Митрополит Лимасолски Атанасиј: Бог – е живот на светот
„Според Твојата милост“ – овие сеопфатни зборови означуваат дека Господ ни дава сè, односно ни ја дава Својата љубов, милост, сила, утеха и присуство. Кога ние велиме: „Господи Исусе Христе, помилуј ме!“, ние во предвид го имаме сето тоа: Боже помогни ми, зацврсти ме, просветли ме, исцели ме, спаси ме и поддржи ме!