Од својата дванаесетта година страдав од опседнатост. Животот ми беше вистинско мачење. После чинот на истерување на демонот се чувствував како да сум претепан. Тогаш мојот духовник одлучи да служи бдение во првата сабота од Великиот пост во 1995 година во Суроти (женски манастир во близина на Солун, каде што е погребан старец Пајсиј).
Пред молитвата почувствував страшна борба. Целата вечер за време на молитвата не ми се спиеше. Стоев на средината на храмот, а околу мене само монахињи. Кога бдението заврши и започна молебенот едноставно не можев да издржам. Сестрите ме однесоа да се поклонам на моштите на свети Арсениј.
Тоа беше првиот чекор... Кога зборувам за ова косата ми се крева... Чувствував пожар внатре! На крајот се завртев и почнав да извикувам: „Пај! Пај!“ Игуманијата ме запраша: „Пајсиј!“ и ми ја свитка главата. Тогаш се подигнав и почнав да цимолам. Ме одведоа на гробот на старецот и таму сум извикнал три пати: „Свети!“
Кога сум се обидел да побегнам, ме фатиле и присилно ме положиле на гробот. Тогаш го видов старецот, жив, станува од гробот како од сон. Тоа навистина беше тој! Со брада, во своето расо. Сето тоа траеше само мал дел од секундата.
Старецот ја положи својата рака на моето чело и наеднаш од мојата уста почна да излегува црн чад. Во тој час се смирив, но болката во телото не престана веднаш. Заспав. Кога се разбудив реков: „Многу е болно.“
Четириесет дена чувствував таква радост, што непрестајно плачев. Можеби е навистина дрско она што честопати го говорам: „Боже мој, дозволи повторно така да се мачам како што се мачев, за само на момент да почувствувам таква радост.“
Превод: ѓакон Димитар Арсовски
објавено во: „Троичник“
Извор: