Навистина, како ќе можеш да ги издигнеш твоите раце кон Небесата? Како ќе го движиш својот јазик за да се помолиш? Како ќе бараш прошка?
Дури и ако сака Бог ДА ТИ ГИ ПРОСТИ ГРЕВОВИТЕ, ти не Му дозволуваш, бидејќи ТИ НЕ МУ ГИ ПРОСТУВАШ гревовите на својот брат...
Отстранувањето на помислите не е во ваша моќ, но да не се прифаќаат – е: отстрани ги со Исусовото име. Ако молитвата понекогаш е невнимателна, расеана, не треба да се паѓа со духот. За време на молитвата нашите усти се осветуваат со името на Господ Исус Христос. Постојано бидете со Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“.
„А, сега, кога еднаш веќе си бил поразен и си паднал (од некоја страст), отсега па натаму биди внимателен со оваа страст, бидејќи искушувачот е секогаш крај нас.
И во која било битка во која човекот еднаш бил поразен – дури и сто години да поминат – штом ќе се соочи со истото искушение што го
Еден ден во седмицата, кој се именува Недела, се вика ден на Господа, Кој воскреснал во тој ден од мртвите, и со тоа го претскажал општото воскресение на сите и нѐ уверил во неговата вистинитост во тој свет ден (сп. 2. Мој. 20, 10-11), никаква световна работа не работи, освен она што е најнеопходно потребно,
Разумното молчание е мајка на молитвата, ослободување од ропството,
чување на пламенот, чувар на помислите, извидник на непријателите, живеалиште на плачот, пријател на солзите,делатник на сеќавањето на смртта, живописец на страдањата,зафатеност со представата на последниот суд,омошник на спасоносната потиштеност, непријател на дрскоста,
Затоа живееме во епоха на психолози и психијатри. Но, ако сме смирени и во нас има љубов, тогаш нема да имаме проблеми.Смирениот не се плаши да падне, бидејќи нема каде подолу да оди. Што и да се случи во него, тој останува спокоен и мирен. Во оној што има Христова љубов, сè во него е просто и средено.
"Голема предност е кога човекот се препушта во Божји раце! Луѓето си поставуваат цели и се трудат да постигнат успех, а не им паѓа на ум да се запрашаат каква е Божјата волја, ниту пак, сакаат да ѝ се прилагодат. Треба со надеж да Му се препуштиме на Бога, за Тој правилно да нѐ
Светата Тајна на Телото и Крвта за христијаните е Божја храна и жртва. Секогаш не се причестуваат сите кои се на Литургијата, но жртвата се принесува од сите и за сите. Затоа сите и треба да учествуваат во неа. А учествуваат преку верата, смирението заради гревовите и
Човеку, ќе те прашам, дали ти чувствуваш духовна глад и жед за натприродниот клас и зрно, дводелните, природно-животните – Телото и Крвта на Христос Животодавецот, вистинскиот небесен Леб, Кој му дава живот на светот? Ако не ја чувствуваш таа спасоносна глад, тогаш тоа значи дека си духовно мртов.
Тој ми дарува живот. Тој непрестајно ме допира со Својот Животворен Дух. Од тој божествен допир, мојот живот гори, постои и трае во мене. Богоборниот дух, таткото на секоја лага, ме искушува со земните похоти. Ми шепоти дека мојот живот зависи само од земниот леб и другите земни блага. Правејќи се мој пријател, поголем од мојот Создател земајќи ме во заштита од Него - како првите родители во Рајот
Не бидете мрзливи, туку пристапувајте ѝ на чашата на Животот, Бесмртноста, Љубовта и Светоста со страв од Бога и вера. А кој не сака и не се грижи за тоа, тој не Го сака Исус Христос и нема да Го добие Светиот Дух, и, со самото тоа, нема да влезе во Небесното Царство.
По враќањето, ученикот донел вест дека во манастирот никој не се упокоил, туку, пред вратата на манастирот одненадеж починала познатата блудница, која од градот дошла таму. Во недоумица, затвореникот почнал да Му се моли на Бог, за да му го објасни видението. ''Точно - гласел одговорот Божји на светиот старец - ти ја виде душата на жената, поранешната блудница,
Вистина е она што вели Господ, дека човек со љубов према светот не може да задобие љубов спрема Бога, дека општејќи со светот човек не може да општи со Бога, и дека грижејќи се за светот, не може да се грижи за Бога. Штом заради славољубие го напуштиме Божјото, а често и .
1. Имај го Бога за почеток и крај на секое дело.
2. Најдобрата полза од животот е – да се умира секојдневно.
3. Грижи се да ги дознаваш сите постапки на добродетелните.
4. Тешко е да се живее во беда, но уште полошо – да се збогатиш неправедно.
5. Правејќи добри дела, мисли дека го подражаваш Бога.
Оној кој го вежба својот ум за свештени подвизи и ги прогонува од себе страсните помисли врши ѓаконска служба; соодветен на свештеник е оној кој го просветува умот со познанието на постоечките нешта и го уништува лажното знаење, а епископско дело врши оној, кој го прави својот ум совршен помазувајќи го со светото миро на познанието на Светата Троица, на Која ѝ се поклонуваме.
Кога душата е во љубовта Божја, о, колку е тогаш сè добро, колку е сè мило и весело. Но, и при љубовта Божја постои тага. И колку е поголема љубовта, толку е поголема и тагата. Божјата Мајка никогаш не згреши ниту со една помисла, и никогаш не ја губеше благодатта. Но, и Таа многу тагуваше. А кога стоеше под Крстот, Нејзината тага беше безмерна како океан и маките на
Веќе првиот израз на овој текст е значаен: еретиците се карактеризираат како мртви, а Православните ги „имаат за спасение Светите Писма“, кои малку понатаму се нарекуваат „Боговдахновени“ и „извори на спасението“, во кои единствено „се благовести науката на Благочестието“, т.е. црковната вистинска (=Православна) вера и живот и спасение.