Мајката Божја
Мене, одамна ме праша една душичка: „Зошто Мајката Божја толку високо се почитува, не само повеќе од светите луѓе, туку и од ангелите и архангелите?“ И јас одговорив: „Затоа што ни Ангелите и Архангелите, ни Херувимите, ни Серафимите немале така блиско и важно учество во уредувањето на нашето спасение како Таа“. Уредувањето на нашето спасение се нарекува домострој на воплотувањето. Потребно било Синот Божји и Бог да ја прими во Својот ипостас човечката природа, зашто без тоа нашето спасение не можело да се уреди…
Оваа природа е земена од Приснодевата, преку слегувањето на Светиот Дух и осенувањето на силата на Севишниот. Ангелите и Архангелите при воплотувањето служат на надворешен начин, не влегувајќи во суштината на делото на воплотувањето, додека Мајката Божја влегува. Заради тоа Таа се почитува повеќе од секое создание… Силата на ова суштинско учество во воплотувањето и Нејзиното застапништво за нас, е појако од секое друго.
Свети Теофан Затворник+
Избор од фб профил на
Тимотеј Соколов Македонски