с.Маркова Сушица- манастир на св.вмч Димитриј
Денес, на 15-ти февруари 2017 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископијана го прославува великиот празник Сретение на Господ Исус Христос, во манастирската црква посветена св.вмч. Димитриј, во с. Маркова Сушица, јеромонахот Атанасиј Арсоски е отслужи Божествена Литургија. Со Светите Христови Тајни се причестиа (со мал исклучок), сите присутни.
Старец Паисиј Светогорец
Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва. На пример, кога ќе ни донесе лоши или хулни помисли, ја почнуваме молитвата и му велиме на тракатанецот: “Добро што ме боцна, бидејќи Го заборавив мојот Христос”. Значи, кога ќе го направиме ова, и да сакаме да го задржиме тракатанецот, нема да остане бидејќи не е глупав да работи напразно, а воедно да ѝ прави добро на нашата душа.
Преминпортал (к.т.)