Монах Мојсеј Светогорец († 2014): Молчанието кое зборува (прв дел)
Кога човек молчи, тоа не мора да значи дека тој е рамнодушен, инертен, мрзлив и невнимателен. Обмисленото молчание, внимателното краткословие и отфрлањето на разговорливоста и озборувањето, значат претпочитање на тишината и избегнување на заморното многусловие, кое обично предизвикува разни проблеми, како што се кавгите со расправии и отуѓувањето. Сериозните луѓе зборуваат со своето сериозно молчание.