
Да не постојат зборовите: прости ми! и: нека ти е простено!, човечкиот живот би бил сосема неподнослив. Нема таква мудрост на земјата која би можела да основа ред и утврди мир меѓу луѓето, без примена на простувањето. Ниту има такво училиште и такво воспитување, кое би можело да ги направи луѓето великодушни и племенити без вежбање во простувањето.
Што му помага на човекот сета негова светска ученост, ако тој не е во состојба да му прости на својот ближен еден навредлив збор или еден навредлив поглед? Ништо. И што му помагаат на човекот сто ока масло пред олтарот, ако секоја ока не е сведок барем на една простена навреда? Ништо..
О, кога ние би знаеле колку нам премолчувајќи ни се простува секој ден и секој час, не само од страна на Бога, туку и од страна на луѓето, и ние со срам би побрзале на другите да им простиме! Колку невнимателни, навредливи зборови исфрлуваме ние, на кои се одговара со молчење; колку јаросни погледи; колку неприлични движења; па дури и недозволени дела! И луѓето минуваат преку тоа, не враќајќи ни око за око и заб за заб.

А што да речеме, пак, за простувањето Божјо? За ова е недоволен секој човечки збор. Потребен е божествен збор за да се опише неизмерливата длабочина на Божјото милосрдие и Божјото опростување.
Св.Владика Николај Велимировиќ
05.11.2026
fbPravslvie



























