Мора да ја ползуваме, колку што можеме духовната арена со сите можности и предуслови што ни ги дава за уште повеќе да Му се приближиме на Христа Распнатиот, да ја добиеме Неговата помош и духовно преобразени, да се радуваме на Неговото свето Воскресение, бидејќи подуховно ќе го проживееме Великиот пост.Ви посакувам на сите добри сили за време на Великиот пост за да се искачите на Голгота и да Му се доближите на
Свети Силуан Атонски: Помогни ми да трпам и да Ти благодарам за Твојата благост
Ако те снајде некоја неволја, тогаш размислувај: “Господ го гледа моето срце, и ако Му е угодно, тогаш ќе ми биде добро и мене, и на другите.”
И така, твојата душа секогаш ќе биде во мир.
А ако некој ропта: “Тоа не е така, а тоа не е добро”, тој никогаш нема да има мир во душата, дури и ако пости и многу се моли.