Распоред на богослуженија за време на Великиот пост 2017 година
02. март (четврток), 17:00 Покаен канон на св. Андреј Критски;
04. март (сабота), 19:00 Вечерна;
05. март (недела), 07:00 Утрена, 08:30 Света литургија;
Чист вторник (28.02.2017)
Христос искушуван беше, а ѓаволот Го искушуваше, барајќи од Него камењата лебови да ги направи; на (висока) планина Го одведе, за миг сите царства да ги види. Душо, од стапицава исплаши се, отрезни се, и во секој час на Бога моли Му се.
МОЛЕБЕН КАНОН НА СВЕТИ ТЕОДОР ТИРОН
Тропар, глас 2.
Колку се совршени делата на верата! Светиот маченик Теодор, во огнената печка, се радуваше како во води на спокој, зашто, кога во огнот изгоре, како сладок леб на Света Троица ѝ се принесе. По неговите молитви, Христе Боже, спаси ги душите наши.
Свети Теодор Студит – Поученија за монасите (1)
Постот е добар, ако во него се запазува мирна, кротка, послушна, смирена и сострадална расположба на духот, како и секоја друга добра расположба. Но, ѓаволот се труди на секој начин да вложи во оние што постат нешто што е спротивно на ова: да ги покаже груби, гневни, лути, горделиви, за да направи од постот да имаат повеќе штета отколку полза, но ние, „бидејќи неговите замисли не ни се познати“ (Кор. 2, 11),
арх.Партениј: „Да ги преклониме нашите срца во покајание за сите“
Секако дека е потребен голем труд, искушенијата се тешки и многубројни, но целта е прекрасна: соединување со Бога во Неговата неизмерна радост. Светата Четириесетница, најстариот пост востановен од Црквата, е најблагопријатното време за човекот да се приближи до Бога. Затоа и се нарекува Велик: не само поради должината, ами уште повеќе поради значењето, бидејќи...
еромонах Саватиј Баштовој - Поука (27.02.2017)
На почетокот, го немавме дури ни вечниот живот како дар, туку го примивме преку простувањето што на сите ни Го подари Синот Божји на Крстот. Оттогаш, благодарение на ова простување ние постоиме, повикани да го оживуваме светот во секој миг, преку проштевањето што си го даруваме едни на други.
ВТОРНИК ОД ПРВА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ (28.02.2017)
Ирмос: Погледнете и видете дека Јас сум Оној што во морето спасува, и во пустината израилскиот народ го наситува, и вода од каменот на луѓето им пушта, за да го понесам оној што некогаш во кал падна, и кон Мене да го привлечам, поради милоста (Моја) неискажлива.
Свети Теодор Студит – Поученија за монасите
О, Адаме, кој го вложи во тебе тој страв и кој ти рече дека си гол? – Тоа е последица на отстапувањето од Божјите заповеди. Потоа, следело изгонувањето од блаженото место и пресудата да поднесува труд, жалости и лишувања во текот на овој живот. Затоа, да се држиме што подалеку од советите на ѓаволот.Непријателот наш секогаш е готов да ни дава свои лекарства; секогаш треба да бидеме подготвени да ги одбиваме.
„Да го поминеме Постот со богоугодни дела“
Човекот е повикан да собира наследство што ќе има вредност не овде земјата, ами во Царството небесно, кое Самиот Христос, со Својата крстна жртва и Воскресението, повторно го отвори за секого што сака да влезе во него. Затоа и вели: Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше (Матеј 6,19-21).
Отец Александар Шмеман - Великопосното богослужење„Радосна тага“
Таа посна атмосфера, таа единствена состојба на духот се создава пред сé преку богослужбите, преку различните литургиски промени коишто се воведуваат во литургискиот живот. Ако овие промени се разгледуваат одвоено, може да се добие впечаток дека се формално накалемени, но ако се сфатат како целина тие ни ја откриваат и ни ја соопштуваат самата суштина на постот, ни овозможуваат да ја видиме и да ја почувствуваме таа „радосна тага“, којашто претставува вистинска порака и вистински дар на постот.
Свети Ефрем Сирин - Општи поуки за подвижничкиот живот
По четириесет и педесет години светите оци своето правило не го менувале, правилото прекрасно и беспрекорно за воздржувањето од храна, зборување, спиење на гола земја, смирение, кротост, вера и љубов, немаштија, непрестајна молитва со плачење и скрушеност, - и на тој начин се очистувале. Затоа и Бог се вселил и прославил во нив.
Вечерна со чин на простување во соборната црква св. Климент Охридски
На 26. февруари 2017 година, последниот ден пред почетокот на Великиот пост, и ден кој Црквата го нарекла „недела на проштевањето“ (Прочка), Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан присуствуваше на Вечерна богослужба во соборната црква св. Климент Охридски. По Вечерната се одржа чинот на простување.
Свети Теодор Студит - Поука (26.02.2017)
Сега, е, како што гледате, светата Четириесетница, која бара од нас духовни подвизи, многу повеќе отколку што се бара тоа во обичните денови, се бара од нас поусрдна готовност за секое добро, добродушност, храброст, трудољубие, трпение, молитва - устремена кон небото, солзно умиление, скрушена смиреност на срцето,
Прости
„Ништо толку силно не може да ја изрази длабочината на христијанската љубов и смирение, ништо друго не може да внесе свежина во срцата на луѓето и промена во атмосферата на целиот свет, како што тоа го може зборот прости. Збор, кој го претставува тој силен крик на душата и повикот кон секој човек за помирување...
Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец (26.02.2017)
На 26-ти февруари 2017 година, во Недела сиропусна, кога МПЦ-ОА го празнува споменот на преподобен Мартинијан, преподобен Симеон Мироточив, во храмот на св. Јован Крстител,во скопската населба Капиштец, старешината на храмот, отец Жарко Пејковски отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По литургијата отец произнесе празнична беседа за просувањето и покајанието.
Благодатта на тридневниот подвиг
Евангелие за простувањето – Св. Николај Велимировиќ
Кога Господ Исус Христос умираше на Крстот, Он и во смртните маки се трудеше да им биде од корист на луѓето. Не мислејќи за себе, туку за луѓето, Он издивнувајќи изрече една од најголемите поуки што воопшто му ги дал на човечкиот род. Тоа е науката за простувањето. Оче, прости им, зашто не знаат што прават! Никогаш од ниту едно губилиште до тогаш не се чул таков збор. Напротив, оние кои до тогаш гинеле на губилиштата, без разлика дали биле прави или виновни, ги призивале боговите и луѓето за освета. „Освети ме“, тоа е зборот кој до Христа ...
„Православен календар“ – нова верзија на Андроид апликацијата за 2017 година
Достапна е новата обновена верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2017 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса, која е надградена со тропари и кондаци за сите поголеми празници.
Покајанието – пат до простувањето
Тајната на Крстот Христов се состои во простувањето. Оној што со надеж на учество во Христовиот крст сака да учествува и во големата тајна на Христовото воскресение, тој простува. Вистинското простување се случува кога се молиме за оној што нè повредил; кога не го озборуваме, судиме и осудуваме тој што нè повредил; и кога на дело му помагаме, му чиниме добро и на секој начин гледаме како да се простиме и смириме со оној што нè повредил
ПЕТОК ОД СИРНА СЕДМИЦА (24.02.2017)
„Издигни го достоинството на Црквата, чесен крсту, понижи ја еретичката горделивост со твојата сила и развесели го соборот на православните. Удостој не сите нас да излеземе пред тебе и да се поклониме на подножјето Христово, зашто со тебе се фалиме, дрво благословено.“