логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 12
За состојбата на Адам пред да ја престапи Божјата заповед и, потоа, како тој го загуби и својот сопствен и небесниот образ. Оваа беседа содржи неколку мошне полезни прашања.

drvo.refleks.jpg1. Кога ја престапи заповедта, Адам погина на два начина. Како прво, затоа што го загуби чистиот, прекрасен, според образот и подобието Божјо создаден посед на својата природа, а како второ, самиот образ, во кој, според ветувањето, беше содржано целото негово небесно наследство. Со Адам се случи слично на она, кога една монета, којашто на себе го има ликот на царот, ќе се исече, па и златото се расипува, а и ликот веќе не и ја обезбедува вредноста. За него било подготвено големо богатство и големо наследство. Замисли си едно поголемо село, со многу приходи, со расцветано лозје, плодоносни полиња, стада, злато и сребро. Исто така и садот Адамов пред непослушноста бил богато село. Но штом на Адама му се родиле лоши помисли и мисли, тој загинал за Бога.

2. Не велиме дека човекот целосно бил загубен, уништен и мртов - тој умрел за Бога, а живее според својата сопствена природа. Зашто, еве, целиот свет се движи и се занимава со своите дела на земјата. Но Божјото око го гледа самиот ум и мислите, како да се загледува во нив и не ги забележува, не влегува во општење со нив, зашто не помислуваат ништо што Му е благоугодно на Бога. Замисли си една гостилница, една јавна куќа, место каде што се случува безредие и распуштеност. Благочестивите поминуваат крај неа и не се осквернуваат, тие гледајќи не виѓаваат, тоа како да е мртво за нив. Така и Бог, иако ги гледа тие што отстапиле од словото и од заповедите Негови, но како да не ги забележува, не влегува таму во општење и Господ не почива во нивните мисли.

3. Прашање: Како е можно човек да биде сиромашен по дух, особено кога самиот во себе чувствува дека се променил, напреднал, дошол до знаење и разбирање какво што немал порано?
Одговор: Додека човек не го стекне ова и не напредне, тој се уште не е сиромашен по дух, туку има високо мислење за себе. А кога доаѓа до ова разбирање и напредување, тогаш самата благодат го поучува да биде сиромашен по дух и - макар што е праведник и Божји избраник - да не мисли за себе дека е нешто, туку да си ја смета својата душа за нешто што нема голема вредност и што е ништожно, како ништо да не знае и да нема, иако знае и има. И таквата мисла станува некако како природена и вкоренета во човечкиот ум. Нели гледаш дека нашиот праотец Авраам, иако Божји избраник, себеси се нарекуваше земја и пепел (2. Мој. 18, 27)? И Давид, помазан за цар, Го имал пред себе Бога. И што вели? - „Јас сум црв, а не човек, потсмев за луѓето и презир во народот" (Псал. 21,6).

4. Според тоа, оние што сакаат да бидат наследници заедно со нив, да бидат сограѓани во небесниот град и да се прослават заедно со нив, треба да го имаат истото смиреномудрие и да не мислат за себе дека се нешто посебно, туку да имаат скрушено срце. Иако благодатта дејствува различно во секој христијанин и ги прави различни членови, сепак, сите му припаѓаат на истиот град, сите се еднодушни, зборуваат на ист јазик, се разбираат еден со друг. Како што телото има многу членови, но во сите нив една е душата, што ги движи, исто така еден Дух дејствува во сите различно, но сите му припаѓаат на истиот град, одат по истиот пат. Зашто сите праведници оделе по тесен пат, злострадале, биле прогонувани, навредувани, живееле „во козји кожи... по пештери и земни бездни" (Евр. 11, 37-38). И апостолите зборуваат на сличен начин за себе: „До овој час ние и гладуваме, и жедуваме, и необлечени одиме", поднесуваме навреди, „и се потураме по светов" (1. Кор. 4, 11). Од нив на едни им биле отсечени главите, други биле распнати, трети поднесувале разни маки. И самиот Владика на пророците и апостолите, како да беше заборавил на божествената слава, по каков пат одеше? Откако се направи образ за нас, Тој за потсмев на главата носеше трнов венец, претрпе плукање, навреди и крст.

5. Ако Бог на земјата одел по таков пат, тогаш и ти треба да станеш Негов подражател. Така оделе и апостолите и пророците. А и ние, ако сакаме да бидеме наѕидани на основата на Господа и апостолите, треба да станаме нивни подражавачи. Зашто апостолот преку Духот Свет вели: „Подражавајте ме мене, како што јас - Христа" (1. Кор. 4, 16). А ако ја љубиш човечката слава, сакаш да ти се поклонуваат, бараш спокојство за себе, тогаш си слегол од патот. Ти треба да се распнеш заедно со Распнатиот, да пострадаш со Постраданиот, па потоа и да се прославиш со Прославениот (Рим. 8,17). Зашто неопходно е невестата да пострада заедно со Младоженецот и преку тоа да се направи содружничка и сонаследничка Христова. И никому не му е дозволено без страдања, без да го помине неизмазнетиот, тесен пат, да влезе во градот на светите, да биде спокоен и да царува заедно со Царот бесконечни векови.

6. Прашање: Бидејќи Адам го загубил и својот сопствен и небесниот образ, дали од тоа следува дека, ако го имал небесниот образ, значи дека во себе Го имал и Духот Свет?
Одговор: Додека во него престојувале Словото Божјо и заповедта, тој имал се. Зашто самото Слово било негово наследство, Тоа било неговата облека и славата што го покривала, Тоа било учењето. Адам бил вдахновен какво име да му даде на се: тоа наречи го небо, тоа сонце, тоа месечина, тоа земја, тоа птица, тоа ѕверови, тоа дрво. Како што бил поучуван, така и ги давал имињата.

7. Прашање: Дали Адам Го чувствувал и општел со Духот?
Одговор: Самото Слово, што престојувало во него, било за него се: и знаење, и чувствување, и наследство, и поука. Што вели Јован за Словото? „Во почетокот беше Словото" (Јован 1,1). Гледаш дека Словото било се. А ако славата престојувала врз Адама и однадвор, тоа нека не не збунува, зашто кажано е: „беа голи" (ГМој.2,25) и не се забележуваа еден со друг дека се такви, а дури по престапот на заповедта увидоа дека се голи и се засрамија.

8. Прашање: Според тоа, пред престапот луѓето, наместо со покривало, биле облечени со Божјата слава?
Одговор: Како што Духот дејствувал во пророците и ги поучувал, и внатре во нив бил, и им се јавувал однадвор, исто така и во Адам Духот, кога сакал, бил со него, го поучувал и упатувал: така речи и наречи. Зашто за него Словото било се. И Адам, додека се држел до заповедта, Му бил другар на Бога. И што е чудно, што во таква состојба тој ја престапил заповедта, кога и исполнетите со Духот Свет во себе имаат природни мисли и имаат волја да се согласуваат со нив? Така и Адам, живеејќи заедно со Бога во рајот, по своја сопствена волја ја престапил заповедта и го послушал лукавиот. Впрочем, тој и по престапот имал знаење.

9. Прашање: А какво знаење имал?
Одговор: Кога разбојникот ќе го изведат на суд и ќе почнат да го судат, кнезот го прашува: Кога го правеше тоа зло, зарем не знаеше дека ќе те фатат и ќе те предадат на смрт! И разбојникот не се осмелува да рече дека не знаел, зашто тоа му било познато, и казнетиот за се си спомнува и се признава. И, зар не знае блуцникот дека лошо постапува? И крадецот, нели знае дека греши? Така, луѓето и без Писмото, според природната логика, нели знаат дека постои Бог? Во оној ден нема да можат да речат: Ние не знаевме дека постои Бог. Зашто низ громовите и молњите од небото им објавува: Зар не знаете дека постои Бог, Кој управува со тварта! Што извикуваа демоните? - „Ти си Син Божји" (Марко 3, 11), „зар си дошол тука предвреме да не мачиш" (Мат. 8, 29)? И до денеска, во храмовите на мачениците, тие говорат: Ме печеш, ме печеш Ти мене. Значи, луѓето не го знаеле само дрвото за познание на доброто и злото, а Адамовиот престап им го дал ова познание.

10. Секој почнува да прашува: Во каква состојба бил Адам и што правел тој? Самиот Адам го стекнал познанието на доброто и злото. Притоа, од Писмото знаеме дека тој се наоѓал во чест и во чистота и, откако ја престапил заповедта, избркан е од рајот и на себе го навлекол гневот Божји. Освен тоа, тој во себе го проучува и доброто, а откако го проучил злото, внимава да не згреши уште повеќе и да не потпадне под судот на смртта. Знаеме, пак, дека сето Божјо создание се наоѓа под Божјата промисла. Бог го создал небото, земјата, животните, влекачите, ѕверовите; ние ги гледаме, но не им го знаеме бројот. Зашто, познато ли му е ова на некој друг, освен на Бога, Којшто е во се, дури и во ембрионите (зачетоците) на живите суштества? Нели само Тој знае што има под земјата и над небесата?

11. Значи, откако ќе оставиме се, да се погрижиме повеќе, како добри тргбвци, да го стекнеме небесното наследство и тоа што е полезно за нашите души. Да се научиме да стекнуваме имоти коишто ќе останат во наше владение засекогаш. Ако човекот почне да го испитува разумот Божји и да вели: Јас пронајдов и постигнав нешто - тогаш човечкиот ум би се покажало дека го надминува разумот Божји. Но во ова човекот паѓа во голема заблуда. Колку повеќе сакаш да испитуваш и да проникнуваш со знаењето, во толку поголема длабочина слегуваш и ништо не постигнуваш. Дури, што се однесува на размислувањата, коишто се раѓаат во тебе, за тоа што и како се случува во тебе секојдневно - и тоа е неискажливо и недостижно, освен ако сево ова го примаш со благодарност и вера. Зашто, си успеал ли ти, од денот на твоето раѓање досега, да ја познаеш својата душа? Навистина, прераскажи ми ги мислите што се раѓаат во тебе од утрото до вечерта; раскажи ми ги мислите во текот на три дена. Но ти не си во состојба да го направиш тоа. А ако не можеш да ги опфатиш мислите на својата душа, тогаш како можеш да претпоставуваш какви се Божјите мисли и Божјиот ум?

12. Но колку ќе најдеш, јади леб, остави ја сета земја, оди на брегот на реката, пиј колку што ти е потребно, и продолжи понатаму. Не испитувај од каде доаѓа реката или на каде тече. Грижи се да си ја излечиш ногата и болеста на своето око, за да ја видиш сончевата светлина. Не испитувај колку светлина има сонцето или во кој знак се искачува. Собери го тоа што ти се дава да го употребиш. Зошто се искачуваш во планините и испитуваш колку диви магариња или колку диви ѕверови пасат таму? И бебето, кога се доближува до мајчините дојки, го пие млекото и се храни, но не умее да го испитува коренот или изворот од каде што млекото толку обилно тече. Тоа го цица млекото и го исцрпува сето. А по некое време дојките повторно се наполнуваат. Ова не го знаат ниту бебето, ниту мајката негова, иако појасно од се е дека млекото излегува од дојките на мајката. Значи, ако Го бараш Господа во длабочините, тогаш ќе откриеш дека Тој таму прави знаменија. Ако Го бараш во јамата, ќе откриеш дека Тој таму го храни праведниот Даниил меѓу два лава. Ако Го бараш во огнот, ќе откриеш дека Тој таму им помага на Своите слуги. Ако Го бараш на гората, ќе откриеш дека Тој е таму заедно со Илија и Мојсеј. Господ е насекаде, и под земјата, и над небесата, и во нас, и на секое место. Исто така и душата е близу тебе, таа е и во тебе и надвор од тебе. Во која и да е далечна земја да посакаш, таму и престојува твојот ум. На запад ли, на исток ли, на небото ли ќе посакаш, тој таму се најдува.

13. Да се погрижиме, пак, претходно на себе да го имаме знакот и печатот Господов. Зашто, во времето на судот^ кога Бог ќе направи разграничување и кога ќе бидат собрани сите земни колена, т.е. целиот Адам, кога Пастирот ќе го свика своето стадо, тогаш сите што ќе го имаат знакот на себе, ќе Го препознаат својот Пастир и Пастирот ќе ги препознае оние што го имаат на себе Неговиот печат и ќе ги собере од сите народи. Ке го слушнат Неговиот глас тие што се Негови и ќе појдат по Него. Светот ќе се раздели на два дела: едниот дел ќе биде темното стадо, што оди во вечниот оган, а другиот дел, паствата исполнета со светлина, што се издигнува кон нејзиниот небесен удел. Тоа што сега сме го стекнале во душите, ќе заблеска тогаш и ќе излезе на видело, и ќе го облече телото со слава.

14. Како што во месецот Ксантик, корењата, покриени со земјата, го изнесуваат својот плод, ги даваат своите цветови и украси и се оплодуваат, и тогаш се откриваат добрите корења, а и тие на кои има трње, исто така и во оној ден секој ќе си го покаже и ќе си го открие и доброто и лошото што го направил со помош на своето тело. Зашто во оној ден е судот и платата за сите. Освен видливата храна, постои и друга храна. Мојсеј, кога се искачил на гората, постел четириесет дена. Се искачил како човек, а кога слегол, Го имал во себе Бога. Ете, гледаме на самите себе дека телото, ако не е поткрепено со храна, се растројува за неколку денови. Но Мојсеј, откако постел четириесет дена, слегол како многу посилен од секој друг, зашто бил хранет од Бога и неговото тело било снабдувано со поинаква небесна храна. Негова храна станало Божјото слово и тој имал слава на лицето. Но, тоа што се случи со Мојсеј е само слика. Зашто онаа слава сега сјае внатре - во срцата на христијаните. И воскреснатите тела, при воскресението, ќе се покријат со поинаква божествена облека и ќе се хранат со небесното јадење.

15. Прашање: Што значи она - жена, којашто се моли со откриена глава? (1. Кор. 11,5)
Одговор: Бидејќи во времето на апостолите на жените наместо покривала им служеле долгите коси, тоа и Господ и апостолите и пристапуваат на тварта и ја воцеломудруваат. Впрочем, овде жената е претставена како слика на Црквата. И како што во тоа време, кога жените излегувале во јавност, наместо покривала на главите, имале распуштени коси, исто така Црквата ги облекува своите чеда во божествените прославени ризи. Дури и во старите времиња, во израилската Црква, постоела една Синагога, и неа ја покривал Духот. И Израилците се облекувале во Духот, наместо во слава, и покрај тоа што не се раководеле од Него. Според тоа, зборот „Црква" се кажува и за многумина и за една душа, зашто душата ги собира во едно сите мисли и пред Бога претставува Црква; бидејќи душата се здружила со Небесниот младоженец заради општење со Него и се соединила со небесното. Истото се однесува и на многуте души и на една душа. Зашто и пророкот вели за Ерусалим: Јас те најдов оставена и разголена и те облеков итн, како да размислува за џекоја жена (Језек. 16, 8-13).

16. Прашање: Што значи она што Марта Му го кажала на Господа за Марија: Јас се трудам за многу работи, а таа седи при Тебе?
Одговор: Тоа што Марија требало да и го каже на Марта, пред неа и го кажал Господ. Имено, дека Марија оставила се, седнала крај нозете на Господа и цел ден Го благословува Бога. Го гледаш ли седењето крај нозете, коешто ја надминува љубовта? Но за да заблеска Божјото слово уште појасно, слушај понатаму. Ако некој Го љуби Исуса и Го слуша како што треба - и не само што Го слуша, туку престојува во љубовта - тогаш и Бог сака да и даде нешто на оваа душа за возврат за оваа љубов, иако човекот не знае што ќе добие или во колкава мерка Бог ќе ја обдари душата. Зашто и на Марија, којашто Го возљуби и седеше крај Неговите нозе, не и е дадена просто награда, туку Тој и подари некоја скриена сила од Својата суштина. Самите зборови што Бог со мир и ги рекол на Марија, биле дух и некаква сила. Овие зборови влегле во срцето, станале душа во душата, дух во духот, и божествената сила го исполнила нејзиното срце. Зашто, каде што е присутна оваа сила, таа неопходно таму си создава стан и станува нешто како неодвоив имот. Затоа и 1 оспод, знаејќи што и подарил, рекол: „Марија го избра добриот дел" (Лука 10, 42). Но, со време, и тоа што го правела Марта, со желба да услужи, ја довело до истиот дар. Зашто и таа ја добила божествената сила во својата душа.  

17. И што има чудно ако оние што Му пристапувале на Господа и биле прилепени за Него добивале телесна сила? Понекогаш апостолите кажувале збор и Духот Свет слегувал врз верните (Дела 10, 44). Кога го слушнал словото, Корнилиј добил сила. Тогаш, колку поголема сила се јавувала кога Господ и зборувал на Марија, или на Закхеј, или на грешницата, која ги расплела косите и со нив Му ги бришела нозете на Господа, или на Самарјанката,  или  на разбојникот,  и Духот Свет  влегувал  во единство со нивните души. И сега оние што Го љубат Господа, што оставиле се и постојано престојуваат во молитва, на таинствен начин се научуваат на она што не го знаеле. Самата вистина, во согласност со нивната слободна волја, им се открива и ги поучува: „Јас сум вистината" (Јован 14, 6). Самите апостоли, додека биле заедно со Господа пред крстот, виделе големи знаци: како се исчистувале лепрозните и воскреснувале мртвите. Но не знаеле како божествената сила престојува и дејствува во срцето. Не знаеле дека тие самите одново ќе се родат духовно, ќе стапат во единство со небесната душа и ќе станат нова твар. Тие Го љубеле Господа поради знаците што ги правел. На крајот, Господ им рекол: Што се восхитувате од знаците? Јас ви давам големо наследство, какво што нема целиот свет.

18. Но додека Господ не воскресна од мртвите и не го вознесе телото на небото заради нас, за нив Господовите зборови беа се уште чудни. И тогаш на нив слезе Духот Утешител и стапи во единство со нивните души. Самата Вистина се покажува во душите на верните и небесниот човек му пристапува на твојот човек и меѓу нив настанува единствено заедничарење. Според тоа, самото ова со време ги доведува тие што престојуваат во служење и со сето срце прават се од ревност според верата, од љубов кон Бога, до знаење на самата Вистина. Зашто Господ се открива на нивните души и ги поучува да живеат заедно со Духот Свет. Слава и поклонување на Отецот и Синот и Светиот Дух во вековите! Амин.

Издавач: ЃаконијА

Посети:252

Друго:


 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная