Молитва во почетокот на Велигденскиот пост
Самиот Ти, Боже наш, откако се исполни времето, јавувајќи се во тело на земјата, си озаконил и си осветил четириесет дни и ноќи да се пости, а бидејќи си дарежлив и милостив, благоволи да ги поминеме овие свети денови во совршено покајание, во нелицемерно смирение, во усрдни молитви, без алчност за храна и неумерено пиење, во често приклонување на колената, со срце смирено и скрушено...