логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Beseda26.jpg

БЕСЕДА 26

За достоинството, драгоценоста, силата и делувањето на бесмртната душа и за тоа како сатаната ја искушува, а и како таа се избавува од искушенијата. Овде се додадени и неколку мошне поучни прашања.

1. Проникни, возљубен, во умната суштина на душата - проникни вистински, а не само малку Бесмртната Душа е некаков скапоцен сад. Гледај колку се големи небото и земјата, а на Бога тие не му се најмили, туку ти. Погледни го своето достоинство и благородност, зашто Господ не испратил ангели, туку дошол Самиот како застапник за тебе, за да го повика загинатиот, изнаранетиот, да ти го поврати оригиналниот лик (образ) на чистиот Адам. Човекот бил господар на се, почнувајќи од небото, па се до најдолното. Умеел да ги разликува страстите, им бил туѓ на демоните, чист од гревот или пороците, бил Божјо подобие, но погинал поради престапот, станал ранлив и мртов. Сатаната му го помрачил умот. И во едни нешта човекот е реално мртов, а во други живее, расудува, има волја.
2. Прашање: Дали по доаѓањето на Светиот Дух се искоренува, заедно со гревот, и природната похота?
Одговор: Претходно реков дека и гревот се искоренува и човекот го восприема оригиналниот лик на чистиот Адам. Преку силата на Духот и како последица на духовното раѓање, човекот доаѓа до мерката на првиот Адам и станува дури и повеќе од него; затоа што станува обожен.
3. Прашање: Дали на сатаната му се допушта да делува до одредена мерка, или напаѓа на нас колку што сака?
Одговор: Тој не е устремен само на христијаните, туку и на идолослужителите и на целиот свет. Затоа, кога би му било дозволено да напаѓа колку што сака, би ги истребил сите. А зошто? - Затоа што тоа е неговото дело и таква е неговата волја. Но, како што грнчарот, кога става садови во огнот, печката ја разговува до одредена мерка, не премногу, за да не се случи садовите печени подолго од одреденото време да напукнат, и не премалку, за да не останат неиспечени и попусто да пропаднат; а исто така и оној што изработува разни предмети од сребро и злато го распалува огнот до одредена мерка, и ако го засили огнот, тогаш златото и среброто се растопуваат, преминуваат во течна состојба и се уништуваат; и умот човечки умее да ја прилагодува тежината на силите на товарното животно, или на камилата, или на некое друго животно, колкава тежина можат да понесат; колку повеќе Бог, Кој ја знае цврстината на човечките садови, знае и во која различна, но одредена мерка, да и допушти на спротивната сила да дејствува. 
4. Како што земјата е една и иста, ама некаде е тврда, а некаде е плодна, на едно место добра да се насади лозје, а на друго - пченица и јачмен, така се различни и срцата и волјите човечки, а според ова се даваат и даровите одозгора: на еден му се дава служење на словото, на друг расудување, а на трет дарот на исцелување. Бог знае како кој може да го употреби она што му е дадено и во согласност со тоа ги дава различните дарови. А слично на ова во борбите Бог и допушта на спротивната сила да дејствува на луѓето, зависно од тоа кој колку може да прими и да ја издржи борбата.
5. Прашање: Дали оној кој во себе ја примил божествената сила и делумно се изменил останува во својата природа?
Одговор: Природата останува иста, со цел и по примањето на благодатта да биде испитувана волјата, кон што е таа наклонета и со што е согласна, па на суровиот човек му се остава неговата суровост, а на нежниот - неговата нежност. А бива и тоа, некој што е според разумот незналец, духовно да се прероди, да се преобрази во мудар човек, и скриените тајни му стануваат познати, а според природата е незналец. Друг, суров според природата, ја предава својата волја на благочестието и Бог го прима, а природата си останува во својата суровост. Но Бог е одоброволен кон него. Друг има добра нарав, скромен е, добар, Му се посветува на Бога, и Господ го прима. А ако не останува во добри дела, тогаш Господ кон него не е благоволен. Целата Адамова природа може да се наклонува и кон доброто и кон злото, приемлива е за злото, но може да не прави зло ако сака.
6. Како што во бележникот се запишани различни работи, во него си запишувал се што си сакал, а потоа повторно си го бришел, затоа што бележнИкот прима секаква забелешка, така и суровиот човек Му ја предал својата волја на Бога, се свртел кон доброто, и Бог го прифатил; затоа што Бог, сакајќи да ја покаже Својата милосрдност ги прифаќа сите и секоја волја. Кога апостолите влегувале по градовите, таму поминувале некое време, и едни страдалници исцелувале, а други не. Самите апостоли би сакале во овие градови да ги оживеат сите мртовци и сите страдалници да ги направат здрави. Но нивната желба не се исполнувала потполно. Зашто не им било дадено да прават се што сакаат. Слично на ова и Павле, кога бил задржан од управникот, кога би благоволила благодатта, што била со него, како човек кој во себе Го имал Утешителот, би можел да ги уништи и управникот и ѕидот. Меѓутоа, апостолот бил спуштен во кош (2. Кор. 11, 32). Каде била, пак, божествената сила, којашто била со него? Ова се случувало според Божјиот план, во некои работи апостолите да прават знаци и чудеса, а во други да се покажуваат немоќни, за преку ова да може да се види разликата во верата кај верните и неверните, да би се испитувала човечката слобода и да биде јасно дали некој се соблазнува од нивната немоќ. А кога апостолите би правеле се што сакале, тогаш преку своите знаци и преку својата волја тие би ги утврдувале луѓето во богочестие некако присилно и не би имало веќе место ниту за верата, ниту за неверието. Христијанството, пак, е камен за сопнување и камен за соблазна.
7. Јасно е и тоа што е напишано за Јов, како сатаната Го молел Бога да му го предаде; затоа што сам по себе, без дозвола, не можел да направи ништо. Што Му вели ѓаволот на Господа? - Дај ми го во моите раце „ќе Те благослови ли тогаш" (Јов 1, 11)? Така и сега, и Јов е истиот, и Бог е истиот, и ѓаволот е истиот. Во истото време кога Јов ја познавал Божјата помош, бил ревносен и пламтел по благодатта, сатаната го бара за себе и Му вели на Господа: Тој Ти служи Тебе зашто му помагаш и го штитиш. Осплави го и предај ми го мене. Ќе Те благослови ли тогаш? Најпосле, некако како да е поради самото тоаЈ што душата се утешува, благодатта отстапува од неа и душата се предава на искушенија. Значи, доаѓа ѓаволот и и нанесува илјадници беди, безнадежност, очај, лукави пОмисли и ја напаѓа душата за да ја ослаби и да ја отстрани далеку од надежта на Бога.
8. А душата којашто е благоразумна, и во неволјите и во маката не ја губи надежта, туку го поседува она што и го поседувала, и што и да и се случило, среде илјадници искушенија, се претрпувајќи, вели: И да умрам, нема да Го оставам. И тогаш, ако човекот претрпи до крајот, Господ почнува да расправа со сатаната: Гледаш ли колку зла и колку маки му предизвика, и тој не те послуша, но Ми служи Мене, од Мене се бои. Тогаш ѓаволот се засрамува и веќе ништо не може да каже. Зашто, кога би знаел и за Јов, дека тој, откако ќе биде ставен во искушенија, ќе ги претрпи и нема да дозволи да биде победен, тогаш не би ни Го молел Бога да му го предаде, за да не биде посрамен. Така и сега, оние што ги претрпуваат маките и искушенијата, го посрамуваат сатаната и тој зажалува зашто ништо не му успеало. Зашто Господ почнува да му упатува вакви зборови: Ете, го оставив на твојата волја, ти дозволував да го искушуваш. А можеше ли ти нешто да направиш? Те послуша ли тој во нешто?
9. Прашање: Зар сатаната ги знае сите мисли и намери на човекот?
Одговор: Ако човек кој познава друг човек ги знае работите што се однесуваат на него и ти, откако си поживеал дваесет години, ги знаеш работите што се однесу-ваат на твојот ближен, тогаш како сатаната, којшто е покрај тебе од твоето раѓање, да не ги знае твоите мисли, кога тој има веќе 6000 години? Не велиме дека пред да го стави човекот во искушение тој знае што ќе прави чове-кот. Искушувачот искушува, но не знае дали душата ќе го послуша или нема да го послуша, се додека таа не ја предаде својата волја во ропство. Исто така, не велиме дека ѓаволот ги знае сите мисли и желби на срцето. Како што дрвото има многу гранки и многу членови, така има неколку гранки на мислите и намерите кои ги завладува сатаната, но постојат и други мисли и намери, кои сатаната не ги владее.
10. Во нешто, кога ќе се раздвижат мислите, се покажува посилна страната на злобата, а пак во нешто победата ја однесува човечката мисла, добивајќи помош и избавување од Бога и противејќи се на злобата. Во нешто човекот се совладува самиот, а во друго ја има својата волја. Се случува некогаш човек огнено да пристапува кон Бога. Сатаната го знае тоа и гледа дека човекот дејствува спротивно на него и не може да го завладее. А зошто? - Затоа што човекот има волја да повика кон Бога, ги има природните плодови од тоа што Го возљубил Бога, поверувал во Него, Го побарал и пристапува кон Него. Зашто и во видливиот свет земјоделецот ја обработува земјата. Така и во духовниот, нештата се претставуваат во два вида. Затоа човекот треба, по својата сопствена волја, да ја обработува земјата на своето срце и да се труди. Затоа што Бог од човекот бара труд, усилба и работа. Но ако не се појават одозгора небесните облаци и благодатните дождови, тогаш ништо нема да му успее на земјоделецот кој се труди.
11. Еве го обележјето на христијанството: Колку и да се потрудиш, колку и да направиш праведни дела - да остануваш во мислата како ништо да не си направил; постејќи да велиш: не постев; молејќи се: не се молев; ако си престојувал подолго во молитва: не се молев долго, штотуку ги започнувам подвизите и напорите. Макар и да си праведен пред Бога, треба да велиш: не сум праведник, не се трудам, секој ден само почнувам од почеток. Но христијанинот исто така треба секој ден да има надеж, радост, и да го очекува идното царство и избавувањето и да верува: ако сега не сум избавен, ќе бидам избавен утре. Оној кој насадува лозје, радосен е и има надеж уште и пред да се фати за работа. И кога се уште нема вино, во умот живо си го претставува плодот, си ги пресметува приходите, и со такви мисли во главата се фаќа за работа. Надежта и очекувањето го тераат напорно да работи и тој си дозволува да направи и големи трошоци во домот. Слично и оној кој гради куќа и земјоделецот, отпрвин трошат многу од својот имот, надевајќи се на идната добивка. Така и овде, ако човекот пред очите ја нема радоста и надежта дека ќе добие избавување и живот, тогаш нема да смогне сили да истрпи маки и да преземе товар на себе и одење по тесен пат. А надежта и радоста што го следат прават тој да се труди, да поднесува маки и да презема товар на себе и да оди по тесниот пат.
12.  Како што е тешко да се избега од оган, така и душата само со голем труд успева да избега од огнот на смртта. Сатаната најчесто и ги дава своите сугестии на душата, претставувајќи ги како добри мисли, дека преку тоа може да Му се благоугоди на Бога, и ја вовлекува во суптилни потфати кои се чинат добри. А оној што се вовлекува во тоа не умее да направи разлика и затоа паѓа во мрежата и погибелта ѓаволска. Најглавното оружје за борецот и подвижникот е во тоа тој, откако ќе влезе во срцето, да почне борба со сатаната, да се замрази самиот себе, да се откаже од својата душа, да се гневи на неа, да ја прекорува, да им се противи на своите желби, на кои свикнал, да се расправа со помислите, да се бори самиот со себе.
13.  А ако ти видливо го чуваш своето тело од разврат и блуд, а внатрешно си правел блуд во своите мисли, тогаш пред Бога си прељубник и твоето девствено тело нема да ти донесе никаква полза. Како што ако некое момче со својата итрина измами некоја девојка и ја разврати, таа на својот младоженец му станува одвратна поради тоа што имала љубовник, така и бесплотната душа, којашто влегува во општење со змијата, односно со лукавиот дух кој живее внатре во неа, прави блуд пред Бога. И напишано е: „Секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое" (Мат. 5,28). Зашто постои блуд кој се извршува телесно, и постои блуд на душата, којашто влегува во општење со сатаната. Едната и иста душа е соучесник и сестра или на демоните, или на Бога и ангелите, и правејќи прељуба со ѓаволот, за Небесниот младоженец веќе станува неблагопотребна.
14. Прашање: Се примирува ли некогаш сатаната и се ослободува ли човекот од борбата, или треба да се бори се дури живее?
Одговор: Сатаната никогаш не се смирува во своите напади и човекот, се дури живее во овој век и ја носи плотта на себе, ги трпи неговите напади. Но кога разгорените стрели на лукавиот се угаснати, зар и тогаш тој му наштетува на човекот? Ако сатаната и доаѓа да се бори, неговиот противник е пријател на царот. Според тоа, кога царот е на страната на овој човек и го поддржува, самиот му помага, тогаш тој не трпи никаква штета. Зашто оној кој ги поминал сите чинови и степени и му станал пријател на царот, нему кој може да му наштети? Во видливиот свет, на некои градови царот им дава дарови и ги снабдува со животни резерви. Така, ако тие и поднесуваат малечки давачки, не трпат никакви загуби, штом толку добиваат и царот толку многу ги дарува. Така и христијаните имаат за себе прибежиште во Божеството, макар и што напаѓа на нив непријателот. Тие се облечени во сила и спокојство одозгора и борбата ни најмалку не ги вознемирува.
15. Како што Господ, оставајќи го настрана секое началство и секоја власт, се облекол во тело, така и христијаните се облекуваат во Светиот Дух и престојуваат во спокојство. Ако и настапува на нив борба однадвор, ако напаѓа сатаната, тие се внатрешно оградени со Господрвата сила и не ги вознемируваат нападите на сатаната. Кога тој Го искушувал Господа во пустината четириесет денови, Му наштетил ли воопшто со тоа што однадвор приоѓал кон Неговото тело? Во тоа тело бил Бог. Така и христијаните, иако се искушуваат однадвор, внатрешно се исполнети со силата на Божеството, и не трпат никаква повреда. Но ако некој стигнал до таква мерка, тоа значи дека дошол до совршената љубов Христова и до остварувањето на Божеството. А оној што не е таков, внатрешџо се уште води борба. Во еден миг е спокоен во молитвата, а во друг е во мака и борба. Зашто така Му е угодно на Господа; Господ го вежба човекот преку борбите, додека тој се уште е млад. И внатре се појавуваат некако како две лица, светлина и темнина, успокојување и жалост. Во еден миг се молат, наоѓајќи се во спокојство, а во друг се наоѓаат во збрканост.
16. Нели слушаш што вели Павле? Ако ги имам сите дарови, да позволам телото да ми изгори, да зборувам и на ангелски јазици, ако љубов немам, ништо не сум (1. Кор. 13,1-3). Зашто овие дарови само не упатуваат на совр-шенството. И оние кои ги достигнале, макар и да се во светлината, сепак се уште се млади (деца). Многу од браќата се издигнувале на овој степен и имале дарови на исцелување, откровенија и дар на пророштво. Но бидејќи се уште не биле стигнати до совршената љубов, во, којашто е врската на совршенството (Кол. 3, 14), се кре-нала борба на нив, и тие, предадени на неработливоста, паднале. Но оној што ја достигнува совршената љубов, тој веќе станува пленик и заробеник на благодатта. А оној кој постепено се приближува кон совршената мерка на љубовта, но се уште не дошол до тоа да стане заробеник на љубовта, тој се уште се наоѓа во страв, нему му се заканува борба и паѓање. И ако тој не се огради себеси, сатаната го срушува.
17. Така многумина паѓале во заблуда поради самото дејствување на благодатта во нив. Помислиле дека го достигнале совршенството и рекле: Доволно е, веќе немаме потреба од ништо. Но Господ е бесконечен и недостижен. И христијаните не смеат да речат дека постигнале нешто, туку се смируваат ден и ноќ. Во видливиот свет науките се неисцрпни и никој не ги знае научните работи, освен оној кој ги изучувал во доволна мерка. Така и овде, Бог е недостижен и неизмерлив за никого, освен за оние коишто вкусиле од она што го примиле од Него и кои ја сфаќаат својата немоќ. Ако некој што учел и малку ги знае науките дојде во некое село, каде што живеат необразовани луѓе, тогаш тие го слават, затоа што селските жители воопшто не умеат да судат за него. А ако истиот тој малку запознаен со науките дојде во некој град, каде што има луѓе красноречиви и учени, тогаш тој не се ни осмелува да се покаже и да зборува пред нив, затоа што учените ќе дадат за него иста таква оценка, како и за некој селанец.
18.  Прашање: Ако човек, кој се уште се наоѓа во борба, кога во неговата душа се дејствени и гревот и благодатта, се претстави од овој свет, каде оди тој, обземен и од едното и од другото?
Одговор: Оди таму, каде што умот ја поставил својата цел и она што го сака. Ти, ако на тебе навалуваат маки и борби, треба само да се спротиставиш и да го замразиш злото. Зашто, не зависи од тебе дали ќе дојде до борба, но од тебе зависи дали ќе го замразиш тоа. И тогаш Господ, гледајќи го твојот ум, дека се подвизуваш и Го љубиш Господа со сета своја душа, во еден час ја оддалечува смртта од твојата душа (тоа Нему не Му е тешко) и те прима во Својот скут и во светлината; во еден миг од времето те истргнува од челуста на темнината и веднаш те одведува во Своето царство. На Бога Му е лесно се да направи во еден миг. Доволно е само ти да имаш љубов кон Него. Бог од човекот ја бара неговата активност, затоа што душата е удостоена да биде во општење со Божеството.
19.  Не еднаш ја наведувавме приказната за земјоделецот, кој, откако се потруцил и ги ставил семињата во земјата, треба уште и да очекува дожд одозгора. А ако не се појават облаци и не дувне ветар, трудот на земјоделецот нема да му донесе никаква полза и семињата ќе лежат во земјата без се што им е потребно. Тоа примени го и на духовните нешта. Ако човекот се ограничи само на својата сопствена активност и не го прифати она што е невообичаено за неговата природа, тогаш тој не може да Му принесе на Господа достојни плодови. А во што се состои активноста на самиот човек? - Во тоа да се откаже, да се оддалечи од светот, да престојува во молитви, да бдее, да Го љуби Бога и да ги љуби браќата. Неговото лично дело е да престојува во сево ова. Но ако тој се ограничи на својата активност и не се надева да прими и нешто друго, и ако на душата не задуваат ветровите на Духот Свет, ако не се појават небесните облаци, ако не слезе дождот од небото и не ја ороси душата, тогаш човекот не може на Господа да Му принесе достојни плодови.
20. Напишано е, пак, дека работникот, кога ќе види прачка, којашто дава плод, ќе ја исчисти за да принесе повеќе плод; а прачката, којашто не дава плод ќе ја исече и изгори (Јован 15, 2). Човекот, кога пости, бдее, се моли, прави нешто добро, треба се да Му припишува на Господа, вака говорејќи: Кога Бог не би ме поткрепувал јас не би можел ниту да постам, ниту да се молам, ниту да го оставам светот. И Бог, гледајќи ја твојата доброволност, бидејќи тоа што е твое сопствено, направено со природните сили, Му Го припишуваш на Бога и Самиот ќе ти го дарува она што е Негово сопствено, она што е духовно, божествено, небесно. А што е тоа? - Плодовите на Духот, радоста и веселоста.
21. Прашање: Покажи ни ја разликата - зошто овие плодови се нарекуваат духовни, бидејќи ним им се слични и природните плодови, љубовта, верата, молитвата?
Одговор: Она што е твое сопствено, што самиот ти го правиш, макар и да е добро и благопријатно на Бога, сепак е нечисто. На пример, Го љубиш Бога, но несовршено. Доаѓа, пак, Господ, ти дава љубов неизменлива, небесна. Ти се молиш, и во истото тоа време природно кружат твоите помисли. А Бог ти дава чиста молитва, извршувана со дух и вистина. Во видливиот свет, земјата сама од себе најчесто раѓа трње. Земјоделецот ја опкопува земјата, внимателно ја обработува и ја засева. Сепак, растат и се рашируваат трњата и растенија што не се посеани, бидејќи на Адама по престапот му е кажано: „трње и троскот ќе ти раѓа" земјата (1. Мој. 3, 18). Земјоделецот одново се труди, го ископува трњето. Тоа уште повеќе се раширува. Сфаќај го ова духовно. По престапот земјата од срцето раѓа трње и троскот. Човекот ја обработува земјата, се труди, а трњето на лукавите духови се уште се раѓа. Потоа Светиот Дух и помага на човечката немоќ и Господ во оваа земја на срцето става небесно семе и ја обработува. И кога ќе падне овде Господовото семе, се уште се раѓа трње и троскот. Господ Самиот и човекот одново ја обработуваат земјата на душата и таму се уште никнуваат и се појавуваат седум лукави духови и трња, додека не настапи летото, не се умножи благодатта и не се исуши трњето од топлината на сонцето.
22. Иако порокот престојува во самата природа, сепак преовладува само таму каде што ќе си најде пасиште (храна). Нежните стебленца на пченицата можат да бидат задушени од плевелот. Но кога, со настапувањето на летото, растенијата ќе станат суви, тогаш плевелот ни најмалку не и штети на пченицата. Нека има и триесет мери чиста пченица, но има во неа и некоја примеса, и плевелот, на пример, ќе се покаже дека го има неколку грстови - плевелот ќе биде незабележлив во множеството пченица. Така и во благодатта: кога дарот Божји и благодатта се умножуваат во човекот и тој се збогатува во Господа, тогаш порокот, макар што делумно и останува во човекот, не може да му наштети и нема никаква сила над него или никаков дел во него. Зашто, затоа е и доаѓањето и промислувањето на Господа, со цел нас, заробените, виновните и потчинетите на порокот, да не ослободи и да не направи победници на смртта и гревот. Затоа браќата не треба да се чудат ако некој ги нажалува, зашто тоа се случува за преку тоа да се ослободат од порокот.
23. Во Стариот Завет Мојсеј и Арон, имајќи го свештенството, многу страдале. А Кајафа, кој седел на нивната катедра (седиште), самиот Го гонел и Го осудил Господа. Сепак Господ, укажувајќи на тоа дека треба да имаме почит кон свештенството, дозволил ова да се случи. Слично и пророците биле гонети од јудејскиот народ. Најпосле, Петар станал преемник на Мојсеј, кога му биле поверени новата Црква Христова и вистинското свештенство. Сега кај нас има крштавање со оган и дух и обрезување коешто се извршува во срцето, затоа што божествениот и небесен Дух престојува во умот. Но и овие совршените, додека се во плот, не се ослободени од грижите, поради слободата, и се наоѓаат во страв, поради што и се допушта да имаат искушенија. А кога душата ќе влезе во оној град на светите, само тогаш таа ќе може да живее без маки и искушенија, затоа што таму нема грижи, или маки, или напор, или старост, или сатана, или борба, туку таму има спокојство, радост, мир и спасение. Таму среде нив е Господ, Кој се именува Спасител, затоа што ги спасува заробените, се нарекува Лекар, затоа што го дава небесниот и божествен лек и ги исцелува душевните страсти, коишто во одредена мерка господарат над човекот. Кратко кажано: Исус е Цар и Бог, а сатаната -мачител и зол кнез.
24. Освен тоа, Бог и ангелите Негови сакаат овој човек да биде со нив во царството, а исто така и ѓаволот и неговите ангели сакаат тој да биде со нив. Значи, душата се наоѓа меѓу две суштества и зависно од тоа на која страна ќе се наклони душевната волја, човекот станува син на таа страна. Ако таткото го испраќа својот син во туѓа земја, каде што по патот ќе сретне ѕверови, тогаш му дава отрови и противотрови, па кога ќе го нападнат ѕверовите и змиите, да им даде отров и да ги убие. Така и вие трудете се да го добиете небесниот лек, целебен за душата, и кој исто така и служи како противотров, кој ги убива отровните ѕверови - нечистите духови. Зашто не е лесна работа да се стекне чисто срце; на човекот му се неопходни многу борби и труд за да ги исчисти совеста и срцето и во себе целосно да го искорени злото.
25. Се случува и тоа во некого да е благодатта, а срцето се уште не му е чисто. Затоа и паѓале луѓе. Тие не верувале дека заедно со благодатта во нив има и магла и грев. А сите праведници, одејќи по тесниот пат, до крајот Му благоугодувале на Бога. Авраам бил богат по Бога, а во однос кон светот се нарекувал себеси земја и пепел (1. Мој. 18,27).И Давид вели за себе: „Јас сум црв, а не човек, потсмев за луѓето и презир за народот" (Псал. 21, 6). Слично на нив и сите апостоли и пророци страдале, претрпеле понижување. Самиот Господ - Којшто е пат и Бог, Кој не дошол заради Себе, туку заради тебе, за да те направи образ на се што е добро - погледни во какво понижување дошол: Бог, Синот Божји, Царот и Синот на Царот примил вид на слуга. Тој ги дава целебните лекови и ги лечи ранетите, а според надворешноста изгледа како еден од ранетите.
26. Но, не пренебрегнувај го Божјото величие кога ќе Го видиш според надворешноста понижен и како да е еднаков на секого од нас: Тој ни се покажал таков заради нас, а не заради Себе. Размисли, зар не бил Тој понижен повеќе од секого во оној час кога викале: „Распни Го, распни Го", и кога се собирал народот! Како што во све-тот, ако управниците осудат некој злосторник, целиот народ се гнаси од него и го понижува, така и Господ, кога бил распнат, умира како осуденик, Кого фарисеите не Го сметале за ништо. Исто така, кога Му плукале в лице, кога Му го ставале трновиот венец, кога Го тепале по образите, зар ова не ја надминала секоја мерка на понижувањето? Зашто напишано е: „Грбот Свој го подметнав на оние што Ме биеја, и образите Свои - на оние што Ме удираа; лицето Свое не го скрив од подбив и плукање" (Иса. 50,6). А ако Бог поднел толку исмејувања, страдања и понижувања, тогаш ти, кој си кал и смртен по природа, колку и да се смируваш себеси, нема да направиш ништо слично на твојот Владика. Бог се смирил Себеси заради тебе, а ти и заради себе не се смируваш, туку се гордееш и се дуеш. Тој дошол за на Себе да ги земе маките и тежините, а тебе да ти го даде Своето спокојство, а ти не сакаш да имаш никаков напор и да страдаш, за преку тоа да можат да се исцелат твоите рани. Слава на Неговото страдање и долготрпение во вековите! Амин.

Издавач: ЃаконијА

 

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

 

Посети: {moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная