логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

BOGORODICA.bolen.napostela

ОД НЕВЕРУВАЊЕ ДО ВЕРА
(потресни сведоштва)

          Едно утро, по светата Литургија, отидов во црковната канцеларија. Еден човек на околу педесетгодишна возраст дојде да разговараме. Не го познавав и никогаш порано го немав видено во мојата црква. Ми раскажуваше за еден четириесетгодишен човек кој бил хоспитализиран во Пиреј, Атина. Имал тежок облик на карцином. Болеста била проширена по целото тело, па дури и на мозокот. По завршувањето на прегледот, лекарите кажале дека не постои ништо што би му го спасило животот. Употребувал лекови во големи количини, но и тие не му помагале.


       Неговиот роднина кој дојде да ми раскаже за неговата состојба, побара од мене веднаш да отидам во болницата и да го причестам.
Како што беше побарано, веднаш отидов во болницата за да ги исполнам обврските и да го причестам болниот.
Штом влегов во болничката соба, ми стана јасно дека пациентот се наоѓа во многу лоша состојба. Подоцна ми беше потврдено дека болеста метастазирала на мозокот и дека немало спас. Неговите денови беа одбројани.
Креветот до него беше празен. Тој беше единствениот болен во собата. Во еден момент тој се разбуди од комата и ги отвори очите. Веднаш ме здогледа и со голем напор ми го раскажа следното:


             „Моето семејство ме доведе во болница пред 35 дена. Еден човек, некаде околу осумдесетгодишна возраст лежеше во собата во која и мене ме сместија. Тој човек боледуваше од рак на коските. Имаше страшни болки. Но, без разлика на тоа што многу страдаше, тој често се молеше:
СЛАВА ТИ, БОЖЕ, СЛАВА ТИ!
Овие зборови беа проследени со многу други молитви.
Јас бев атеист. Тогаш за првпат во животот слушнав молитва. Никогаш пред тоа немав отидено в црква. Затоа бев изненаден кога забележав дека по завршувањето на молитвите тој мирно спиеше по два-три часа. Но, кога ќе се разбудеше, повторно тешко дишеше од страшните болки. И тогаш повторно продолжуваше да се моли:
СЛАВА ТИ, БОЖЕ!“
Јас исто така страдав од големи болки, а тој, без разлика на големите болки го славеше Бога. Меѓутоа, јас во своето страдање и болка хулев на името Христово и на Неговата Мајка. Старецот благодареше на Бога што му ја дал болеста.
Слушајки го како постојано го повторува сето тоа, а и самиот страдајки, ме вознемируваше.
Освен неговите чести молитви, тој секојдневно бараше да ја прими Светата Причест.
А јас, честопати го прекорував. Му говорев: „Замолкни, замолкни веќе! Зарем не гледаш дека Бог, Кого толку го славиш, те мачи со оваа сериозна болест! Каков Бог? Нема Бог!“ Старецот мирно ме сослуша и ми одговори:
„ПОСТОИ, ДЕТЕ МОЕ, БОГ НАВИСТИНА ПОСТОИ, ОН Е ВОЗЉУБЕНИОТ ОТЕЦ. ПРЕКУ БОЛЕСТА КОЈА НИ ЈА ИМА ДАДЕНО,НЀ ЧИСТИ ОД МНОШТВОТО ГРЕВОВИ.“
Овој одговор на старецот повеќе ме разлутуваше и почнав одново да хулам на Бог и на ѓаволот. „Бог не постои! Јас не верувам во ништо, ниту во Бог, ниту во Неговото Царство, ниту во друг свет.“
По ваквиот разговор, старецот мирно ми одговори: „Чекај, па со своите очи ќе видиш како душата на христијанинот кој верува го напушта своето тело. Јас сум грешник, но милоста Божја ќе ме спаси. Чекај ќе видиш и ќе поверуваш.“
Продолжуваше да го слави Бог и Пресветата Мајка Негова. Изговараше една специфична молитва во која се повторуваше „радувај се“ (Од акатистот на Пресвета Богородица). Тој исто така ја пееше и химната „Достојно ест“.
Во еден миг, престана да се моли и го слушнав како вели: „Добредојде мој Ангел-чувар! Ти благодарам што дојде да ја земеш мојата душа со ангелската војска.“
Јас бев во голем шок. Ги отворив очите и ја видов пред себе целата небесна војска. Старецот се прекрсти, ги прекрсти своите раце на градите и за последен пат издивна.
Наеднаш, болничката соба беше преисполнета со брилијантна светлина, светлина која беше посветла и од Сонцето. Јас, неверник, атеист, материјалист, гледав чудо со своите очи. Потоа, преубав мирис ја исполни просторијата. Бев запрепастен од она што го видов, бидејки во тој момент сфатив дека старецот цело време бил во право.
Ги повикав своите родители и им раскажав што видов и доживеав. Бев лут, бидејки никогаш не ми имаат зборувано за постоењето на Бога.
Тогаш ги повикав моите роднини и пријатели и ги замолив да дојдат и да ми зборуваат за верата, за која никогаш порано од никого немав учено. Драг отец, јас сега верувам дека Бог навистина постои. Затоа ве молам да ме исповедате и причестите.
Слава на Бога!


Антониос Тенедиос (Скалохори, Грција)
Извадок од:
ТРОИЧНИК

 

фб Православие мк

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная