Младите и Црквата
Да ви кажам и јас нешто деца. Што навистина да правите во една таква црква? Одите рано, наместо да спиете во недела, одите на места каде што мажите стојат од едната, а жените од другата страна, стојат исправени, зборуваат на јазик од кој ништо не разбирате, музиката е сосема различна од онаа на која сте навикнале, излегува некој брадосан човек, држи нешто од кое излегува чад. Е какви се тие работи, што да правите во црквата?