логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Најголемото знаење

Доколку во нас има покајание тогаш сѐ би било поинаку. Па така, што е тоа покајание и што значи да си ги осознаеш своите гревови? Што значи тоа да жалиш поради своите грешки? За тоа ние постојано се молиме во храмот – за Христос да ни даде да го поминеме останатото време од нашиот живот во мир и покајание. Ние постојано се молиме за тоа, но тоа секогаш бега од нас. Покајанието бега од нас!

Покајание“ – колку убав збор! Измена на мојот ум (грчкиот збор μετὰνοια), го менувам својот поглед на работите, го менувам своето мислење, своето настроение, срцето, односот кон животот, поинаку гледам на светот, на животот, станувам нов човек. Покајанието означува повторно раѓање, обновување на мојата душа, јас буквално се враќам назад во времето и ставам нов почеток, и станувајќи нов човек, јас одново станувам дете и отворам нова страница во својот живот, потполно нова. За таму да запишам нешто ново и да го избришам старото, да го фрлам од својот живот и да почнам да живеам одново.

Кон покајанието се стремиме и покајание бараме од нас самите. Господ нѐ замолил да имаме покајание, Он вели: „Покајте се!“ (Матеј 4, 17). За покајанието постојано зборуваше и Св. Јован Претеча: „Покајте се!“ – викаше во пустината. Тој пустиножител, подвижник, таа пустинска птица, тој крин пустински постојано зборуваше: „Покајте се зашто се приближи Царството Небесно(Матеј, 3, 2). Изменете се, исправете се, сфатете ги своите грешки, согласете се дека сте грешни луѓе и прифатете го очигледното: дека покајанието ни е неопходно. Тоа го рече и Самиот Господ – Свети Јован Претеча си заминува од историската сцена, и доаѓа Господ во нашиот живот и ни го вели истото.

Ние сепак немаме покајание! Ние немаме покајание и дури сега, слушајќи го ова, ти си велиш во себе: „Што ти е, сега најде да ми зборуваш за покајание? Јас имам толку многу обврски, треба да трчам по децата, да ги соберам од училиште, треба да готвам, треба да испазарам, да одам по продавници, треба да се појде на лекар и уште колку работи имам на глава! Времето ми е сведено на минимум, не ми стасува, толку многу работи треба да направам, не успевам да го направам ни она најнеопходното. А ти ми велиш да се покаам – што да направам за да се покајам? Не можам да го сварам тоа да се покајам! Не сфаќам што ми зборуваш, што е тоа покајание?

Си спомнувам за зборовите на Св. Јован Лествичник, којшто вели дека тоа што ти никако не успеваш да го направиш, тоа за кое никогаш немаш време, тоа е она единственото што Христос ќе те праша дали си го направил; единственото за што ќе даваш одговор пред Бога; единственото кое Христос ќе го побара од твојата душа во Судниот Ден. Покрај љубовта, покрај сѐ што е добро и што Господ го бара од нас: смирението, добротата, милостината, сите добродетели, сите нешта што ја украсуваат душата и го оживотворуваат нашето битие, покрај сето тоа Он ќе побара да види и дали сме имале покајание: тогаш кога си направил грешки, кога си претрпел неуспех во сѐ што си сакал да постигнеш, (а ние, секако, сите трпиме неуспеси, никој совршено не го достигнал тоа што го сакал, никој не ја достигнал висината на којашто сакал да се искачи. Никој не може да има совршена љубов, совршено смирение, потполна и некористољубива самопожртвуваност, чистота на срцето, никој не може да го има тоа до степен на совршеност како што сака Бог). И Господ вели:

„Кога не можеше да ги достигнеш сите тие убави нешта што ги сакаше во животот, бидејќи беше слаб, па дури и она постигнатото го извалка со својата злоба и себичност, дали барем имаше во себе покајание? Дали покајанието ги пронижа сите страни од твојот живот, сите моменти од твојот живот? Ги украси ли покајанието, ги исправи ли? Ти беше грешен, нема да ти судам за тоа што беше грешен, бидејќи знам, како Бог, дека ти си грешен. Знам дека ти си земја, знам дека ти си прашина и не очекувам од тебе ништо подобро – јас знам дека ти сам ништо не можеш да направиш! ’Бидејќи без мене не можете да направите ништо(Јован 15, 5). Ти не можеш да направиш ништо, го знам тоа и не се лутам кога ја гледам твојата немоќ, бидејќи знам дека ти си целиот една голема слабост, една рана“.

Да, човекот е една голема рана на Вселената. Бог го знае тоа и затоа нема да ни суди, нема да нѐ прекори за тоа што сме грешни, нема да нѐ прекори дури и за тоа што не сме достигнале големи цели во животот. А и не можеме да достигнеме некакви си големи цели, зашто сме луѓе мали и бессилни. Сето возвишено што може да се достигне Му припаѓа Нему. И сето она големо што произлегува преку нас, исто така Му припаѓа Нему. Он ни дава сила, благодат, крепост и дејствува преку нас.

Бог нема да ни суди поради тоа што не сме пошле по сите краишта на Вселената, да мисионериме, доколку Самиот не нѐ повикал на тоа дело. Бог нема да ми суди за тоа што не сум воскреснал мртовец, бидејќи не е мое да правам така. Не сум јас Животот, Патот и Вистината. Не сум јас Оној што кажа: „Кој верува во Мене, и да умре ќе живее(Јован 11, 25). Христос го кажа тоа. Христос може да воскресне мртовец, а не јас. За тоа Он нема да ми суди. Господ нема да ме прекори дури и за тоа што сум грешен, и за тоа што не сум ги нахранил сите бедни на светот, бидејќи сам не можам да го направам тоа.

„Знам, дете мое, дека ти си човек, ти си земја; дека под облеката што ја носиш, под расото што го носиш, криеш плот и таа плот е земја, и прашина, и пепел, која го бара сличното на себе и Јас знам кој си ти. Но има нешто што Јас го чекав од тебе“, ќе ми рече Христос, „нешто што и ти, како прашина, и земја, и Мое создание можеш да го направиш, и требаше да го направиш, и што Јас го чекав од тебе целиот твој живот. Чекав да го направиш тоа. А што е тоа? Да се покаеш! Барем да се покаеш. Ти не си свет, Јас знам. Но Јас дури и не видов дека ти се согласуваш со тоа. Јас не видов дека ти жалеше за себе самиот, дека ја позна својата мерка, дека го сфати очигледното. А што е тоа? Тоа дека си безначаен, мал, бессилен. Јас не видов“, ќе рече Христос, „дека ти се согласи со тоа, дете Мое. И те гледам крајно себичен, совршено неисправен, непопустлив, совршено тврдоглав, имаше голема доза на инает во тоа што го зборуваше, во тоа што го мислеше, во тоа што го правеше. Си стоеше на своето, не се покаја, срцето твое не го прими тоа, затоа што секогаш беше тврдо, секогаш остануваше непроменливо во своите желби, решенија, постапки. Не ја видов таа сладост на покајанието. А сакав да видам дека ти се согласуваш со тоа. Сакав да видам дека тагуваш, да видам да се приземјиш, и да влезеш во својата мерка, да ја разбереш својата мера. Сакав да го сфатиш тоа и да Ми кажеш:

’Господи, тоа сум јас. Толку мал, толку слаб, толку грешен. Гревови во мене има многу и јас ги знам, размислувам за нив, тагувам, душата моја страда, очите пролеваат солзи, плаче душата моја. Ако и нема солзи од моите очи, бидејќи се дар од Бога, во душата сепак, многу плачам. И доколку на очите мои нема солзи, барем воздивнувам, се мачам поради тоа, признавам и го велам ова. Се согласувам и велам: Ах, Боже мој, јас не сум таков каков што ме создаде. Не сум таков каков што треба да бидам, за да ме гледаш и да ми се радуваш. Кога ме создаде, кога ме изваја во рајот, кога со Своите пречисти раце ми даде живот, кога собра земја и го создаде делото на Твоите раце, човекот, мене, сиот свет – Ти не мислеше дека ќе дојдам до тука. Ти не сакаше да паднам до тој степен. А јас толку паднав. Се согласувам со тоа, воздивнувам, тагувам, се мачам‘“.

Ете тоа значи покајанието – тага на душата, но слатка тага. Тага која е придружена со надеж – надеж во Христа. Тага која е придружена со чувство дека постои Некој, Кој е пред тебе.

(Продолжува)

 

Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/slatka-taga-dusha-1-del/

29ти март 2019 лето Господово

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2681
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7131
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6963
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/07/2024 - недела

Св. бесребреници Козма и Дамјан; Преп. патрициј Петар; Св. маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная