логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  

 

21 јануари/3 февруари 2018 лето Господово    

Извор: Вселенска Патријаршија

 

  Για ελληνικά πατήστε εδώ

Среде темните облаци на неразумни и полни со омраза изблици на анахрон и, се разбира, антихристијански нац(ионал)изам, што во последно време повторно надвиснаа над Балканот, а за голема жалост помрачија и одредени црковни кругови, вчера од светиот патријаршиски престол на Великата Христова Црква во Константинопол засветија вистински зраци на божествено просветление, во светлината на Христовата штедрост, разбирање и љубов.

Имено, веќе докажаниот во православното мудрољубие и богопросветлен патријарх, Неговата Сесветост, г. Вартоломеј, Првосветителот на Великата Црква-Мајка на сите помесни православни цркви на Балканот, а и на многу други ширум православната екумена, вклучително и на денес најбројната – Руската, се огласи, во нему својствен стил на широкоградост и мудрост, со кратко по должина, но големо со евангелски дух послание, во кое повикува на „трезвеност и самовоздржание“ во однос на решавањето на проблемот со името на Република Македонија.

За нас, како православни Христијани, кои неотстапно сме дел и верни чеда на Светата православна Црква, зборовите на Неговото Светејшество вдахнаа нова утеха и надеж дека во овој, несфатлив за еден посветен Христијанин, националистички смут, некој, сепак, свето го почитува Христовото Евангелие и се труди да дејствува во негов братољубив дух. Му благодариме на Бога што тој „некој“ не е кој-годе човек, а имено Вселенскиот патријарх Вартоломеј, којшто, навистина, се покажува достоен последовател на неговите славни и свети претходници на Светиандреевиот престол, од типот на свети Фотиј Велики, покровителот на нашите просветители, словенските рамноапостоли Кирил и Методиј. Од благодарност и кон Неговото Светејшество, ја пренесуваме во целост архипастирската му изјава:

   „Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, ја даде следнава изјава: Вселенската Патријаршија, како Мајка Црква на сите Православни цркви на Балканот, по повод разговорите на тема именувањето на БЈРМ, ги повикува сите заинтересирани на трезвеност и самовоздржание, за ова критично и чувствително прашање да биде пресретнато мирно и со разум.“
    Фанар, 2 февруари 2018

 

Извор: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2878
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2692
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…