Старец Паисиј Светогорец
Искушенијата што ги допушта Бог се соодветни на нашата издржливост. Но за жал, многу често кон нив се додаваат зајадливите шеги и безрасудните зборови на немилосрдните луѓе, така што тогаш веќе гориме. Силниот ветар вообичаено ги крши тенките дрвја и ги откорнува оние без длабоки корени, а на длабококорените им помага уште повеќе да ги продлабочат.
На 12-ти февруари 2017 година, во Неделата на блудниот син и на празникот на светите Три Светители: свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст, во манастирската црква на Успение на Пресвета Богородица, во Матка, беше отслужена Божествена Литургија,
Денеска, светата Црква ги прославува и светите три ерарси, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Овие големи учители на светата „
Црква го проповедале словото Божјо и ја утврдувале Црквата во нејзината доктрина како вистински пастири на словесното стадо Христово.Да се обратиме со искрена молитва кон нив, тие да бидат наши молитвеници и подржувачи во нашиот од кон Бога. Па, и ние, како блудниот син, да најдеме сили и храброст да побараме прошка за сите наши престапи и отстапки од вистинскиот пат и да ја доживееме љубовта на Небесниот Отец, а преку тоа да спечалиме вечен и блажен живот. Амин!
Преминпортал (к.т.)