логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

За покајанието – Св. Јован Златоуст



pokajanie.jpegПокајание, според учењето на Црквата, е враќање на крштавањето, втора благодат, очистување на совеста, ветување кон Бога за нов живот, помирување со Бога преку добри дела. Непокајанието води кон духовна смрт. За непокајаните Самиот Господ вели: “… ако не се покаете, сите така ќе загинете” (Лук. 13:3). Но и не сите од оние кои пристапуваат кон светата тајна покајание, се очистуваат, бидејќи не ги исполниле сите услови неопходни за вистинско покајание.

Почетокот на покајанието е сознание за гревовите и скрушението заради нив. Некои луѓе, поради незнаење или поради невнимание кон своето спасение, сметаат дека тајната покајание се состои само во исповедта. Тие мислат дека усното исповедување на гревовите пред духовникот ги очистува целосно од нив. Но, не такво покајание очекува Господ од нас. Тој сака да ја почувствувате целата тежина на своите гревови, да боледуваме поради нив, да ги измиеме со солзи на срдечна скрушеност и да дадеме цврсто ветување дека ќе го поправиме својот живот. Само тогаш нашето покајание е вистинско и пријатно на Бога. За образци на такво покајание ни служат блудниот син, митарот и многу други споменати во светото Евангелие. Со длабока тага треба да кажам дека голем дел од верните не го пренесуваат потребно покајание и поради тоа не се поправа нивниот духовен живот. Гревот има власт над овие луѓе, нивните страсти не се скротуваат и тие, неочистени од своите внатрешни духовни рани, го завршуваат своето земно битисување во робување на гревот, кој живее во нив.

Исповедувањето на гревовите треба да биде чистосрдечно, без ни најмалку криење или самооправдание. Ако некој скрие нешто на исповед, тој прима двоен грев на душата. Макар и да имаме големи гревови, не бива да се срамаме да ги откриеме пред духовникот, бидејќи и тој е човек со исти слабости, како многумина, но е облечен во благодатна сила за да ги врзува и разврзува нашите прегрешенија.

Има две слабости или два вида болести кои се причина за нашето непокајание и нашата упорност во некои гревови. Првата слабост е целосно очајание за нашето спасение, а втората – прекумерната надеж на Божјото милосрдие.

Очајот се состои во тоа што, човекот, сознавајќи ги многуте свои гревови, веќе не се надева да добие простување од Бога и затоа си дозволува сè повеќе и повеќе да тоне во бездната на беззаконијата, а злите духови го користат тоа за да го доведат грешникот до потполна погибел. До нашето паѓање, вели свети Јован Лествичник, демоните ни Го претставуваат Бога како човекољбив, а по нашето паѓањето – како неумолив. Светите отци ни советуваат да ја отфрламе таа лукава помисла на очај со крепката надеж во Божјото милосрдие. Ако сме победени, да станеме и повторно да започнеме борба со противниците и така да продолжуваме до крајот на животот, помнејќи ги зборовите на пророкот: “не се радувај за мене, моја непријателко. Иако сум паднал, ќе станам, иако сум во мрак, Господ е светило за мене “(Мих. 7:8).

Старите навики, вели свети Јован Лествичник, често го измачуваат и оној кој плаче и сака да се избави од нив. Во овој случај, демоните внесуваат тага во душата на оној што се кае и му внушуваат безнадежност во покајанието. Таа зла мисла ќе ја отфрлиме, кога ќе се потсетиме на оние кои згрешиле и потоа се покајале.

Безбројно многу грешници ги исповедале своите гревови, паѓајќи пред нозете на Спасителот и се удостојувале да добијат прошка за нив. “Немој да грешиш веќе, за да не те најде нешто полошо”, му рекол Животодавецот на покајаниот болен (Јован 5:14). “Ти се простуваат гревовите”, извикал тој, кревајќи ја грешницата, која Неговите пречиси нозе ги оросувала со солзи на покајание (Лук. 7:48).

Кога размислуваме за тоа безмерно Божјо милосрдие кон оние кои се каат, да прибегнеме со срдечно покајание кон Него, Кој не’ искупи со Својата света крв и Тој, Себлагиот, ќе не’ прифати со радост во Своите татковски прегратки, како некогаш блудниот син, како загубената овца, за која повеќе ќе се возрадува, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од покајание (Лука 15:7). Ако тој им наредил на учениците да простуваат гревови седумдесет пати по седум (Мат.18: 22), колку повеќе Самиот Тој ќе ни прости.

Сите гревови на човечкиот род имаат граници, како човечки, но Божјото милосрдие нема граница. Господ ги простува сите гревови на оние кои се покајуваат, бидејќи нема неопростиви гревови, освен неисповеданите. Според светите Отци, и на Јуда-Предавникот би му било простено ако се беше покајал.

“Ништо не може да се споредува на Божјите штедрости – воскликнува свети Лествичник, ништо не ги надминува. Затоа, оној кој очајува е самоубиец.“

“Не чуди се дека секојдневно паѓаш, вели свети Лествичник, не отстапувај, туку стој мажествено и твојот Ангел-чувар ќе го награди твоето трпение”.

“Кој искрено пристапува кон Бога, уверува преподобен Симеон Нов Богослов, Бог не допушта тој никогаш да падне, но гледајќи ја неговата немоќ, му содејствува и му помага јавно и скриено, подавајќи му рака за помош”.

Но не треба бескрајното Божјо милосрдие кон грешникот да го користиме за зло, во неоправдано снисходење кон своите гревови.

“Таа скверна слабост, вели свети Лествичник, кога се оградува со Божјото човекољубие, станува многу пријатна за сластољупците.”

За ослободување од оваа слабост доволно е да се убедиме во несомнената вистина, дека Бог колку што е милостив, толку е и правосуден и затоа на сите и на секој му е потребно покајание, бидејќи гревовните рани со ништо друго не се лекуваат, освен со срдечна скрушеност и цврста решеност да не грешиме.

Несомнен знак за оставање на претходните гревови не е само дејствителното отклонување од нив, туку и непрекинатото противење на секја грешна желба, придружено со страв повторно да не паднеме во власта на гревот и сатаната и со целосна омраза кон гревовите. Треба да ги помниме своите гревови, зашто тоа ќе не’ доведе до воздржание од нив. Сепак, не бива во детали да се сеќаваме за извршените гревови, зашто тоа не е полезно, туку само да помниме дека сме грешни пред Бога.

Покајанието што ја постигнало својата цел – простување на гревовите, во душата на човекот Го привлекува Пресветиот Дух Божји и преку Него дава залог на верниот за вечно спасение во Исус Христос.

Извор: За покаянието – Св. Йоан Златоуст

by Маран Ата

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная