Св.Макариј Оптински - За утеха во жалоста

Свети Макариј Оптински: За смртта
Твоето дете Господ го зема крај Себе... затоа што Негова волја било да ја пресели во вечното блаженство во татква невина возраст. Ние не знаеме, а на Бога е познато она што уште не сме го направиле. Он знае каква ќе била таа кога ќе пораснела – или несреќна или било што друго. Затоа ја зел крај Себе. Затоа твојата молитва не била примена и исполнета, затоа што на премудрата Промисла Божја нејзе ѝ било заповедано сега да оди одовде. Зборовите од Светото Писмо кои ги наведе: колку повеќе вашиот Отец небесен
„Тоа е чудо. Ништо друго, освен чудо“- Од житието на Владиката Јован Шангајски
Кога Ваља поради силната болка во грлото се откажала не само од храна, но и од питие, родителите кренаа тревога. Болницата не ги примила од преполнетост, немало слободни кревети и докторот, откако им дал лекови, ги пратил дома. Ноќта се покажала тешка за целото семејство, девојчето го губело сознанието, па повторно се освестувала, а и станало тешко не само да голта, туку и да дише.
За душевниот мир – Св. Серафим Саровски
Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска?
Од чудата на Свети Лука Кримски: „Јас дојдов кај тебе за да те оперирам“
„На 15 јануари 2006 година неочекувано силно ме заболе десното уво. Еден од моите познаници, кој многу го почитува Свети Лука, ми подари книга со неговото житие. Прво, што ми дојде во глава, е да се помолам на Светителот за да ми помогне, бидејќи во душата верував, дека тој е голем Светител. Јас ставив во увото малку памук, го помазав со масло од кандилото, и одозгора ја ставив иконата на Свети Лука и ја заврзав со шамија.
Старец Пајсиј: „Сега ниту чувствуваат вина, ниту имаат почит“
Некогаш, ако некој бил пореметен или пијан, се срамел да излезе на улица, затоа што ќе го презреле. Или, пак, некоја жена кoja скршнала од правиот пат, не смеела да излезе надвор. И тоа, на некој начин, била кочница.
Денес, ако некој живее правилно, ако некоја девојка, на пример, живее побожно, за неа ќе речат: „Бре, каде живее оваа!”
Тајната на света Троица и блажениот Августин
Голема е тајната на Света Троица и неа не може да ја сфати човекот со својот мал и ограничен разум. За блажениот Августин се зборува дека за оваа христијанска тајна многу размислувал и се обидувал да ја сфати, ама попусто. Еден ден, шетајќи се по морското крајбрежје и размислувајќи, тој забележал едно дете кое си играло, така што собирало вода во школка и ја истурало во мала дупка ископана во песокот. Тој застанал и го прашал што работи.
Чудата на Свети Лука (Воено-Јасенецки)
Целиот живот на Црквата е чудо. Наоѓајќи се во лоното на Црквата, верните христијани, стануваат учесници во големите чуда. Тие живеат, постојано чувствувајќи го присувството Божјо. Тие се крштеваат во името на Света Троица и стануваат членови на Телото Христово. Тие се соединуваат со Телото и Крвта Христови во Светата Тајна Евхаристија и стануваат едно Тело и една Крв со Христа. Многу често во својот живот христијаните се сведоци на чудесното јавување на Божјата благодат.
АВВА ДОРОТЕЈ ОД ГАЗА: ИЗРЕКИ И ПОУКИ (2)
Повторувам дека целта на Христос, нашиот Владика, е да нè научи зошто сме паднале во сите наши гревови; односно како сме паднале во зло. На почеток, Тој нè ослободува преку светото Крштевање, како што реков, проштевајќи ни ги гревовите и дарувајќи ни власт, ако сакаме, да правиме добро, и повеќе да не бидеме присилно влечени на зло.
Старец Пајсиј Светогорец: Сите деца, на кои им се угодува, стануваат бунтовници
А кога се оддалечени од Божјата благодат, до нив се доближуваат нечестивите сили и децата стануваат неподносливи, прават неугледни дела. А оние деца кои имаат почит и ги слушаат родителите, наставниците и возрасните, тие постојано ја примаат Божјата благодат и го имаат Божјиот благослов. Благодатта ги закрилува и ги заштитува. Големата љубов кон Бога заедно со големата почит кон повозрасните, привлекува голема Божја благодат во нивните души и ги облагодетува до таков степен, што тие стануваат забележливи за другите, поради божествениот блесок на благодатта.
Свети Порфириј Кавсокаливиски: Сѐ ни дава причина за благодарење и за молитва кон Господ на сѐ
Обрнете внимание на сѐ што изградил човекот – на куќите, на големите и малите згради, на градовите и селата... Обрнете внимание на луѓето и на нивната култура и цивилизација. Прашувајте, надградувајте го своето знаење за сѐ и сешто, не бидете рамнодушни. Тоа ви помага подлабоко да ги согледувате чудесата Божји.
Свети Серафим Саровски: За Небото
Ах, љубени, кога би знаеле каква радост и каква сладост ја очекува душата на праведникот на небото, би посакал сите неволи да ги поднесуваш во животот со благодарение.
Старец Сава Псковско-Печерски: Поука од св.Серафим Саровски
Aко за било кој грев (паѓање) велиш: "Прости ми!", се ќе ти биде простено, но ако велиш така, а потоа повторно се вратиш на гревот и не се бориш со него, тоа значи дека твоето покајание е лажно; тоа значи дека не се каеш и остануваш во гревот. Господ да чува!
Свети Јован Кронштатски: Се е на Бога, ништо не е наше
Бог точно знае Што тие потребно, Кога ти е потребно,Кој тие потребен. Тој ги знае битките кои стојат пред тебе,соновите кои ке ги достигнеш. Од таа причина неможеме да молиме да се од нас одстрани секоја непријатна животна ситуација во која сме.
Свети Јован Кронштатски: (25.05.2019)
“Ние Ја молиме Себлагата и Пренепорочна Мајка Божја, а Таа се моли за нас. Ние ја прославуваме Неа - Повозвишена од секоја слава, а Таа за нас самите подготвува вечна слава.
Ние често И` говориме: - Радувај Се! , а Таа Својот Син и Бог Го моли: Сине Мој сакан!
Подај им вечна радост, затоа што Ме поздравија со радост!“
Св. Теофан Затворник: Исповедта (Речник на христијанскиот живот - 65)
Кај подножјето на крстот обновете ја вашата вера во чудесниот и пречудесниот домострој на нашето спасение, оживејте ја надежта во вашето сопствено спасение, со силата на домостројот кој сте го примиле и кој се одвива преку она што од вас се бара; утврдете се во одлуката да одите во ...
Свети Јован Кронштатски: Учете да се молите
Против невидливиот непријател се подига невидливиот Бог, против силниот - Сесилниот. Затоа, секој момент обраќај се кон Христос и постојано мисли на Него; и ќе се спасиш и себеси и другите. Без Неговата благодатна помош ти не можеш да победиш ни една единствена страст, ни еден порок. Повикувај Го постојано. Тој дојде во светот за да нè засили во Светиот Дух, за да нè очисти и ослободи.
Свети Теодор Студит – Поученија за монаси (1)
Не заборавај дека овде на земјава нема спокој. Не велиː јас веќе остарев во добродетелите, и не се плашамː треба да знаеме, дека стравот од изменувањето и паѓањето никогаш не треба да нѐ напушти, зашто многумина што остареле во добродетелите сатаната ги турка во бездната на гревот само за еден миг, па затоа, „кој мисли дека стои, нека гледа да не падне‘ (1. Кор. 10, 12),
Свети Исаак Сирин: Кој е просветлен во своите мисли?
Тоа е оној кој успеал да ја пронајде горчината сокриена во сладоста на светот и кој ја затворил својата уста за да не пие од таа чаша. Тоа е оној кој секогаш се занимава со спасението на својата душа и не го напушта тој пат сѐ додека не се ослободи од овој свет.Тоа е оној кој ја затвора вратата на своите сетила..