Литургиски собор за Соборот (31.5.2025)
Литургиски собор за Соборот
Годинава се навршуваат 1700 години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кого присуствувале и тројца македонски епископи: Александар, Епископ на Солун, Будиј, Епископ на Стоби и Дакиј, Епископ на Скупи. По тој повод денес, 31.5.2025 г., денот спроти Неделата која што сеправославниот свет ја посветува на светите отци од Првиот вселенски собор, во археолошкиот локалитет Стоби се отслужи Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј. Среде многубројниот верен народ дојден од сите краишта на Македонија, на Литургијата присуствуваа и поранешниот претседател г. Ѓорге Иванов, министерот за Култура и туризам г. Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска и претставници на локалните власти.
Годинава се навршуваат илјада и седумстотини години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кого присуствувале и тројца македонски епископи: Александар, Епископ на Солун, Будиј, Епископ на Стоби и Дакиј, Епископ на Скупи.
Присуството на македонски епископи на овој Собор е историски показател за длабоките корени на христијанството во Македонија, односно за тоа дека во тој период, на нашиве простори веќе постоел организиран христијански живот со добро раководена Црква и црковна заедница. Токму заради тоа, во сабота, на 31. 05. 2025 г. денот спроти Неделата на светите отци од Првиот вселенски собор, во Археолошкиот локалитет „Стоби“ ќе се отслужи Света Божествена Литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе македонски архиереи и со бројно свештенство.