логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Mark_Ephes

           Денес, на 1 февруари (19 јануари по стар стил) Православната Црква го почитува споменот на свети Марко, митрополит Ефески – великиот бранител на Православието, со чиј ум, трудови и молитви биле сведени на нула напорите на еден црковен собор, кој требало да направи срамна унија со Латините во XV век. Сепак малку кој знае за чудата на светиот, кои се случувале како во дамнини, така и денес. Од порталот Православие.Ru во превод ги предложувам пред вашето внимание записите за некои од тие чуда во XXI век и запишани од свештенството на храмот на светителот Марко, кој се наоѓа во предградие на Атина. Навистина е голем Бог во неговите свети и „се надминува поредокот на природата,“ се укинуваат границите на времето и просторот пред благодатните дејства на светителите, кои се вечно живи жители на Царството Небесно и застапници пред Бога за нас на земјата.

        Светителот се грижи за изградбата на неговиот храм. Кога работниците кои го граделе храмот (посветен на) светителот, успешно се труделе, а целиот процес бил во завршна фаза, се појавил недостаток на парични средства и постоела опасност, понатамошната работа да запре, а самиот обид за градба да стане бесперспективен. Загриженоста на свештеникот била голема и тој го повикал на помош свети Марко, кој го уверил, дека следниот ден ќе дојде некој човек и ќе донесе значителна сума пари за продолжување на работите (и дури ја кажал конкретната сума).

      И навистина, следниот ден во храмот дошол некој господин од Вулиагмени[1], прашувајќи, тоа ли е храмот на свети Марко и побарал да разговара со свештеникот. Свештеникот одговорил, дека веќе знае што сака тој. И тогаш тој непознат господин открил, дека претходната вечер во сон му се јавил некој монах, кој се претставил Марко Евгеник[2], и му рекол да ја помогне со пари изгадбата на неговиот дом во Долна Патисија[3]. Господинот го послушал светиот и ја донел како дар точната сума, која му ја кажал свети Марко на свештеникот претходната вечер. Така, повторно можело да почнат работите за изградба на храмот.

          Светителот се јавил и раскажал за постоењето на неговиот храм. Еден благочестив господин од Кипсела имал обичај да врши поклоништво во сите храмови на нивните празници, но не знаел дали постои храм на свети Марко. Еднаш, кога влегол во пекара, видел некој монах, кој му дал просфора и му рекол, да ја однесе утре во неговиот храм. Зачудениот господин го прашал: «Кој си ти, старче? Каде се наоѓа твојот храм?» И светиот му одговорил: «Се викам Марко Ефески, мојот храм се наоѓа во Долна Патисија». И му дал на човекот јасни упатства, како да отиде таму, кој пат води до неговиот храм.

          Навистина, господинот, кој не ни знаел за свети Марко, ниту дека постои храм во негова чест, ги следел неговите упатства и стигнал во неговиот храм, како што точно му кажал светителот. Такви случаи, кога светителот се јавувал пред луѓе кои не го знеле, и ги упатувал во својот храм, се познати и од други сведоци, како на пример, од една госпоѓа од Нова Филаделфија.

       Светителот прави чуда за исцелување. Во 2005 г. еден млад, 20-годишен човек по име Георгиј страдал од некоја ретка болест. Морало да му извршат некоја тешка операција. Веројатноста за неуспех била голема и било сосема можно тој цел живот да остане парализиран. Неговата мајка со созли топло го молела Бога за исцелување на нејзиниот син. Тогаш по телефон ѝ се јавила сестрата и ѝ раскажала, дека пред неа се појавил некој монах, се претставил како Марко Евгеник и рекол: «Кажи ѝ на мајката на момчето: “Јас ќе го оперирам Георгиј, да не се вознемирува”».

       Навистина, утредента, без оглед на сложеноста, операцијата поминала успешно. За време на операцијата, меѓу лекарите се појавил некој монах, кого лекарите не го познавале, кој рекол дека е пријател на семејството и се вика Марко. Во особено тешките моменти тој им укажувал на лекарите како е потребно да дејствуваат. Момчето било излекувано. Подоцна, тоа и неговото семејство отишле во храмот да раскажат за она што се случило и да му заблагодарат на светителот.Во друг случај, во 2004 г. млада жена од Нова Филаделфија топло се молела Бог да ѝ дарува дете, да забремени. Една вечер, за време на молитвата, пред неа се појавил монах и рекол дека неговиот празник е на 19 јануари. Ја замолил да отиде и да се помоли во неговиот храм во Долна Патисија и рекол, дека ќа ја послуша нејзината молитва. Навистина, жената така и направила. По три денови забременила, родила здраво дете и оттогаш секогаш одела да му заблагодари на светителот на денот на неговиот спомен.

Светителот спасува дете од автомобил.

         Пред храмот на свети Марко некое семејство го преминувало патот. Во некој момент детето избегало од вниманието на родителите и автомобилот што поминувал го удрил. Преплашените родители со крик притрчале, плашејќи се од најлошото. Сепак, зачудени го виделе детето како станувало и се смеело, велејќи им, дека во моментот кога кон него се приближувал автомобилот, дедо во црно (свети Марко) го кренал високо во воздухот и го заштитил. Родителите веднаш разбрале, дека свети Марко го спасил нивното дете од сигурна смрт и влегле во храмот да му заблагодарат на светителот.

[1] Предградие на Атинa.[2] Евгеник –прекар на семејството на светителот, кој значи «благороден».[3] реон на Атина.

Извор:

https://svitok.info/2013/02/01/cuda-na-sv-marko-efeski/

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2135
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2154
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 595
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/05/2026 -сабота

Светиот апостол Симон Зилот; Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин; Преподобна Исидора Јуродива; Блажената Таиса;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная