Свети Анатолиј Оптински: Поука
„ Најголем пост е
кога човек ќе издржи се што
Бог ќе му испрати “.
„ Најголем пост е
кога човек ќе издржи се што
Бог ќе му испрати “.
Но, кога ќе настапи бура на искушенија, тогаш застануваат со "сидрото" и со трпение чекаат подобрување на благодатна атмосфера за нивните подвизи.
Во што се состои "самоукорувањето"?
- Тоа се состои во непрестајната молитва: "Боже, биди милостив со мене грешниот! Господи, помогни ми! Господи, Кој ја знаеш мојата иднина, спаси ме!"
Човечкиот јазик е предназначен да изрази реалности од различни планови: постои житејски план на природни потреби; постои нему близок, а сепак од него различен план на примитивни душевни чувствувања и страсти; постои јазик на политичка демагогија; постои научен, философски, поетски јазик; на крај, највиш од сите – јазикот на Божественото Откровение, молитвата, богословието и другите односи меѓу Бога и луѓето - јазикот ЛИТУРГИСКИ.
Но за брзо време се појавија луѓе кои, иако себе си се нарекуваа Христијани, по дух не беа Христови. За нив Христос претходно кажа: „Не секој што ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува вољата на Мојот Отец небесен“ (Мт. 7, 21). Христос пророкуваше и дека мнозина ќе се прогласат себе си за Самиот Христос: „мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: Јас сум Христос!“ (Мт. 24, 5). Апостолите во нивните посланија укажаа
Пиј онаму каде што коњот пие. Коњот никогаш нема да пие нечиста вода.
Простри ја постелата онаму каде што спие мачката.
Јади овошје што е зафатено од црв.
Слободно собери печурки на кои слетува мува.
Постот, возљубени, го држел и кроткиот Мојсеј, и со него правел чуда, за него бил удостоен да Го види Бога. Овој пост, возљубени, го пазел и Илија и затоа се удостоил на огнена кочија да се вознесе на небо. Овој пост, возљубени, го пазел и многуљубезното момче Даниил и затоа бил прославен, и затворил уста на лавови. Во овој пост, возљубени, со света...
„Навистина е почеток на мудрост стравот Господов. Мудар е оној кој се бои од Господа. А кој се бои од Господа, тој ги држи сите заповеди Негови, и во целост ја исполнува волјата Негова и го извршува секој збор Негов.
Стравот Божји е врв на сите знаења: каде што него го нема, таму нема да најдеш ништо добро.
Бог има само една грижа – како да нè помилува...
И на страшниот суд Тој
ќе бара како да го оправда човекот,
а не како да го осуди.
Таа благодат ја учи душата на секое добро и ѝ дава сила да пребива во него. Послушниот го гледа злото, но тоа не се допира до неговата душа, бидејќи со него е благодатта на Светиот Дух којашто го чува од секаков грев и тој е мирен и лесно Му се моли на Бога. Душата на послушниот ја љуби Светиот Дух и затоа тој многу брзо ќе Го познае Господа и ќе го добие дарот на срдечната молитва.
Но ако ти кажам, остави го гневот и прости му на твојот брат, кое од овие оправдувања можеш да го искористиш?
Мислам дека не можеш да ги приведеш како оправдувања ниту немоќта на телото, ниту сиромаштија, ниту необразованост, ниту обврски и грижи, ниту било што друго.
Во некое општожитие живеел отшелник, по име Тимотеј. Настојателот на општожитието, откако дознал дека еден од браќата паднал во некој грев, побарал совет од Тимотеј, што да прави со братот кој згрешил. Отшелникот го посоветувал да го избркаат од манастирот. Кога го избркале братот, неговото искушение преминало кај Тимотеј и тој бил доведен во опасна состојба.
Големиот Мојсеј, откако помина 40 дена во пост, се удостои да ги добие плочите на Законот. Кога пак, слегувајќи од планината, го видел беззаконието на народот, ги фрлил плочите, добиени со таква усилба, и ги разбил, зашто сметал за неправилно да ги соопштува заповедите Господови на народ, кој се пијани и врши беззаконие. Толку дни постел и големиот Илија и ја избегнал власта на смртта – на огнена кочија бил вознесен на небото. И саканиот маж
Тие се живи, и нашето општење со нив не е прекинато. Како што се молиме за живите, не правејќи разлика помеѓу оние кои одат по праведниот пат или по некој друг, така се молиме и за починатите без оглед на тоа дали тие се меѓу праведните или грешните. Тоа е долгот на братската љубов. Додека последниот Суд не нѐ раздвои, сите, живите и починатите, ја сочинуваат Црквата. И сите сме должни меѓусебно да се однесуваме како делови од едно тело, во духот на добрината и љубовта, и живите и починатите, без радвојувања заради „смртта“.
Во сегашниов живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина, ние сме обвинети и судени; меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш, само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд, нема што повеќе да се плашат од друг испит.
Понатаму, следното нешто што им носи голема радост на душите на упокоените се делата на милостина кои ги правиме во нивно име. Да се нахрани некој гладен или да му се помогне на некој болен во име на покојникот, е исто како да сме му го направиле тоа и нему. Преподобна Атанасија (12 април) пред смртта го заветувала манастирското сестринство 40 дни по нејзиното упокојување во нејзино име да се хранат сиромашните.
Св. Исаак Сирин вели дека е лесно да се излезе на крај со ѓаволот на почетокот, но штом ќе успее да протне нога низ вратата, тогаш станува многу тешко човекот да се избори со него. Важно е да се трудиме да ги избришеме фантазирањето, движењата во душата и мислите кои ѓаволот ни ги наметнува. Треба веднаш да ги искорнеме. Исусовото име е оружјето со кое се протеруваат лошите мисли.
Сакам да ја знам волјата на човекот Божји.
Тој сфатил дека, да се дознае волјата Божја и да не се исполни е духовно опасно. А ако не ја исполни волјата на човекот Божји, неговата духовна одговорност не е толку голема. На отец Атансиј му беше познато колку силно ќе биде напаѓан од ѓаволот, за да го присили да се откаже од волјата Божја, ако ја сознае неа.
И тогаш старецот Јосиф му рекол:
Параболата за блудниот син е најпоучна лекција за младите. Во личноста на блудниот син го гледаме вистинскиот карактер на лекомислената младина: лекоумност, непромисленост, жед за независност; на кратко, сè што е препознатливо за повеќето млади луѓе. Помладиот син израснал во домот на неговите родители. На прагот на неговата зрелост, тој започнал да мисли дека животот во неговиот дом е премногу ограничен.
Почетокот на покајанието е сознание за гревовите и скрушението заради нив. Некои луѓе, поради незнаење или поради невнимание кон своето спасение, сметаат дека тајната покајание се состои само во исповедта. Тие мислат дека усното исповедување на гревовите пред духовникот ги очистува целосно од нив. Но, не такво покајание очекува Господ од нас. Т
Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва.