И најголемите наши жртви Бог нема да ги прими ако го осудуваме својот брат. И од сиот свет некој да се одрече, и од сите негови блага поради љубовта Христова, и во најдлабоката пустина да оди, и да се фрли во најдалечната и најзапустена ќелија, ако братот свој го осудува, сè му е залудно. Оти, не може да се поигрува со Бога! Тој го чита срцето човечко.
***
Душата на оној којшто осудува личи на немирно море. Во него ѓаволот е востоличен. Отците велат, дури и да се згрбавиш од пост и метании, а љубов кон ближните немаш, далеку си од спасението.
***
Христос рече дека не дошол да му суди на светот, туку да го спаси. А ние му судиме! Колку сме само за жалење! Колку сме духовно сиромашни! Нема што друго да кажеме, освен зборовите Давидови: „Помилуј ме Боже, по Твојата голема милост…“.
***
Секому бидете пријатели. Но во духот останете осамени…Раширете ја вашата плаштаница над секој кој паѓа во грев и заштитете го.И доколку не можете да ја преземете неговата вина на себе, и да ја прифатите неговата казна место него, не убивајте ја неговата личност!
***
Влези ревносно во ризницата што е во тебе,
и ќе ги видиш нештата коишто се на небото - зашто влезот е еден ист. Скалилото што води до Царството е скриено во твојата душа.
***
Стој пред Господа во простота, а не во лукавство на умот. Простотата носи вера; лукавите и комплицирани размислувања носат суета; а суетата носи оддалечување од Бога.
***
Оној кој ја здобил љубовта, се облекол во самиот Бог.
***
Го прашале еднаш Св. Исак Сирин:
-Ако некој постигнал чистота на срцето, по што ќе препознаеме?
-По тоа што сите луѓе ги смета за добри и ниеден човек не му изгледа нечист и грешен.
Св.Исаак Сирин+
Избор одфб профил на
Тимотеј Соколов Македонски