логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ОТСЕКУВАЊЕ НА ЧЕСНАТА ГЛАВА НА
ЧЕСНИОТ; СЛАВЕН ПРОРОК; ПРЕТЕЧА И
КРСТИТЕЛ ЈОВАН


ГОЛЕМА ВЕЧЕРНА


✜✣✜


На Господи, повикав, стихири глас 6.

Кога бесрамниот Ирод славеше роденден, се исполни дадената клетва на непристојната играчица, бидејќи Претечевата глава, отсечена, им беше принесена на гостите на чинија. О гозбо одвратна, злосторничка, со убиство исполнета! А ние, пак, Крстителот, како најголем роден од жена, достојно чествувајќи го, блажен го именуваме.


Ученичката на селукавиот ѓавол играше и, за награда, Претечо, ја прими Твојата глава. О гозбо со крв исполнета! Подобро ќе беше за тебе да не се колнеш, беззакони Ироде, внуче на лагата. Но, иако се заколна, не за добро се заколна. Подобро ќе беше за тебе да ја прекршиш клетвата и живот да заработиш, отколку да ја одржиш и главата Претечева да ја отсечеш. А ние, пак, Крстителот, како најголем роден од жена, достојно чествувајќи го, блажен го именуваме.


    Не требаше ти, Ироде, заради љубов на сотоната и заради безумна распаленост блудна, да го осудиш на смрт изобличителот на прељубата. Не требаше неговата сечесна глава да ја даваш на беззакона жена, поради клетва за време на играње дадена! О, како се осмели да извршиш такво убиство! Како не изгоре гнасната играчица, среде гозбата, носејќи ја на чинија таа глава! А ние, пак, Крстителот, како најголем роден од жена, достојно чествувајќи го, блажен го именуваме.


Пак беснее Иродијада, пак е смутен нејзиниот ум.О играње лукаво и гозба со лага! На Крстителот му ја сечеа главата, а Ирод се вознемируваше. По молитвите на Твојот Претеча, Господи, дај им мир на душите наши.

✜✣✜

Слава, глас 6.
Кога бесрамниот Ирод славеше роденден, се исполни дадената клетва на непристојната играчица, бидејќи Претечевата глава, отсечена, им беше принесена на гостите на чинија. О гозбо одвратна, злосторничка, со убиство исполнета! А ние, пак, Крстителот, како најголем роден од жена, достојно чествувајќи го, блажен го именуваме.


И сега, богородичен.

Кој нема да те нарче блажена, тебе, Пресвета Дево, кој ли нема да го воспее твоето пречисто рождество, зашто Единородниот Син, Кој безвремено засветли од Отецот, истиот Он излезе од тебе, Чиста, откако се воплоти неискажливо; Он, Кој е Бог по природа и Кој, заради нас луѓето, стана и човек по природа; не во две лица разделуван, но во две природи неслиено познаван. Него моли Го, чиста, себлажена, да ги помилува душите наши.


✜✣✜


Литиски стихири самогласни, глас 1.


Како да те наречеме, Пророче! Ангел, апостол или маченик? Ангел, оти како бесплотен живееше; апостол, зашто ги научи народите; а маченик, бидејќи твојата глава се отсече за Христа! Него моли Го, да ги помилува душите наши.


Го славиме споменот за отсекувањето на главата Претечева: тогаш – на чинија крвта истекува, а сега – по вселената исцеленија излева.


Денес една неморална жена мајка, поради својата незаконска брачна врска, ѝ дава лукав совет на својата преосквернета ќерка да биде убиен најголемиот меѓу сите пророци. Имено: кога непријателски расположениот Ирод правеше гозба по повод својот роденден, таа успеа да изнуди од него заклетва дека ќе ѝ ја даде чудотворната и чесна глава на Божјиот проповедник. Безумниот цар тоа го исполни, кога ѝ ја даде главата како награда за женската игра поради клетвата, бидејќи тајникот на Христовото доаѓање не престана да ја изобличува нивната незаконска врска, туку изобличувајќи го, тој викаше говорејќи: Не треба да правиш прељуба со жената на твојот брат Филипа. О пророкоубиствен родендену, и со крв исполнета гозбо! Ние, пак, набожно и со чист образ го празнуваме отсекувањето на главата Претечева, зашто во овој ден, радувајќи се, го молиме него да ја помоли Света Троица, да нѐ избави од страстите на нечесноста, и да ги спаси душите наши.


Глас 4: Ирод славеше лош роденден, и направи бесрамна гозба, бидејќи, насладуван со женска прељуба и наговорен од женско лудило, ја отсече главата Претечева, но не го пресече јазикот на пророкот, кој го изобличуваше неговото безумие. Крв невина пролеа, сакајќи да го скрие гревот незаконски, но ни со тоа не го скри гласот што ги повикува сите на покајание. Тој се веселеше со убиството, а ние со љубов ја празнуваме блажената смрт на Крстителот Јована, зашто и во адот Му претходеше на Животот, за да им Го проповеда и на оние што беа во темнина и кои седеа во смртна сенка, Истокот од висините, Христа нашиот Бог, единствениот Многумилостив.


Дојдете, луѓе, пророкот и маченик, и Крстител Спасителов да го прославиме, бидејќи тој, како ангел во тело, го изобличил Ирода, кога го осудил за направената противзаконска прељуба..


Дојдете, луѓе, пророкот и маченик, и Крстител Спасителов да го прославиме, бидејќи тој, бегајќи, во пустината се насели, каде што јадеше див мед и зелје, и царот беззаконик го изобличи, а нашата малодушност ја утешуваше, говорејќи: Покајте се, зашто се приближи Царството небесно.

✜✣✜


Слава, глас 5.

 Мислејќи како да го избегне укорот поради неговото незаконско дело, Ирод, поради слабост,твојата глава, Претечо, ја предаде на жена неправедна, бидејќи, кутриот тој, не сфати дека самиот себе  се укори, кога нареди да ѝ ја донесат на чинија, но, како вистински учител на чистотата, и спасоносен наставник на покајанието, Крстителу Христов, моли се да се избавиме од страстите на нечестивоста.


И сега, глас 5.

Запејте ѝ, луѓе, на Мајката на нашиот Бог, запејте ѝ, бидејќи, својата сесветла душа, денес Му ја предава на Оној што бессемено се воплоти од неа. Таа непрестајно Го моли Него, да ѝ дарува мир на вселената, и милост голема.


✜✣✜


Стиховни стихири самогласни, глас 2.


Крстителу Јоване,проповеднику на покајанието, кога твојата глава беше отсечена, ја освети земјата, зашто Законот Божји им го објасни на верните, а беззаконието го уништи. Стоејќи пред престолот на небесниот Цар - Христа, моли Го, да ги помилува душите наши.


Стих: Праведникот цути како палма, се издига како кедар леванонски.


Заради Законот Господов твојата глава беше отсечена, о сесвети Јоване! Со непорочна смелост го изобличи злобниот цар беззаконски, затоа ти се восхитуваат војските ангелски, те слават хорови од апостоли и маченици. И ние твојот годишен спомен го почитуваме, сеславен, славејќи Ја Света Троица, Која тебе те овенча, пророче блажени.


Стих: А праведниот ќе се развесели во Господ и ќе прибегне кај Него.


Роден од пророк Захарија, и поголем од сите пророци, уште од утробата на мајката осветен за служење на Господа, денес од цар беззаконик главата му е отсечена; и, откако јасно ја укори девојката која играше непристојно, пред отсекувањето и по отсекувањето, војската на гревот ја посрами. Поради тоа викаме: Крстителу Јоване, имајќи смелост пред Господа, прилежно моли се, да се спасат душите наши.


✜✣✜


Слава, глас 8.
    

Спасителов Претечо, ти го укори царот да не постапува беззаконски. Затоа, играњето на една нечесна жена, го поттикна Ирода да ја отсече твојата глава. И, поради тоа, од исток до запад, твоето име е фалено. Имајќи смелост пред Господа, прилежно моли се, да се спасат душите наши.
    

И сега, богородичен.

Безбрачна Дево, која неискажливо Го зачна Бога по тело, Мајко на вишниот Бог, прими ги молбите на твоите раби, Сенепорочна, давајќи им на сите очистување на гревовите; примајќи ги и сега нашите молења, моли се, сите ние да се спасиме.

✜✣✜

Тропар, глас 2.
Споменот на праведникот е со пофалби, а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина се покажа најпочитуван меѓу пророците, бидејќи се удостои да Го крстиш во водите Оној за Когошто тие проповедаа. Затоа, откако пострада за вистината радувајќи се, и на оние во адот им Го благовести Бога Кој се јави во тело, Кој го зема гревот на светот и ни дарува милост голема.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

УТРЕНА

 

✜✣✜


Тропар, глас 2.
Споменот на праведникот е со пофалби, а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина се покажа најпочитуван меѓу пророците, бидејќи се удостои да Го крстиш во водите Оној за Когошто тие проповедаа. Затоа, откако пострада за вистината радувајќи се, и на оние во адот им Го благовести Бога Кој се јави во тело, Кој го зема гревот на светот и ни дарува милост голема.

✜✣✜

По 50-от псалм, стихира глас 6.

Ученичката на селукавиот ѓавол играше и, за награда, Претечо, ја прими Твојата глава. О гозбо со крв исполнета! Подобро ќе беше за тебе да не се колнеш, беззакони Ироде, внуче на лагата. Но, иако се заколна, не за добро се заколна. Подобро ќе беше за тебе да ја прекршиш клетвата и живот да заработиш, отколку да ја одржиш и главата Претечева да ја отсечеш. А ние, пак, Крстителот, како најголем роден од жена, достојно чествувајќи го, блажен го именуваме.
✜✣✜


Седален, глас 8.

Откако по Божја промисла засветли од неплодна жена, и го одврза јазикот на својот татко, го покажа Сонцето Кое ја озарува Деницата, и на луѓето во пустината им Го проповедаше Создателот, Јагнето кое гревовите на светот ги зема. Затоа со ревност го изобличи царот, поради што беше отсечена твојата глава, приснопаметен и сефален Јоване. Моли се на Христа Бога, да им дарува прошка на гревовите на оние што со љубов го слават твојот свет спомен.


✜✣✜

3.angeli.so.truba
Кондак, глас 5.

Славното отсекување на главата Претечева беше еден вид Божја промисла, за и на оние во адот да им го проповеда доаѓањето на Спасителот. Затоа нека реди Иродијада, која го испроси беззаконото убиство, бидејќи таа не го возљуби зконот Божји, ниту вечниот Живот, туку лажниот и привремениот.


Икос: Иродовиот роденден на сите им се покажа грешно, кога среде гозба, како храна, се принесе главата на оној што постеше. Радоста се измеша со тага, и смеата се раствори со горчливо редење, кога влезе девојката и пред сите ја носеше на чинија главата на Крстителот, како што рече. И, поради клетвата, сите што седеа со царот ги зафати плачење, бидејќи  не ги развесели нив, ниту самиот Ирода, како што се вели: Тие не се нажалија со вистинска тага, туку со лажна и привремена.


✜✣✜


Песна 9.

Ирмос: Секое уво беше обземено од чудење пред неискажливото Божјо понижување, зашто Вишниот доброволно слезе дури и во тело, кога стана човек од девствената утроба; затоа, ние, верните, Пречистата Богородица ја величаме.


Лукавиот полк, и неговиот водач ѓаволот, се исплаши од твојот богословски јазик кој Го проповедаше Христа, пророче. Преку нечистата девојка тие го натераа Ирода да ја отсече твојата глава, но тебе – Крстителот, ние те величаме.


Долината на смирената природа се издигна, а ридот на смртната горделивост се смири; во местата лишени од светлина, во адовите живеалишта, одекна гласот на оној што вика во пустината: Подигнете се порти, зашто ќе влезе Царот на сите.


Треперат страстите човечки, и во страв бегаат демоните, за да се скријат од сенката на благодатта што тебе ти е дадена од Бога. Но и од двете искушенија избави го твоето стадо, кое со вера постојано те велича тебе, Господов Претечо.


Богородичен: Напрегни се, и успевај, и царувај, Сине на Божјата Мајка, покорувајќи ги непријателите што се борат против нас, дарувајќи му на православниот народ победи над вразите варвари, по молитвите на онаа што Те родила Тебе – Словото Божјо.

✜✣✜

Друг канон.    

Ирмос: Оној што на гората света, во огнот и капината, на законодавецот (Мојсеј) му ја откри тајната на раѓањето од Приснодева, заради спасение на нас верните, со непрестајни песни Го величаме.


Пак Језавела ликува против Илија, пак Египќанката го бара Јосифа, а сега појавената нечиста Иродијада, го бара пророкот и Крстител на Спасителот.


Кога Ирод ти ја отсече главата, Јоване, беше пратен во адот при душите, за да Го проповедаш Оној што доаѓа таму, да ги спаси сите верни што се упокоиле од Адама.


Светилник на Светлината, и глас на Словото, проповедник на Јагнето Божјо, пустинска овца, Јоване, чесен маченику на Господа, моли да се спасат тие што ти пеат.


Богородичен: Единствена меѓу жените си се јавила како Дева и по раѓањето, единствена меѓу жените си се покажала и Богородица; единствена си ја разрешила Ева од болката, и си ја исушила првородната клетва.


Катавасија: Богородице Дево, ти си единствениот рај од кој необработено Го израсна Христа, од Кого на земјата беше насадено крстното и живоносно дрво: затоа, кога сега тоа се издигнува, поклонувајќи се пред него, тебе те величаме.

✜✣✜

Светилен.

Претечата на благодатта, познат како најголем меѓу пророците, и избран пред апостолите, да го овенчаме со песни пофални, бидејќи, заради законот на Господа, му беше отсечена главата.

Слава:

Нечистиот Ирод, кој подмолно ти ја отсече главата, Христов Крстителу, на чистотата негувателу, никако не можеше и прекорите на твојот јазик да ги пресече.

И сега, богородичен:

Дево чиста, која го уништи проклетството на светот со твоето божествено раѓање, со твоите молитви избави го од секакви неволи стадото кое верно ти се моли.

 3.angeli.so.truba

Подготви: Т.С.

 3.angeli.so.truba

МОЛИТВА КОН СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ


Само тебе, Свети Јоване, кој си истоименик на благодатта, зашто знам дека си по Богородица најголем меѓу родените од жена бидејќи си се удостоил да ја допреш главата на Царот Христос, Јагнето Божјо Кое ги зема гревовите на светот.
Моли Го Него за мојата грешна душа, да можам барем од сега – во единаесеттиот час, да го понесам благиот товар и да примам плата со последните.
О Крстителу Господов, чесен Претечо, последен пророку, прв маченику, наставнику на посниците и пустиножителите, учителу на чистотата и секогаш ближен на Христа пријателу, тебе те молам, кон тебе прибегнувам, не одбивај да ми помогнеш, туку подигни ме паднатиот поради многу гревови, обнови ми ја душата со покајание како со второ крштевање, зашто си зачнувач и на едното и на другото:
Преку крштевањето – перејќи го прародителскиот грев, а преку покајанието – очистувајќи секакво лошо дело; очисти ме, осквернетиот од гревови и воведи ме таму каде што ништо нечисто не влегува – во Царството Небесно.
Амин!


    
  

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3127
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7601
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная