логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVITer17

А, има ли љубов?
Олга Красникова Михаиловна

Таа е една од најзагадочните категории на човечкото битие. Од една страна, ние не го замислуваме својот живот без неа, ја бараме и ја чекаме, ја цениме најмногу од сè на светот.
Од друга страна, постојано воспевајќи го ова светло чувство, човештвото за сета своја многувековна историја сѐ уште не му пронашло некаква јасна определба. Се создава воодушевувачка слика: сите знаат, но никој не може јасно да каже за што всушност станува збор. Други, пак, врз основа на сопствената тажна статистика, почнуваат сосема да се сомневаат во нејзиното постоење. А можеби, конечно, навистина треба да се сфати дека љубов и нема? Постојат страст, привлечност, страв од осаменост, навика, комфор, вљубеност, безумие, секс, пресметливост, инстинкт. Но, не и љубов. Да се сфати тоа и да се биде спокоен. И да се зафатиш со конкретни животни дела, да не си го губиш времето на бесмислени потраги и очекувања. И ќе си бидете среќни...


ОДА НА ЉУБОВТА


Отфрлајќи го неоснованиот оптимизам и прекумерната патосност, веднаш ќе кажеме и без двосмисленост: љубов има. Уште повеќе, таа – не е ништо друго, туку основа на нашето постоење.
Малите деца не си поставуваат филозофски прашања, а токму тие најдобро ги знаат одговорите. Погледнете едно дете кое е отворено кон луѓето и уверено во нивната дружељубивост. Тоа дише со љубовта на оние кои го опкружуваат, се храни со неа, зацврстува благодарение на неа. Постојат мноштво сведоштва дека без љубов и топлина децата гинат. Љубовта е неопходна за формирање на личноста на детето исто како што јадењето и кислородот се важни за растот на неговото тело. Тоа сè уште не знае за предрасудите и подметнувањата на овој свет и затоа без страв љуби и верува. А тоа му помага да преживее.
А со што се исполнети главите на тинејџерите? За што мечтаат младите девојки, шетајќи се под луната во летните вечери? Пак за истото тоа, за среќна љубов. Се разбира, во младоста ние ја сфаќаме малку поинаку, отколку во раното детство. Но суштината останува иста – ние жаднееме по приврзаност, емоционална блискост со друг човек. Основната задача во нашиот живот ние ја гледаме во тоа, да пронајдеме такви односи, тие ни изгледаат најважни. Во реалноста и така е. Го сакале ние тоа или не, љубовта секогаш, во текот на целиот наш живот, за нас останува “предмет на прва неопходност”. “Не е добро човекот дабиде сам” – рекол Бог, погледнувајќи на Адам и му создал жена. Од тој момент секојачовечка личност доаѓа во овој свет со силна потреба да љуби и да биде љубена. И таа потреба со возраста не ослабнува.
Но, ние не можеме да бидеме среќни, односно нашиот живот нема да се изгради без прифаќањето и осознавањето на нашето сопствено „јас“. А „јас“ на секој човек се открива благодарение на средбата со другото „јас“, односно „ти“. За да бидеме самите себе, ние имаме потреба да го видиме својот одраз во нечии очи. Среќата е кога нè одразуваат очите на оној кој нè љуби, затоа што оној што љуби нè прифаќа и цени онакви какви што сме, не барајќи од нас докази за нашата вредност.
Сакате определба на љубовта? Повелете. Љубовта е непрекинато потврдување на неповторливоста на другиот човек. На неповторливоста – односно на целокупноста на сите квалитети. „Прекрасно е што ти постоиш во овој свет!“ – ваков сигнал ние постојано, дури и не мислејќи, му праќаме на оној кого го љубиме. Тука нема место за оценки. Љубовта не суди, не бара своја корист, не споредува, не обвинува, не ги бара недостатоците и не ги определува достоинствата. Велиме дека не треба да се љуби за определени заслуги, а тогаш следува да не се љуби ни за слабостите и промашувањата. Во секој човек има и силни и слаби страни и, доколку љубиш, ти љубиш сè – и тие сакани очи, и тие брчки околу нив, кои неумоливо се множат со текот на годините, и фигурата, која се менува, возможно не баш на добра страна со раѓањето на децата, и сложениот, но „најчудесен карактер“ на светот. Љубениот човек е невозможно да го поделиш на достоинства и недостатоци; тој едноставно постои и со самото тоа ни принесува радост.
Токму таков однос кон себе ние бараме во љубовта. Оти ништо не го исполнува животот со поголема радости вдахновеност, не предизвикува поголема желба да се движиме понатаму, како потполното и безусловно признавање на вредноста и уникалноста на нашата личност. Не е случајно, дека наоѓајќи се во состојба на стабилни и доверливи односи, човекот е најпродуктивен, исполнет со идеи и творечки сили.
Да, животот многу ретко е сличен на бајка. Ние самитене сме идеални, и затоа нашите односи се исполнети со недостатоци. На тој начин чувството, кое ни е дадено за радост, често пати се претвора во својата потполна спротивност – станува извор на болка и страдања. Но добро, тоа не ја негира неговата вистинска назначеност. Љубовта – е дар, а со даровите треба да умееш да се однесуваш.


ЗА ШТЕТАТА ОД ПРИФАТЕНИТЕ ВИСТИНИ


Човекот е антиномично битие. За да ја достигне душевната хармонија, нему понекогаш му е неопходно истовремено да реши, би се рекло, две задачи кои взаемно се исклучуваат. Така, потребата за љубов во нас живее една покрај друга со друга, не помалку важна потреба за одделеност, независност и слобода. Парадокс? Воопшто не, се работи за елементарна логика. За да ги осознаеш своите чувства, неопходно е да се осознаеш себеси, а самосознанието започнува со чувството за своите лични граници и со одделувањето на себе од другите. Како можеме да знаеме дека нè боли раката или ногата, ако не го чувствуваме сопственото тело? Ако не знаеме која нога е наша, а која му припаѓа на другиот? Исто така, невозможно е да се спознаат сопствените чувства, ако не ги чувствуваме границите на својата душа. Пред да се каже заветното „Јас те љубам“, не би било лошо да се осознае за какво всушност „јас“ станува збор и со што е исполнет мојот збор „љубам“. Се разбира, сите сме возрасни луѓе и сме навикнале да се сметаме себеси за потполно остварени личности, кои ја разбираат смислата на зборовите што ги изговараат. Но, сепак...
“Јас сум ти, а ти си јас” – пееше Мурат Насиров и илјадници гласови, со воодушевување го следеа, заедно согласувајќи се со таквото формулирање на идеалните љубовни односи. Навистина, ништо не може да се спореди со волшебството на вљубеноста во зародиш, со тој восхит кој го доживуваш, среќавајќи го на твојот пат твојот човек. Заедно со него, како повторно да се пронаоѓаш. Ние не сме повеќе сами! Затоа што покрај нас е оној кој чувствува, мисли, диши со нас во унисон. Ние сме така слични и толку ни е убаво заедно. Се чини како да нема поголема среќа, отколку да се слеете, да се растворите еден во друг, да станете едно цело.
Сепак, порано или подоцна во цврстиот круг на прегратката станува тесно. Се појавува желбата полека да ги опуштиме рацете, малку да се оддалечиме, за повторно да се почувствуваме самите себеси. А ако тоа не се случи, нежните прегратки стануваат жестоки стеги, врската од доброволна станува принудна. А во љубовта ние бараме слобода, а не затвор. И тоа е сосема природно: среќата не може да биде принудна. „Таа толку многу го сака него, така што не може да живее без него“ – говориме ние, без да насетиме дека вториот дел од реченицата воопшто не ја потврдува првата. Љубовта е секогаш слободен избор. А човекот за кого партнерот станува единствен предуслов за преживување, всушност нема избор. Тој ја одржува врската не затоа што нему тоа му се допаѓа, туку затоа што без неа не може да постои. Макар и да му наметнат најлоши услови, тој ќе трпи и ќе се прилагоди, само да ја сочува врската по секоја цена. Оти со нејзиниот распад, тој ризикува да се изгуби самиот себеси. Задишувајќи се, не го оценуваш квалитетот на воздухот со кој дишиш – едноставно го дишиш, каков и да е. „Без мене, тебе те нема...“ а кој доброволно би се согласил „да не биде“? Поскоро сме спремни да се помириме со нецелосно постоење, отколку сосема да се откажеме од него.
Жртвите кои притоа може да се направат, може да бидат мошне разрушителни. „Тепа – значи љуби“, „Толку многу го сакам, што сè заради него ќе истрпам“... Колку многу страдања се оправдуваат со љубовта! Додека во стварноста станува збор за сосема друго чувство – за зависност, која лукаво и неприметно се вмешала во љубовта и го искривила нејзиното вистинско значење. ТАНЦИ, ПРИНЦОВИ И КИНЕСКА ФИЛОСОФИЈА
Американскиот психолог Пол Мејер љубовната врска ја споредува со танц на лед во двојка. Двајца уметнички клизачи се движат во такт на една мелодија. „Тие се движат на површината на ледот, фатени за раце, прибиени еден кон друг, како да се дел од една целина. Потоа се разделуваат и почнуваат да прават на ледот одвоени кругови и пак се спојуваат заедно.“ Се разбира, тие двајцата се на ист бран, се наслушуваат, ги координираат своите движења взаемно. Но, сето тоа е танц на одвоени уметници. Секој од нив е индивидуален и вреден сам по себе. И колку повеќе танчерите владеат со сопственото тело, толку повиртуозен е нивниот заеднички настап. Што ќе се случи ако одеднаш врската се распадне? Дали тие ќе можат сами да танцуваат? Се разбира дека да. Можеби тоа ќе биде некоја сосема друга соло-изведба, но нивото на мајсторството на уметничките клизачи од тоа нема да се намали.
А сега замислете си танчер, кој не е способен да стои на клизалки без потпора, кој излегува на ледот со очекување, дека него “ќе го повлече” појакиот партнер. Малку е веројатно дека настапот на тој пар, ќе се карактеризира со полетност или слободно движење. Поскоро може да се претпостави дека едниот би се држел за другиот со сета сила, парализирајќи ги неговите движења. Едниот би размислувал само на тоа какода остане на нозе, а другиот на тоа, како да го придржи него. Тука нема простор за творештво – колку да се избегне падот.
Љубовта е дует на две личности. Колку посамостална и повозрасната е секојаод нив, толку пософистициран технички и поубав ќе биде нивниот танц. Прекрасно е, кога во однос стапуваат луѓе, кои ја чувствуваат полнотата на своето сопствено постоење и кои имаатсознание за смислата на својот сопствен живот. Тие умеат да бидат среќни сами со себе, без надворешна поддршка, независно дали покрај нив се наоѓа љубениот човек или средбата уште не се случила. Животот на таквите луѓе ќе биде богати емотивно исполнет, што значи, дека тие ќе имаат што да споделат еден со другиот, кога ќе се сретнат. Во тоа взаемно општење, ќе се роди нивниот “настап во пар’’, во кој што секој ќе има своја и потполно самостојна и сложена улога. “Љубовта подразбира давање, а не земање” – говорел психологот Ерих Фром. Зрелата личност може да си го дозволи тоа задоволство – да биде дарежлива.
Но, се случува и сосема поинаку. Понекогаш животот се претвора во очекување и потрага: „Кога ќе го сретнам него (неа), тогаш...“ Додека тој уште не е сретнат, останува само да се мечтае и да се надева. Времето, се чини, се смрзнува, а случувањата што се одвиваат во моментот изгледаат безначајни. Тоа уште не е живот, тоа е неговата проба, а вистинскиот живот ќе започне по заветната средба. „Каде е оној кој ќе ме направи среќна?“ – безброј жени ги уништиле своите чевли во потрага по такви несебични мажи. Ако се свртиме наоколу, лесно ќе се убедиме дека не успеале многумина. И работата воопшто не е во тоа дали сте успеале, ниту во тоа дека мажите се расипале, а витезите исчезнале. Едноставно, никој не може да го направи човекот среќен, ако тој самиот не се научи да биде таков. Доколку живееме со чувство на недоволна вредност, „непотполност“ на сопствената личност и на сопствениот живот, никаков прекрасен принц нема да може да ја исполни нашата внатрешна празнина. Секоја, па дури и најсигурната поддршка, не е доволна за оној кој самиот не умее да стои на клизалки. А ние пак, како „неумешни уметнички клизачи“, колку и да се труди нашиот партнер, секогаш ќе бидеме незадоволни од квалитетот на танцот, ќе бараме сè понови потврди на љубовта, секогаш ќе ни биде малку. Таквата „љубов“ е крајно изискувачка и ненаситна.
Човекот кој ја измислил фразата “Ја барам својата втора половина”, очигледно, не се одликувал со личностна зрелост. Сепак, оваа лукава аналогија зачудувачки цврсто се вкорени во нашата свест и продолжува да привлекува нови жртви во своите поетски цели. И не ени чудо! Оти така е убаво да се чувствувате како црно – бел круг со партнерот, како јин и јанг, цврсто притиснати еден со друг. Сепак, обидете се да ги раздвоите тие половинки на древниот кинески симбол. Ќе се добијат две независни фигури, секоја со сопствена форма и јасно дефинирани граници. Но, тоа не може да се каже, за човекот кој ја чувствуа нестабилноста и неизвесноста на своето самостојно постоење. Така што, на ум ми доаѓа друга слика, на невешт уметнички клизач, кој грчевито се држи за својот партнер, без кого не може да се задржи на нозе. А тоа, ќе се согласите и не е така поетично.


ЗА КРАЈНОСТИТЕ КОИ СЕ СОВПАЃААТ


Зависните односи изгледаат различно. Тоа може да биде деспотски настроен маж и занемарена жена. Или пак, обратно, маж-папучар и самоуверена жена, која воздивнува за тоа што ѝ се паднал таков „некадарник“. Има многу сценарија според кои функционира зависноста. Но, сите навидум различности ги обединува едно – во тие врски нема среќа, затоа што во нив нема слобода. Обата партнери си предизвикуваат еден на друг страдање, постојано доаѓајќи до заклучок дека така веќе не може да се продолжи, но сепак остануваат во своите улоги. Нешто упорно ги држи во склопените околности, нешто им смета да се откажат од трауматските односи, кои треба да се изменат или да се прекинат. А тоа е – отсуството на границата на личноста. Зависничките врски им припаѓаат на невештите танчери по уметничко клизање, кои се чувствуваат несигурно во својот животен простор, и затоа имаат голема потреба од јак партнер. И само уште да се најде таков танчер-алтруист, кој е спремен да ги принесе своите животни интереси на олтарот на туѓата беспомошност, е практично невозможно.
Во творечките парови партнерите обично се на исто рамниште на професионална вештина – инаку нивната заедничка работа ќе биде неефективна или воопшто нема да има смисла. Според истиот закон, и во животот ние се стремиме кон оние кои се наоѓаат на исто рамниште на личностна зрелост со нас, оти таквите луѓе ни се поблиски, поразбирливи, поинтересни и со нив е полесно да се достигне взаемно разбирање и да се воспостави контакт. Доколку ние се доживуваме себеси како такви „половинки“, односно не ја осознавме својата доволност, значи, ќе нè привлекуваат токму такви „половинки“, такви „неуспешни уметнички клизачи“, кои бараат да се фатат за некого, за да се почувствуваат малку постабилно. Така се создаваат созависнички односи, во кои секој од партнерите се стреми во другиот да го пронајде својот идентитет.
Ваквите врски создаваат многу болка, но зависниот човек не може да восприми други односи. На пример, женатана алкохоличарот тешко да може да се смета за среќна жена, но не можеш даја наречеш ниту пасивна жртва на околностите. Нејзината судбина – е нејзин избор. Колку и парадоксално да звучи тоа, таа има потреба од својот зависен маж исто толку, колку и тој од неа.
Луѓето со недоволно сигурен самоидентитет и неразвиена способност за поставување на граници, се делат на две категории:
• едните го земаат туѓиот товарот, а го занемаруваат својот,
• другите го пренесуваат својот товар на другите. Првиот тип се претерано одговорните, премногу грижливите „донатори“, кои секогаш имаат многу одговорности. А вториот – тоа се неодговорните луѓе, кои имаат потреба од помагање. Овие два типа се бараат еден со друг, се обидуваат да го пополнат недостигот од самостојност. Претерано одговорниот го наоѓа оној за кого би можел да биде одговорен. А пак човекот со неразвиена одговорност бара старател, мечтаејќи за тоа тој да му ги воспостави границите. Семејството на алкохоличарот е една варијанта на развој на таквите односи. Контролирајќи го својот нестабилен маж, земајќи ги на себе неговите семејни обврски и неговата одговорност, жената добива чувство на сопствена вредност и самоувереност, токму онаа што ѝ недостасувала во самостојниот живот. Без таквиот маж таа е половинка, а покрај него, таа добива чувство на целосност. Единствениот проблем е само тоа што тоа чувство е илузорно.
Во созависните односи партнерите ги држи една заедничка илузија: „Колку сум поблиску до тебе, толку е појасен мојот идентитет“. Во реалноста, претераната блискост доведува до сосема спротивен исход – таа сковува, поробува и те става во агол. Обата партнери се гушат од таа поврзаност, но да си дадат еден на друг повеќе слобода, тие не можат. Затоа што е доволно едниот да направи чекор наназад, па самоидентитетот на другиот да биде доведен во прашање. Таквиот пар потсетува на сијамски близнаци. Доколку ги разделите, тие може да загинат, но и заедно, најверојатно, исто така нема да преживеат. При емоционалната созависност партнерите чувствуваат дека нема да го издржат одвојувањето еден од друг, но исто така се чини дека и нивната врска е разрушителна.
Созависните односи не секогаш лесно се распознаваат, понекогаш од страна може да изгледаат просто идеални. Во нив можеби нема ниту алкохолизам, ниту други очигледни манифестации на психолошка зависност. Но, не се работи за тоа. Вистинската љубов се разликува од созависноста со позиционираноста на партнерите, со тоа дали тие се држат еден за друг очајно или нивниот заеднички живот се состои од два самостојни животи. Важно е што говорат тие кога ја искажуваат својата љубов: „Јас сакам да живеам со тебе“ или „Јас не можам да живеам без тебе“. Оти тоа воопшто не е едно и исто.


КАДЕ ВОДАТ ПОТРАГИТЕ


Ако одеднаш во себе откриете недостаток на самодоволност, отсуство на јасни граници и неспособност самостојно да управувате со својот живот, не брзајте со заклучоците: тоа не е само ваш проблем. Идеални граници нема никој. Сите ние понекогаш го земаме на себе туѓиот товар или не сакаме да го носиме својот. На крајот од краиштата, ние не сме нешто повеќе од луѓе - а луѓето знаат да грешат. И доколку тие грешки не му нанесуваат сериозна штета на вашиот живот, и доколку во целина сте задоволни од тоа како се развиваат вашите односи со саканата личност, не треба премногу да се вознемирувате поради ситните промашувања.
Но, ако сте смениле многу партнери, а ниту еден од нив не ги оправдал вашите надежи; ако вашиот брак влегол во ќорсокак и не гледате излез ниту во развод ниту во продолжување на односите; ако вашиот прв маж бил алкохоличар, вториот ја оставал сета плата на автоматите за коцкање, а третиот исчезнува по цели денови на работа (или воопшто не сака да работи); ако во вас се јавило чувството дека постојано стапнувате на истото гребло – тогаш во вакви или слични ситуации треба да се замислите над тоа каде се крие вашата зависност. Каде вашите граници немаат цврста линија, туку испрекината. Каде е потребно да се усоврши вештината на самостојниот уметнички клизач, за да може заедничкиот танц да носи задоволство, а не страдања. Ќе треба да се занимавате токму со себеси, колку и да е големо искушението да ги пронајдете и искорените недостатоците кај партнерот. А всушност, што можеме да добиеме од него, ако самите ние не стоиме цврсто на нозе?
Ако не сме свесни за сопствените граници, не го заштитуваме своето достоинство, не ги согледуваме просторите на сопствената одговорност, на истиот начин нема даумееме да ги забележиме границите на другиот човек, да го почитуваме неговото достоинство и да ја прифатиме неговата одговорност. Ако не ја разбираме вредноста на сопствената личност, тогаш и вредностана другиот човек во нашите очи ќе биде сомнителна. Затоа, пред да барате љубов од другите, размислете, како вие се однесувате кон самите себе. Дали во вашиот однос кон себе има внимание, прифаќање, благодарност, грижа - со еден збор, сите оние пројави на љубов, кои ги очекувате од другите. Ако не поднесувате чад од цигари, дали ќе можете да истрпите, некој да ви дува чад, право во лицето?
Ќе можете ли во таа ситуација да се погрижите за себе? Или полесно ви е да ги штитите туѓите интереси, отколку сопствените? Па, ако вашите потреби не ви се чинат вам самите особено значајни, не е чудо, што другите исто така не им посетуваат внимание.
Ете така, како и секогаш, започнуваш разговор за возвишени нешта, за љубовта кон ближниот, а на крајот – повторно се враќаш на себе. А што да се прави: од другите може да се избега, а од себеси – никако. Децата растат и си заминуваат, а партнерите... нивната постојаност секогаш останува под знак прашалник. Нашето „јас“ е главната потпора, тоа е единственото нешто на што можеме да се потпреме во животот. Тоа мора да се земе предвид и да се чува. Затоа, пред некому да му кажете: „Колку е прекрасно што постоиш на овој свет!“, научете се да си го кажувате тоа, гледајќи се во огледало.
Секако постои и друг излез: да не се научиме на ништо, туку да го заклучиме срцето со клуч, да се убедиме себе дека љубовта воопшто не постои и да се држиме на страна од какви било приврзаности, за да избегнеме нови разочарувања. Зашто, отворајќи го нашето срце пред друг, ние ризикуваме да бидеме отфрлени, измејани, предадени, понижени. Од тоа никој не е заштитен.
Животот, општо гледано, е опасно нешто. Тој ни дава многу малку гаранции, а сепак ние го цениме како најголема вредност. Можеби токму затоа што во него постои љубов. А ако е така, тогаш вреди да се ризикува и да се пушти тоа таинствено чувство во својата душа. И ако кон него се однесуваме како кон дар, а не како кон казна, тоа ќе го преобрази нашиот живот – дури и тогаш кога ќе остане невозвратено. Најважно е љубовта да живее внатре во нас.

Оти без љубовта сè е ништо. Умот без љубов го чини човекот ИТАР.
Верата без љубов го чини човекот ФАНАТИК.
Честа без љубов чини човекот ВИСОКОМЕРЕН.
Власта без љубов го чини човекот НАСИЛНИК.
Вистината без љубов го прави човекот КРИТИЗЕР.
Богатството без љубов го прави човекот АЛЧЕН.
Воспитанието без љубов го чини човекот ДВОЛИЧЕН.
Должноста без љубов го чини човекот РАЗДРАЗЛИВ.
Љубезноста без љубов го прави човекот ЛИЦЕМЕР.
Праведноста без љубов го прави човекот СУРОВ.
Компетентноста без љубов го прави човекот НЕПОПУСТЛИВ.
Одговорноста без љубов го прави човекот БЕЗОБЅИРЕН.

Подготви: Маја Белева

Извор: dusha-orthodox.ru.

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2131
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2151
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 592
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/05/2026 -сабота

Светиот апостол Симон Зилот; Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин; Преподобна Исидора Јуродива; Блажената Таиса;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная