логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БЕСЕДА 27
Во оваа беседа завршува опширното размислување, почнато во претходната беседа, за достоинството и состојбата на човекот христијанин; таа не поучува на многу преполезни нешта за волноста, додавајќи и некои прашања исполнети со божествена мудрост.

1. Разбери ја, човеку, својата благородност и своето достоинство - колку си ти скапоцен, брат Христов, пријател на Царот, невеста на Beseda27.jpgНебесниот младоженец! Кој ќе успее да го познае достоинството на својата душа, ќе може да ја познае силата и тајната на Божеството и од ова уште повеќе да се смирува, затоа што со помош на Божјата сила човекот го гледа својот пад. Но како што самиот Христос претрпел страдања и крст, а потоа се прославил и седнал од десната страна на Отецот, така и ти треба заедно со Него да пострадаш и заедно со Него да се распнеш, и потоа да се издигнеш, заедно со Него да седнеш, да се соединиш со телото Христово и постојано со Христа да царуваш во оној век: „Само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме" (Рим. 8, 17).

2. Сите оние, коишто биле во состојба да ги надминат и да ги поминуваат пречките на гревот, влегуваат во мирниот и со многу богатства исполнет небесен град, каде што се успокојуваат духовите на праведниците. А за ова потребно е многу труд и голем подвиг. Инаку ќе биде неправедно Младоженецот, Кој дошол заради тебе, да страда и да биде распнат, а невестата, заради која дошол Младоженецот, да биде весела и да игра. Како што во видливиот свет блудницата непристојно се дава на секого, така и душата му се предала на секој демон и се развратува со духовите. Зашто едни прават грев и постапуваат лошо доброволно, а некои неволно. Што значи, пак, ова? - Дека оние што прават лошо доброволно, ја предаваат својата волја на порокот, се насладуваат од него, се дружат со него, во мир се со сатаната и во своите мисли не водат борба со ѓаволот. А оние што го прават тоа неволно, тие во себе имаат грев, според апостолот, кој војува против во нивните органи (сп. Рим. 7, 23), кај нив крај волјата (волноста) нивна стои некоја темна сила и покривка и тие не се согласуваат со помислите, не се насладуваат од нив, не им се покоруваат, туку им противречат и постапуваат спротивно на нив и се гневат самите на себе. Вториве се многу подобри и поскапоцени пред Бога отколку првите, кои доброволно му ја предаваат волјата своја на порокот и се насладуваат од него.

3. Замисли си дека некој цар сретнал некоја бедна девојка, облечена во партали, но таа не му била одвратна, туку ги симнал од неа нечистите облеки, ги измил валканиците, ја украсил со светли одежди, ја примил во царската придружба и и дал да седи на трпезата и да учествува во царската гозба. Така и Господ ја нашол душата ранета и пропадната, и дал лек, ги слекол од неа поцрнетите облеки и срамот на порокот, ја облекол во одежди царски, небесни, божествени, светлоносни и славни, и поставил венец (круна) и ја примил на царската трпеза, во радост и веселба. Замисли си градина со плодородни дрвја, каде се испушта убав мирис, со многу пријатни, навистина прекрасни места, полни со пријатни мириси. Кој и да влезе во таа градина, се развеселува и се смирува. Исто така и душите во царството живеат во потполна радост, веселба и мир, тие се таму, цареви, господари и богови. Зашто напишано е: „Цар над царевите и Господар над господарите" (1.Тим.6,15).

4. Според тоа, христијанството не е нешто со малечка важност, тоа е - голема тајна. Познај ја својата благородност, односно дека си повикан во царско достоинство, дека си - „род избран, царско свештенство, свет народ" (1. Петр. 2, 9). Тајната на христијанството е необична за овој свет. Видливата слава и богатството на царот се нешта земни, пропадливи, нешта кои поминуваат, а она царство и она богатство се божествени, небесни, славни, никогаш не поминуваат или никогаш не прекратуваат. Зашто во небесната Црква царуваат заедно со небесниот Цар. И како што самиот Тој е „првороден меѓу мртвите" (Кол. 1, 18), исто така се првородни и оние што царуваат заедно со Него. Но иако се такви избраните и искусните пред Бога, сепак тие самите себе се сметаат за мошне мали и сосема неискусни и за нив станало природно и несомнено да мислат дека се ниски или дури дека се ништо.

5. Прашање: Зар таквите не знаат дека им е придодадено она што го немале и дека стекнале нешто необично за својата природа?
Одговор: Ти велам дека тие себеси не се сметаат за искусни и напреднати, не знаат дека стекнале нешто што немале. Благодатта, којашто слегува на таквите луѓе, самата ги учи, иако напредуваат, да не ги сметаат своите души за скапоцени, а природно да мислат за себе дека не значат ништо. И иако се скапоцени пред Бога, тие не се такви самите за себе. Со своето напредување и знаење на Бога, сметаат за себе како ништо да не знаат и, богати пред Бога, самите на себеси изгледаат сиромашни. Како што Христос, откако прими вид на слуга, Го победи ѓаволот со смиреномудрие, така змијата во почетокот го сруши Адам преку гордоста и надменоста. И сега таа змија, која преку надменоста се вселува во срцата, го руши и погубува родот христијански.

6. Замисли си еден слободен човек, благородник, во светот, кој веќе има големо богатство, а има и уште приходи, прибира плодови, па се заборава и станува вообразен и, станувајќи неподнослив за сите, гази секого под нозете и секого навредува. Така се случува со некои. Тие, бидејќи немаат расудливост, а стекнале некое спокојство и дар на молитва, почнале да стануваат надмени, да се забораваат и да ги осудуваат другите и, на тој начин, паднале во земниот пекол. Истата, пак, змија, којашто го истерала Адама преку гордоста, велејќи му: ќе бидете како богови, и сега во срцата ја вложува гордоста, велејќи: ти си совршен, доволно е од тебе, веќе си се збогатил, немаш повеќе никаква потреба, блажен си. Други, пак, во светот и богатство имаат и од него си собираат приходи, собираат голем плод, но се држат до расудувањето, не се фалат, не се превознесуваат, туку се рамнодушни, зашто знаат дека по добивката следува лишеност. И повторно, кога ќе им се случи да имаат некаков недостаток или да бидат лишени од нешто, не се нажалуваат, туку се рамнодушни, затоа што знаат дека по ова доаѓа изобилство. И откако не еднаш го искусиле и едното и другото, не се чудат. Со добивките и изобилството не се гордеат, и кога ќе се случи да бидат во лишеност, не се вознемируваат.

7. Според ова, делото на христијанството се состои од следново: од хранењето со вистината, од тоа како храна и пиење да се има вистината, а притоа да се вкусува и пие според мерката на силите и на активноста. Замисли си извор, и таму некој жеден човек, кој почнува да пие, а потоа, додека тој пие, некој го оттргнува и не му дава да се напие колку што сака. Па откако се напил малку од водата, во него жедта уште повеќе се зголемува и тој се повеќе сака да пие. Така е и со духовното. Некој веќе вкусува и се причестува со небесната храна, и веднаш, во тоа исто време, го прекинуваат и не му даваат да се насити до крај.

8. Прашање: А зошто не му даваат да се насити од небесната храна?
Одговор: Господ ја знае немоќта човечка, дека човекот брзо почнува да си вообразува дека е нешто, затоа го прекинува и го остава во непрестајна вежба и возбуда. Зашто, ако стануваш надмен и неподнослив за сите кога нешто малку ќе добиеш, колку понеподнослив би бил ако одеднаш ти се даде да се наситиш. Но Бог, знаејќи ја твојата немоќ, според Својот план ти испраќа маки за да станеш смирен и поревносно да Го побараш Бога. Некој сиромашен човек во светот нашол ќесе со злато, па лесномислено почнал да вика: Најдов, најдов ќесе, богат сум! Откако се пронел гласот за ова, дошол и до оној што го загубил ќесето, па тој си го зел назад. Друг некој богат човек се заборавил, па почнал да гази по сите, сите да ги навредува, да се гордее над другите. А царот, кога чул за ова, му го запленил имотот. Така е и во духовното. Некои, ако вкусат малку од спокојството, не умеат да го користат, па го губат и тоа што го стекнале, затоа што гревот ги искушува и им го помрачува умот.

9. Прашање: Зошто некои паѓаат откако ќе ги посети благодатта? Нели е точно дека во нив сатаната е далеку послабо активен? Зашто како е можно да има ноќ таму каде што има ден?
Одговор: Не паѓаат затоа што благодатта згаснува или се губи. Бог, пак, и дозволува на злобата да дејствува за да ја испита твојата волја и твојата слобода, на каде се тие наклонети. Така што ти, приближувајќи се повторно, по своја волја, кон Господа, одново ја повикуваш благодатта да те посети. Затоа што, зошто е напишано: „Не гаснете Го Духот" (1. Сол. 5, 19), кога Тој е незгаслив и светлоносен? - Затоа што ти, не трудејќи се за Духот и не согласувајќи се со Него по своја волја, се гасиш за Духот. И Писмото слично зборува: „Не Го оскрбувајте Оветиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето" (Ефес. 4,30). Гледаш дека од твојата волја и од твојата волност зависи дали ќе Го почитуваш Светиот Дух и нема да Го оскрбуваш. А јас ти велам дека слободната волја постои и во совршените христијани, коишто се пленети и опиени од доброто. Затоа, испитани преку илјадници зла, тие се обраќаат кон доброто.

10. Замисли си луѓе кои се во некој висок чин, богати и благородни. И, ете, тие по своја волја и доброволно го оставаат богатството и благородството и своите чинови, па заминуваат, се облекуваат во нечисти и бедни облеки, и наместо славата во неславност, живеат во беда и понижување. Тоа зависи од нивната сопствена волја. А јас ти велам дека и на апостолите, совршени во благодатта, благодатта не им попречувала да прават што сакаат, дури и кога би посакале да направат нешто што не и е угодно на благодатта, затоа што нашата природа е приемлива и за доброто и за лошото. И, спротивната сила може да поттикнува, а не да принудува. Најпосле, ти имаш слободна волја да се свртиш кон она што ти е тебе угодно. Нели гледаш дека Петар „се беше изложил на осудување" (Гал. 2, 11) и Павле му се спротистави и го разобличи? И таков човек можел да се изложи на осудување! Па и Павле, човек духовен, по своја сопствена волја влегол во расправија со Варнава и, како последица на расправијата, тие се разделиле (Дела 15, 39). И тој, пак, повторно вели: „Вие духовните поправајте го таквиот... пазејќи се и вие да не бидете искушани" (Гал. 6, 1). Ете, и духовните паѓаат во искушение, затоа што во нив се уште останува слободната волја и на нив напаѓаат непријателите се додека се во овој век.

11. Прашање: Можеле ли апостолите да згрешат, ако посакале? Или, пак, благодатта била посилна и од самата волја?

Одговор: Тие не можеле да згрешат, затоа што, престојувајќи во светлината, и при толкава благодат, не се гордееле. Впрочем, не велиме дека благодатта во нив била немоќна, туку тврдиме дека благодатта и на совршените духовни луѓе им дозволува да имаат своја волја и можност да прават што сакаат и да се обраќаат кон она што им е ним угодно. И самата човечка природа, како слаба, може да се оттргне од доброто, коешто живее со неа. Како што облечените во целосна воена опрема, во оклоп и во останатите оружја, се внатрешно заштитени и непријателите не ги напаѓаат, или можеби и ги напаѓаат, но веќе од нивната волја зависи дали ќе го употребат оружјето, ќе им се спротистават на непријателите, ќе влезат во борба со нив и ќе ги победат, или, иако имаат оружје, нема да војуваат со непријателите, туку заедно со нив ќе се веселат и ќе бидат во мир, така и христијаните, облечени во совршената сила и кмајќи го небесното оружје, ако посакаат се насладуваат заедно со сатаната и живеат во мир со него, а не војуваат, затоа што природата можно е да се менува и човекот, поради слободната волја којашто останува во него, ако посака, се прави син Божји или пак син на погибелта.

12. Една работа е да се размислува за лебот и трпезата, а друга работа е да се јаде и во себе да се прима хранливото дејство на лебот и сите членови (органи) да закрепнуваат. Една работа е да се разговара за најслаткото пиење, а друга работа е да појде и да се нацрпе од самиот извор, и да се насити човек од тоа слатко пиење. Една работа е да се расудува за војната, за храбрите борци и војници, а друга работа е човекот да влезе во строј и да стапи во бој со непријателите, да напаѓа и да се повлекува, да прима и нанесува удари, и да победува. Исто така и во духовното една работа е човек да си го објаснува она што е кажано само преку знаењето и преку умот, а друга работа е суштински, на дело, со несомненост, во внатрешниот човек и во умот да го има богатството, благодатта, вкусот и енергијата на Светиот Дух. Оние кои кажуваат само зборови, мечтаат и се дујат со својот ум. А нашето слово, како што е речено, и нашата проповед не е „во убедливи зборови на човечка мудрост, туку во пројава на Духот и силата" (1. Кор. 2, 4). И уште на едно друго место, апостолот вели: „А целта на заповедтта е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера" (1. Тим. 1, 5). Таквиот не паѓа. Зашто многумина од оние, кои Го побарале  Бога  им   била  отворена  вратата,  ја  виделе ризницата и влегле внатре. И штом, радосни, почнале да велат: Ја пронајдовме ризницата - Бог ги затворил вратите пред нив. Тие почнале да офкаат од желба, да плачат и да тажат: Ја најдовме ризницата и ја загубивме. Според планот што постои за секого однас, благодатта се оддалечува   од   нас   за ние посилно да ја посакаме. Ризницата се покажува според мерката на сакањето.

13. Прашање: Некои велат дека човекот, откако ќе ја прими благодатта, преминува од смрт во живот. Па, може ли човек кој престоЈува во светлината да има нечисти помисли?
Одговор: Напишано е: „Откако почнавте со Духот, со телото ли сега завршувате" (Гал. 3,3)? Уште, апостолот вели: „Облечете се во сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство" (Ефес. 6, 11). Според овој збор, постојат две места во кои човекот се облекува во оружје и во кои води борба со началата и со властите, т.е. или во светлината или во темнината. И уште: „Ќе можете да ги угаснете сите вжештени стрели на лукавиот" (Ефес. 6, 16), и уште: „Не Го оскрбувајте Светиот Дух Божји" (Ефес. 4, 30). И исто така: „Оние, кои веднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа учесници на Светиот Дух. И, откако вкусија од добриот збор Божји и од силите на идниот век, отпаднаа - не е можно пак да бидат обновени" (Евр. 6, 4-6). Ете, просветените и оние кои вкусиле отпаѓаат. Гледаш дека човекот има волја да се согласува со Духот и има волја да Го оскрбува. А несомнено е дека добива оружје токму затоа да оди во бој и да се бори со непријателите, несомнено е дека е просветен заради тоа да војува против темнината.

14. Прашање: Во која смисла апостолот вели: И да го имам секое знаење и секое пророштво и да зборувам на ангелски јазици, ништо не сум (сп. 1. Кор. 13, 1 и 2)?
Одговор: Ова не треба да го разбираме во смисла дека апостолот не е ништо, туку дека во споредба со онаа љубов којашто е совршена овие дарови се се уште малечки и оној кој се наоѓа на овој степен, паѓа, а оној што ја има љубовта, не може да падне. А јас ти велам дека сум видел луѓе коишто ги имале сите дарови и станале причесници на Духот, но бидејќи не ја достигнале совршената љубов, паѓале. Некој благороден човек се одрекол од светот и го продал својот имот и ги ослободил робовите и како благоразумен и трезвен човек се прославил со чесниот живот. Меѓутоа, се вообразил и станал надмен, па најпосле паднал во распуштеност и во илјадници зла.

15.  Еден друг човек, за време на прогоните го предал своето тело и отпосле, откако настапил мирот, како исповедник бил ослободен и бил многу уважуван: му биле изгорени веѓите и трепките од тоа што го мачеле ставајќи го во жежок дим. И него, кого што го славеле, го повикале на молитва, па зел леб и му го дал на своето дете, а неговиот ум попаднал во таква состојба, како никогаш да не го слушнал Божјото слово. Еден друг човек го предал своето тело на мачење за време на прогоните, го оставале да виси закачен и го стружеле, а потоа бил фрлен в затвор. Нему му служела, според верата, една девојка и тој, откако се зближил со неа, додека бил во затворот, паднал во блуд. Размисли зошто паднале и оној богатиот, кој го продал својот имот, и оној кој телото свое го предал на измачување?

16. Еден друг благоразумен подвижник, кој живееше заедно со мене во иста куќа и заедно со мене се молеше, беше толку богат со благодат, што паѓаше во умиление покрај мене, затоа што во него се прелеваше благодатта. Му беше даден дар на исцелување и не само што ги истеруваше бесовите, туку со положување раце ги исцелуваше и парализираните во рацете и нозете, кои имаа силни болки. Но потоа престана да се труди, прославуван од светот и, насладувајќи се сам од себе, се погордеа и падна во најголемата длабочина на гревот. Забележи, значи, дека паднал и оној кој имал дар на исцелување. Гледаш ли како паѓаат оние кои не стигнале до мерката на љубовта? А оној што ја достигнал љубовта, што е окован и опиен од неа, тој е потонат и заробен во еден друг свет и како да не ја чувствува својата сопствена природа .

17. Прашање: Што значат зборовите: „Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна" (1. Кор. 2, 9)?
Одговор: Во она време, големите праведни цареви и пророци знаеле дека ќе дојде Избавителот, но не знаеле, немале чуено и ниту на срцето не им дошло дека Тој ќе пострада и ќе биде распнат, дека ќе се пролее крв на крст, дека ќе има крштавање со оган и Свет Дух, дека во Црквата ќе се принесуваат леб и вино како образ на Неговата плот и крв, дека оние што ќе се причестуваат со видливиот леб духовно ќе ја јадат плотта Господова, дека апостолите и христијаните ќе Го примат Утешителот и ќе се облечат со силата одозгора и ќе се исполнат со Божеството, дека душите ќе се удостојат за соединување со Светиот Дух. Ова не го знаеле царевите и пророците, ова ниту на срцето нивно не им доаѓало. А сега христијаните на друг начин се збогатуваат и се исполнуваат со љубовта кон Божеството, но иако имаат таква радост и таква утеха, остануваат во страв и трепет.


18. Прашање: Во каков страв и трепет остануваат христијаните?
Одговор: Страв да не попуштат во нешто, туку да останат во согласност со благодатта. Замисли си човек кој со себе носи некое богатство и поминува низ некое место, каде што има разбојници. Тој му се радува на богатството, но истовремено и се плаши да не го нападнат и ограбат разбојниците и се наоѓа во таква состојба, како божем сопственото свое тело да си го носи во рацете. Зашто, ете, навидум ние сите сме се одрекле од светот, станавме туѓинци и не не интересира стекнувањето имот, се лишивме од телесно општење, најпосле, ете, телото ни е преклонето на молитва, но ние, браќа, треба да се потрудиме да разбереме дали нашиот ум е согласен со телото. Како што во светот уметниците и занаетчиите во најголем дел своето тело, а исто така и умот, дење и ноќе го предаваат на уметноста, така и ти, најпосле, обрни внимание на себе, дали навистина, кога телото ти е оттргнато од овој свет, и твојот ум е отуѓен од овој век и дали навистина тој веќе не кружи во светот? Зашто кај секого кој живее во светот, дали е војник, дали трговец, каде што му е приврзано телото, таму е приврзан и неговиот ум, таму е неговото богатство. Бидејќи напишано е: „Каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше" (Мат. 6, 21).

19. Најпосле: кон која ризница е устремен твојот ум? Дали Му е целосно предаден на Бога или не? Ако не е, тогаш, кажете ми, што го попречува тоа? - Се разбира, лукавите духови, сатаната и демоните го задржуваат умот и ја попречуваат душата. Препредениот ѓавол, кој има на располагање разни катанци, тројни врати и многу итроштини, ги освојува душевните пасишта и помислите и не дозволува човек правилно да се моли и да Му се приближува на Бога, затоа што самата природа може да биде во општење со демоните и лукавите духови исто како и во општење со ангелите и со Светиот Дух. Таа бива храм на сатаната и храм на Светиот Дух. Затоа обрнувајте внимание на вашиот ум, браќа, со кого тој општи, со ангелите или со демоните? Чиј храм е тој, дали е Божјо живеалиште или ѓаволско? Со какво богатство е исполнето срцето, со благодатното ли или со сатанското? Според ова, исто како и смрдливата и нечиста куќа, потребно е и срцето целосно да се исчисти, да се украси и наполни со секаков убав мирис и со секое богатство, па, наместо сатаната, да дојде Духот Свет и да отпочине во душите христијански.

20. Впрочем, човекот не станува достоен за добриот дел во истиот час кога ќе го чуе Божјото слово. А кога би бидо така, во истиот миг кога ќе чуе да стане достоен за добриот дел, тогаш веќе не би имало подвизи и не би доаѓало до борби, ниту би имало борилишта, туку секој без труц, штом ќе чуе, би стасувал до спокојството и до мерката на совршенството. Меѓутоа, во реалноста не се случува така. Ако тврдиш поинаку му ја одземаш на човекот волјата и го негираш постоењето на спротивната сила, којашто се бори против умот. А ние велиме дека оние што го слушаат словото се понизуваат, а потоа, со оглед на тоа што благодатта, според Божјиот план во полза на човекот, се оддалечува од него, тој почнува да се вежба и да се поучува во борбата, се бори и се подвизува против сатаната и, по долго натпреварување и борење, победува и станува христијанин. А кога би се случувало само преку слушање, без труд, човек да го достигнува добриот дел, тогаш и лицемерите и сите блуцници би влегле во царството и во животот. Но никој нема да им го даде животот без труц и подвиг, затоа што патот е тесен (Мат. 7,14). По тој нерамен пат и треба да се оди и да се трпи, и да се поднесуваат маки и, на тој начин, да се влезе во животот.

21. Кога би било можно без труц да се напредува, тогаш христијанството веќе не би било камен за сопнување и камен за соблазна, не би имало ниту вера, ниту неверие. Освен тоа, го правиш човекот неслободен, да не може да се наклони ниту кон доброто, ниту кон злото, затоа што законот му е даден на оној, кој може да се наклонува и на едната и на другата страна, кој има слободна волја да води борба со спротивната сила. А законот не се однесува на неслободната природа. Со законот не се обврзани ниту сонцето, ниту небото, ниту земјата, затоа што овие твари имаат неслободна природа, па според тоа ниту чест заслужуваат, ниту подлежат на казна. Зашто славата и честа се подготвени за оној, кој може да се наклони кон доброто; а исто така и геената и казната се подготвени за онаа променлива природа, способна да го одбегнува злото и да се наклонува кон доброто на десната страна. А ти, ете, тврдиш дека човекот има неслободна природа и, следствено, не признаваш дека добриот човек е достоен за пофалба. Зашто оној што е добар и прави добро според својата природа, тој се уште не е достоен за пофалба, макар и да е достоен за љубов; доброто, коешто е добро не по слободна волја, не е за пофалба, макар и да е посакувано. А за пофалба е достоен оној кој со својата сопствена ревност, со напор и со борба го избрал доброто по своја слободна волја.

22. Замисли си персиски логор и римски логор. И, ете, излегол од секој од нив по еден младич, окрилен со храброст, и кај двајцата силите се еднакви и почнуваат да се борат. Исто така и спротивната сила и умот имаат еднаква моќ и сила - како што сатаната ја привлекува и на измама ја вовлекува душата во својата волја, исто така и душата се противи и во ништо не му се покорува; затоа што и двете сили можат само да поттикнуваат, а не и да принуцуваат на зло и добро. На таквата слободна волја и се дава Божјата помош и таа може преку борба да добие оружје од небото и со него да го победи и искорени гревот; затоа што душата може да му се противи на гревот, но не може да победи или да го искорени злото без Бога. А тие што тврдат дека гревот е сличен на силен исполин (џин), а душата е слична на момче, зборуваат лошо. Зашто кога нееднаквоста би била толкава и гревот би бил сличен на исполин а душата на момче, тогаш би бил неправеден Законодателот, Кој на човекот му дал закон - да води борба со сатаната.

23. Еве ја основата на патот кон Бога - со големо трпение, со надеж, со смиреномудрие, во духовно сиромаштво, со кроткост да се оди по патот на животот. Преку ова човекот може самиот по себе да стекне оправдување, а под оправдување го разбирам самиот Господ. А самите заповеди кои го повелаат тоа се нешто како патокази и знаци на царскиот пат, кои ги водат оние што одат по него во небесниот град. Зашто Господ вели: Блажени се бедните по дух... блажени се кротките... блажени се милостивите... блажени се миротворците (Мат. 5, 3-9). Ова е христијанството! А ако некој не оди по овој пат, тогаш тој скита по распаќата и поставил лош темел. Слава на штедростите на Отецот и Синот и Светиот Дух во вековите! Амин.

Издавач: ЃаконијА

 

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная