртен и нетлен (нераспадлив) по душа и по тело, а христијаните умираат и истлејуваат (се распаѓаат).
Одговор: Вистинската смрт е внатре - во срцето, и таа е скриена. Со неа умира внатрешниот човек. Затоа, ако некој преминал од смртта во скриениот живот, тогаш тој навистина живее во вековите и не умира. Дури и ако телата на таквите се разурнуваат за некое време, одново ќе бидат воскреснати во слава, затоа што се осветени. Затоа, смртта на христијаните се нарекува сон и заспивање. А кога некој човек би станал бесмртен и нетлен по тело, тогаш целиот свет, гледајќи го ова необично дело, односно дека телата на христијаните не истлејуваат, би се приклониле кон доброто некако по нужност, а не по своето доброволно расположение.

38. Но за да биде јасно видлива и за да се задржи во човекот слободата, што Бог му ја дал во почетокот, се се уредува со особена промисла за ова, и телата се разурнуваат, за да остане зависно од волјата на човекот да се обрне кон доброто или кон злото. Зашто, како што совршениот не е приврзан кон доброто преку некаква нужност, така и оној што потонал во гревот и кој се прави себеси сад на ѓаволот, преку кого што светот е осуден, исто така не е приврзан кон злото (по нужност). Напротив, и овој има слобода да се направи сад на изборот и на животот, а слично на тоа, и опиените со Божеството, макар што се исполнети и сврзани со Светиот Дух, сепак, не ги држи некаква нужност, туку имаат слобода да се обрнат и во овој век да прават што сакаат.

39. Прашање: Дали злото се истенчува и искоренува постепено и човекот напредува во благодатта, или се искоренува веднаш штом ќе започне напредувањето?
Одговор: Исто како што зародокот во мајчината утроба не станува човек одеднаш, туку постепено го поприма човечкиот изглед и се раѓа, впрочем, во се уште несовршена човечка возраст, и отпрвин многу години расте, па дури потоа станува маж; а исто така и семињата на јачменот или на пченицата не пуштаат корен во истиот час кога ќе бидат фрлени во земјата, туку откако ќе поминат студенилото и ветровите, дури тогаш во одреденото време даваат од себе стебленца; и тој што сади круша, не го собира веднаш плодот од неа: исто така и во духовното, каде што има толку мудрост и суптилност, човекот расте пополека и доаѓа „до состојба на совршен маж, до мерка на полната возраст" (Ефес. 4, 13), а не како што тврдат некои, како да е тоа исто што и да се соблечеш и да се облечеш.

40. Кој сака да ги изучува книжевните науки, оди и почнува да учи букви, и кога таму ќе биде прв, стапува во латинската школа, каде што е последен од сите. А кога повторно и таму ќе стане прв, стапува во граматичката школа и повторно е почетник и последен од сите. Потоа, кога ќе стане схоластик, тогаш е почетник и последен од сите познавачи на правото. А кога повторно и таму ќе стане прв, тогаш станува управник, и кога ќе стане началник, си зема соработници што ќе му бидат помошници. Според тоа, ако постојат толку степени на напредување во видливото, колку повеќе напредување дозволуваат небесните тајни и колку повеќе степени на раст имаат? И дури откако ќе помине долго време во увежбување, тој што избегнал многу искушенија, станува совршен. Зашто оние христијани, коишто реално ја вкусиле благодатта и го имаат знакот на крстот во умот и во срцето, се - од владетелите до најбедните - сметаат дека трули и смрди, и само тие можат да разберат дека сиот земски свет, и царските ризници, и богатството, и славата, и мудрите зборови, дека сето тоа е само некаква мечта, нешто што нема темел, туку поминува; и ако постои нешто под небото, тоа за нив е достојно за презир.

41. Зошто е тоа така? - Затоа што е чуцесно и прекрасно тоа што е погоре од небесата, што го нема во царските ризници, ниту во муцрите зборови, ниту во светската слава. И достоинството, или богатството, што тие го стекнале за себе во највнатрешниот човек, имајќи Го Господа и Творецот на се, претставува имот којшто не поминува, туку останува вечно. Христијаните знаат дека душата е поскапоцена од сите созданија, зашто само човекот е создаден според образот и подобието Божјо. Погледни колку се неопфатни небото и земјата, колку се скапоцени тварите што се на нив, и колку е величествено се што им припаѓа! Но човекот е поскапоцен од сето тоа, зашто само нему му е благонаклонет Господ, иако морските китови, планините и ѕверовите, како што изгледа, се поголеми од човекот. Затоа, размисли за своето достоинство, колку си ти скапоцен. Бог те поставил повисоко од ангелите, кога Самиот лично дошол на земјата да биде за тебе Застапник и твој Искупител.

42. Кога доаѓале ангелите заради твоето спасение? Царот, Синот на Царот се посоветувал со Својот Отец, и било испратено Словото, и се облекло во плот и го скрило Своето Божество, па преку сличното да го спаси сличното, и ја положило Својата душа на крстот. Толку е голема љубовта Божја кон човекот! Бесмртниот благоволил да биде распнат за тебе. Зашто, погледни, колку „Бог го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син" за него (Јован 3, 16). И уште на друго место Писмото вели: „Вистина, ви велам, дека над целиот свој имот ќе го постави него" (Мат. 24, 47). И уште на друго место покажува дека ангелите се слуги на светителите. Кога Илија бил на планината и на него тргнале луѓе од другите племиња, момчето рекло: Многу луѓе идат на нас, а ние сме сами. Тогаш Илија одговара: Зар не гледаш дека околу нас се многубројни војски на ангели, коишто ни помагаат! Гледаш ли, самиот Владика и многу ангели се крај Неговите слуги? Според тоа, какво значење има душата и колку високо Бог ја цени? И Бог и ангелите ја бараат и посакуваат да бидат во општење со неа и да ја имаат во царството, а и сатаната и неговите сили посакуваат да ја привлечат на своја страна.

43. Како што во видливиот свет царот не одбира овчари да му служат, туку достоинствени и добро образовани луѓе, така и на Небесниот цар во небесната сала Му служат тие што се непорочни, беспрекорни, чисти по срце. И како што во царските легла во општење со царот стапуваат прекрасни девојки, најубави од сите, без никаков порок, така и во духовното, за општење со Небесниот цар се удостојуваат само душите украсени со секакви добри особини. Во видливиот свет, ако кнезот оди да помине некаде некое време, и се случи куќата каде што треба да престојува да не биде доволно чиста, тогаш таа се преуредува, се украсува со разни украси, се намирисува со убави мириси. Ако е така во видливото, тогаш колку поголема потреба од украси има домот на душата, во којшто почива Господ, за да може овде да влезе и да си отпочине Пречистиот и Сесовршениот. Зашто во таквото срце почива Бог и сета небесна Црква.

44. Во видливиот свет, ако таткото има имот, и уште дијадеми и скапоцени камења, тој ги сокрива во трезорот и ги чува за својот возљубен син, па нему му ги дава. Така и Бог се што има и Своите сопствени скапоцености и ги доверил на душата. Во видливиот свет, ако претстои војна, и царот заедно со војската доаѓа да војува, но ако неговата војска е помалечка или послаба, тој во истиот час испраќа пратеници да молат за мир. А ако се среќаваат еден силен народ со исто толку силен народ, и цар со цар, на пример персискиот со римскиот, тогаш и двајцата цареви неопходно е да се подигнат со сета своја војска. Според тоа, види какво е твоето достоинство; зашто Бог, заедно со својата војска (ги подразбирам тука ангелите и духовите), тргнал во бој со противникот за да те избави од смртта. Значи, Бог дошол заради тебе.

45. Замисли си дека некој цар нашол некој беден човек, кај кого лепрата се раширила по сите негови членови, и не се згадил од него, туку на неговите рани ставил лекарства и му ги излечил крастите, па најпосле го седнал на царската трпеза и ставил порфира на него, па го направил цар. Така и Бог постапил со човечкиот род, ги измил раните на луѓето, ги исцелил, ги вовел во небесното брачно легло. Според тоа, големо е достоинството на христијаните; тоа со ништо не може да се спореди. А ако некој стасал до расејување и бил ограбен од злобата, тогаш тој е сличен на град без ѕидини, во кој непречено влегуваат разбојници, од каде што сакаат, и го пустошат и го опожаруваат. Така, ако и ти си неработлив и не внимаваш на самиот себе, тогаш доаѓаат лукавите духови, го претвораат умот во ништо и го опустошуваат, расејувајќи ги мислите во овој век.


46. Многумина, , кои строго внимаваат на надворешното, напредуваат во науките и се грижат да живеат правилно, сметаат дека таквиот човек е совршен, без да вникнуваат во срцето, без да ги забележуваат таму поро-ците, коишто владеат со душата. Меѓутоа, во членовите постои корен на порокот, сразмерен со внатрешната порочна мисла, и во домот се крие разбојник, т.е. спротивна сила, која се бори од другата страна и истовремено е ментална, т.е. делува во областа на мислата. И ако некој не се бори со гревот, тогаш внатрешниот порок, разлевајќи се постепено, кога ќе се умножи, го навлекува човекот на отворени гревови, доведува до тоа човекот да ги извршува гревовите на дело, затоа што злото, како кога ќе се отвори извор на вода, од себе секогаш испушта млаз. Според тоа, грижи се да ги задржуваш потоците на порокот, за да не ти се случи, паѓајќи во илјадници зла, да се здрвиш од изненаденост, слично на човек благороден и богат, кој живеел безгрижно, и кого што наеднаш го фаќаат слугите и чиновниците на кнезот и го одведуваат кај него, велејќи: Ти си обвинет за престап и осуден на смрт, па тој, престрашен од таквата вест, веке воопшто не може да размислува и се здрвува од зачуденост.

47.  Значи, размислувај исто и за лукавите духови. Зашто видливиот свет, од царевите па се до најбедните луѓе, сиот е во збрка, во безредие, во борба, и никој од нив не ја знае причината зошто е тоа така, т.е. не го знае она отворено зло, кое си нашло свое место по Адамовата непослушност, она осило на смртта. Зашто гревот, кој влегол во природата, како некаква разумна сила и суштина на сатаната, го посеал секое зло - тој потајно дејствува на внатрешниот човек и на умот и се бори со него преку помислите. А луѓето не знаат дека го прават ова поттикнати од некоја туѓа сила, туку, напротив, мислат дека тоа е природно и дека го прават ова според своето сопствено расудување. Но оние што го имаат мирот Христов и Христовото осветлување во самиот ум знаат од каде се појавува сето тоа.

48.  Светот страда од болеста на порокот, и не го знае тоа. Постои нечист оган, кој го разгорува срцето, ги зафаќа сите членови и ги поттикнува луѓето на разврат и на илјадници зли дела. И тие, коишто се раздразнуваат и се насладуваат, внатрешно, во своето срце, извршуваат блуд. А кога злото на тој начин ќе си најде храна, тогаш паѓаат и во отворен блуд.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная