Поучни слова на Тројцата Свети Архиерeи
Свети Григориј Богослов
На земјата се појави божественото создание, а во земните долини на вечно расцветаниот рај - човекот. Но човекот уште немаше помошник сличен на себе. Тогаш премудрото Слово изврши големо чудо - создадениот како надзорник на светот, т.е. корен и семе на разновидниот живот, го раздели на два дела и со Својата сила и животворната рака од него извади ребро за да ја создаде жената, а потоа и на двајцата им влеа љубов во градите и ги поттикна да тежнеат еден кон друг.
Свети Јован Златоуст
Ако човек е барем малку разумен, меѓу најголемите благослови го вбројува животот на мажот и жената во хармонија. На едно место е напишано: другарот или пријателот никогаш нема да те напушти, но мажот и жената се подобри и од двата. Од самото настанување Господ, преку Својата промисла, ја дал оваа заедница меѓу мажот и жената, и за двајцата зборувал како за еден: маж и жена ги создаде, и: нема веќе машко и женско, зашто сите сте едно во Исуса Христа. Не постои толку близок однос меѓу луѓето како заедницата меѓу мажот и жената, под услов нивната врска да биде таква каква што треба да е.
Свети Василиј Велики
Природно е да се венчаш, но мора да биде нешто повеќе од природното, тоа мора да биде врска помеѓу две личности, родена под закрилата на Црквата.
фбПравославие.Мк †