Како да се справиме со гневот
- Ако те нападне гнев, веднаш бркај го далеку од себе, за да се радуваш низ цел твој живот.
- На никој немој да се лутиш и на сите простувај.
- Ако некој неправедно те прекори, немој да се распламтуваш.
- Биди мудар, устата на оние кои зборуваат лошо за тебе затварај му ја со молчење.
- Немој да се чудиш ако некој лошо зборува за тебе, бидејќи тоа лукавство е најголемо од нашите најголеми непријатели, кое се обидува човекот да го отргне од спознавањето на вистината.
- Немој да бидеш брз во гневот, и не памети зло на оној кој го поттикнува гневот во тебе.
- Немој да се плашиш од навредите на луѓето.
- Ако доживееш навреда, немој да се роди непријателство спрема оној кој ти го нанел, туку вели: Јас сум достоен сите да ме презираат.
- Немој да кукаш и никого не навредувај.
- Немој да враќаш зло за зло, ниту навреда за навреда, бидејќи, како Господ да те смири, кога гледа дека самиот не можеш да се смириш.
- Оној кој го врти и другиот образ на оној кој му го удира едниот, Господ Исус Христос никогаш нема да го напушти бидејќи е благ и помага на душите кои трпат поради Него и кои Го бараат. Он им дава сила и крепост се додека не се одвојат од страста. И така, радувај се кога на тебе наидуваат неволји и страдања, зашто после нив доаѓаат слатки плодови.
† Свети Антониј Велики