логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

HRISTOSVoznesenie1

ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

По 40 дена од Своето Воскресение, Христос ќе се вознесе на небото, и со тој настан се запечатува целото Негово спасително дело. За овој настан, од евангелистите накратко споменува Марко (16,19-20), а најмногу Лука (Лк 24,50-53 и Дела 1,1-11). Исто како и страдањето и воскресението, Христос претходно го најавил и Своето вознесение: Ова ли ве соблазнува? А, ако Го видите Синот Човечки да се искачува таму каде што беше претходно? (Јн 6,62). Христос како Бог секогаш е со Отецот и Светиот Дух: под слегување, се подразбира Неговото Воплотување (кенозис), а под искачување, вознесувањето на Неговата човечка природа (обожението).

Во периодот на 40-те дена, меѓу Воскресението и Вознесението, Христос им се јавувал на учениците и им ги откривал тајните на Царството Божјо. Господ им заповедал да не излегуваат од Ерусалим, додека не им го исполни ветувањето, дека ќе им испрати друг Утешител, односно додека не слегне Светиот Дух врз нив и ги облече со сила одозгора, по што би можеле да го проповедаат Евангелието по целиот свет. Тоа и ќе се случи по 10 дена, за време на старозаветниот празник Педесетница.

Зошто токму 40 дена требало да поминат до Вознесението? Бројот 40 имал големо значење воопшто на древниот Блиски Исток, а особено тој број има големо значење во Библијата: претставува символ на завршено дело, генерација и исполнување. Св. Никодим Светогорец вели дека Христос, според Својата човечка природа, примил три раѓања (1.Воплотувањето од Дева, 2.Крштението од Јован и 3.Воскресението), и во трите раѓања е наречен – првороден (1.од многуте браќа по тело, 2.во новото создание, 3.од мртвите). 40 дена по секое од овие раѓања, се случува нешто многу важно (1.Сретението, 2.победата над искушенијата од ѓаволот, 3.Вознесението).

Во овие 40 дена по Воскресението, тој ги поучувал учениците на тајната на Царството Божјо, коешто веќе е тука, а тоа е Црквата. Неслучајно Црквата порано вршела масовно Крштение на катихумените токму на Велика Сабота (т.е. Велигден), со што тие на мистичен начин учествувале во Страданието и Воскресението Христово. За време на периодот по Велигден, тие поминувале едно особено поучување, т.н. мистагогија (воведување во тајната), кога паралелно учествувале во светите тајни и сето тоа им било објаснувано, т.е. им се разоткривала тајната на Црквата. Затоа што порано, како некрстени, тие не можеле да ги знаат овие нешта, ниту да учествуват во благодатниот живот на Црквата.

Гледаме како праксата на раната Црква, го продолжува она што се опишува во Новиот завет. На некој начин, сите ние ги поминуваме сите фази што ги поминале и апостолите. Во денешно време оваа пракса на мистагогија не постои, но некаде веќе започнуваат да ја обновуваат затоа што таа е суштинска за духовниот живот. Кај нас, како традиционално православно општество, таа не постои и тука се соочуваме со еден голем проблем: луѓето не знаат зошто се православни, едноставно го прифаќаат тоа како обичај, бидејќи се родиле тука, како некаква идентификација. Но, верата не е само некаков фолклорен декор, туку таа е осмислување на целиот човеков живот и тука познавањето на верата е суштинско за вечното спасение.

Господовите настани не се изолирани еден од друг, ниту се различни по вредност. Така и Господовите празници се спасителни настани на Божествениот Домострој, бидејќи преку нив се изврши и устрои спасението на човештвото. Христос се вочовечи, поучуваше, пострада, воскресна и се вознесе. Тука постои едно чудесно единство. Кој празник е најголем во таа смисла? Ако Христос не се воплотеше (Божик), немаше да се случат Воскресението и Вознесението. Ако не воскреснеше, залудно ќе беше Воплотувањето. Па така, Вознесението е практично круната, венецот на сите празници (како што главата е украс на целото тело).

Значењето на Вознесението е во тоа што човечката природа, обожена со Воплотувањето, е прославена. Христос седнал од десната странана Бога, а тоа е еден символичен израз; тука не станува збор за географски поим (место), туку за онтолошка состојба. Седењето оддесно, со јазикот на Библијата, значи да се разделува истата власт и достоинство со оној до кој седиш. Па така, човечката природа со Христа станува учесник во славата и вечноста на Божествениот живот. Се исполнува она, за што беше создаден човекот, а тоа е единството и заедницата со Бога. Кај некои отци постоело мислењето, дека и да не паднел човекот, Бог сепак ќе се воплотел. Затоа што, ако целта на создавањето на човекот била единството со Бога, тоа единствено можело да се изврши преку соединувањето на Божествената несоздадена личност со создадената природа, односно со Воплотувањето на Бога. Преку Христа, човекот е соединет со Бога, но за човекот да учествува во обожената и соединета со Бога природа, треба да биде во единство со таа обожена во Христа природа, т.е. да стане член/орган на тоа Тело Христово, коешто е Црквата. Според древното учење, Бог стана човек, за човекот да стане Бог (по благодат).

Спасението на човечката природа во Христа е извршено, но од секој човек зависи дали ќе го прими тоа спасение, во зависност од слободната волја пројавена во подвигот во Црквата. Така, секој човек на еден личносен план треба да го помине она што Христос го поминал, т.е. да стане соучесник во Христовата тајна. Во животот на Црквата ние напредуваме во согласност со тие фази од Христовиот живот: прво се раѓаме во Христа, потоа страдаме со Него, го победуваме ѓаволот и воскреснуваме, и на крај можеме да го живееме и обожувањето. Токму празникот Вoзнесение, отците го поврзуваат со обожувањето на човекот.

Суштината и смислата на празникот Вознесение се многу големи и возвишени. Ако со Воскресението беше победена моќта на смртта и на ѓаволот, тогаш со Вознесението нашата природа се издигна на престолот Божји и ни се даде можноста да достигнеме и ние во доживувањето на Вознесението, што е обожувањето. Во тој контекст, св. Григориј Палама вели дека Воскресението е поврзано со сите луѓе, а Вознесението со светиите (спасените). Сите ќе воскреснат во последниот ден, но нема сите да се вознесат: А прво ќе воскреснат мртвите, потоа ние што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците за да се сретнеме со Господа во воздухот (1Сол 4,16-17).

 

фб Православие мк

 21.05.2026



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2121
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2142
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 587
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

21/05/2026 - четврток

Вознесение Христово – Спасовден; +Св. апостол и евангелист Јован; Преп. Арсениј Велики; Св. Емилија; Преп. Арсениј Трудољубивиот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

 Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај/ 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај/ 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението,на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да поимаме...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная