Нашите времиња се неподносливи. Не сум непогрешлив, можам да грешам на секој чекор, и тоа го правам. Сепак, ќе ви кажам дека често ми паѓа на памет дека сме влегле во „апокалиптични времиња“...
Ќе дојде време кога ќе бидат изградени машини кои ќе го контролираат начинот на кој луѓето размислуваат...
Во тоа време само оние кои го спуштиле умот до срцето нема да бидат погодени од оваа диктатура.
На запад луѓето живеат со мозокот, односно логиката е центар на нивниот живот. Значи, ако научниците откријат машина, тогаш тие ќе можат да ги читаат мислите на луѓето и да ги насочат…
Оние, пак, кои живеат со срцето во кое делува благодатта Божја и се молат со срце, во себе го имаат белегот на Крстот и никој не може духовно да ги контролира. Имаат слобода на духот...
Не грижете се за вашата неможност да се концентрирате кога стоите во молитва. Пред сè, чувајте го споменот на Бога и мирот во срцето. За да го пронајдете вистинскиот пат, најдобро е да се молите на самиот Бог...
Литургиската молитва со честите Света Причест претставува полнота.
Христијаните секогаш ќе бидат погрешно разбрани од луѓето околу нив. Кога некој ќе почне да живее според Христа, тогаш општеството го отфрла.
Но, тогаш се стекнува со друго општество, бидејќи и ние христијаните имаме свое општество. Ништо не губиме на овој свет...
Мора да ја почитуваме слободата на другите.
Тоа што се прави со насилство не трае во време и вечност...
Свети Софрониј Сахаров
fb