логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 25/02/2017  

Тајната на Крстот Христов се состои во простувањето. Оној што со надеж на учество во Христовиот крст сака да учествува и во големата тајна на Христовото воскресение, тој простува. Вистинското простување се случува кога се молиме за оној што нè повредил; кога не го озборуваме, судиме и осудуваме тој што нè повредил; и кога на дело му помагаме, му чиниме добро и на секој начин гледаме како да се простиме и смириме со оној што нè повредил. Додека Господ Исус Христос умирал на крстот, Он и во смртните маки сакал да им биде од полза на луѓето. Не размислувајќи за Себеси туку за луѓето, Он во последниот здив изрекол една од најголемите поуки која воопшто е изречена на човечкиот род. Тоа е поуката за простувањето. „Оче прости им, оти не знаат што прават!“ (Лука 23,34). Никогаш, ниту од едно губилиште, не се слушнал таков збор. А Христос, во последниот здив им простил на Своите навредувачи, мачители и убијци, Го молел Својот Отец Небесен, Он да им ги прости гревовите, дури наоѓа и оправдување за нив, па вели „не знаат што прават“.Зошто токму оваа поука за простувањето ја повторува Господ на крстот? Несомнено, затоа што сакал особено оваа поука да се запамети и исполни. Во незаслужените маки на крстот, величествен над секое величество на светот и возвишен над царевите и судиите земни, над мудреците и учителите, над богатите и сиромашните, над општествените реформатори и бунтовници, Господ Исус Христос, со примерот на простувањето го запечатил Своето Евангелие. Да покаже со тоа дека без простувањето, ниту царевите можат да царуваат, ниту судиите да судат, ниту мудреците да мудруваат, ниту учителите да поучуваат, ниту богатите и сиромашните да живеат живот човечки, а не скотски, ниту жестоките реформатори и бунтовници да направат нешто полезно. Но, пред сè и после сè да докаже, дека Неговото Евангелие, луѓето без простување не можат ниту да го разберат, а уште помалку да го исполнат.[1]

Во создадениот свет, простувањето е димензија на животот дарувана и поврзана исклучиво за човекот. Човекот е единственото битие кое може да прости, бидејќи тој е икона Божја. Злото во нашиот свет е во непростувањето, во отсуството на љубовта, во ропството и затворањето пред слободата на простувањето. Простувањето е врвот на остварувањето на личната и човечка слобода, и никој  никаде не може на човекот да му го одземе правото и слободата да простува, освен самиот себе.Луѓето кои простуваат, не создаваат болка на заедницата и цивилизацијата, туку создаваат царство Божјо, кога сведочат со своето простување. Не се тие толерантни, туку човекољубиви, не се добри членови на заедницата туку членови на Царството Небесно, собор на светии, во кој нема зло, грев и смрт. Животот во непрестајното простување е начин на постоење, кој ги надминува границите на создаденото, на секое познато општество и цивилизација и затоа тоа не може да се дефинира, опише и смести во било каква форма во животот. Простувањето е пријатно и величествено, тоа е од Бога дарувано само на човекот како најдрагоцен дар, плашт на боја од царскиот пурпур кој сјае во нематеријалната светлост Христова. Тоа е човек кој го победува светот и злото, победник во радоста на Воскресението и причесник на трпезата Господова.[2]Простувањето е едно од елементарните човечки начела на животот, неопходен услов да станеме луѓе, за да се уподобиме и да Му следуваме на Божјиот закон и да се љубиме едни со други со сето свое срце, за во секој човек да Го видиме Богочовекот Христос.Ќе споменам два примери: Првиот пример е како ѓаволот делува онаму каде што нема простување.

Биле двајца подвижници кои живееле заедно и во голема љубов. Ѓаволот гледајќи ја нивната љубов и заедништво, им завидел и сакал да ги раздели. Еден ден ѓаволот тропнал на вратата и на едниот му се претворил во гулаб, а на другиот во гавран, и меѓу себе почнале да се расправаат дали е гулаб или гавран. Не се смириле еден пред друг и не сакале меѓусебно да попуштат и да си простат, па се скарале и се разделиле.[3]

Вториот случај е со двајца подвижници, кои исто така постојано живееле заедно и престојувале во љубовта Божја и помеѓу себе. Еднаш разговарајќи за случувањата во светот, едниот од нив рекол: Ние не знаеме што е тоа кавга. Ајде да се скараме и да го почувствуваме тоа чувство да видиме што значи тоа човек да се скара. Причината за нашата кавга ќе биде оваа тула. Јас ќе речам моја е, а ти ќе речеш не е твоја туку е моја, и така ќе се скараме. Тогаш првиот рекол: – Оваа тула е моја, а другиот рекол: – Не е твоја, туку е моја и првиот, сам кој го предложил тоа, рекол: – Не е моја твоја е, земи ја; и пак не се скарале и останале заедно, и тоа во поголема меѓусебна љубов.[4]

Но, патот до простувањето е покајанието. Затоа со повикот на покајание (Матеј 4,17) Господ ја започнал Својата наука, а со поука за простувањето ја завршил (Лука 23,34). Покајанието е семе, простувањето е плод. Никакво покајание нема вредност без простување.Што би бил светот без покајанието и простувањето? Еден ѕверјалник сред природниот ѕверјалник.Што друго би биле сите човечки закони, освен неподносливи окови, ако не ги ублажува простувањето. Зарем без простувањето мајката би можела да се нарече мајка, братот брат, пријателот пријател, христијанинот христијанин? Не, простувањето е содржина на сите овие поими.А што да кажеме за простувањето што го дава Бог? За тоа не е доволен човечки збор? Потребен е Божјиот збор за да се опише неизмерната длабочина на Божјото милосрдие и Божјото простување. Кој друг на небесата и на земјата, би можел да го искаже и да го опише она што е во Бога, освен Единствениот Господ Исус, предвечниот Син Божји? „Никој не го познава Отецот освен Синот… и кому што сака Синот да Го открие“ (Матеј 11,27).Да им ги простиме гревовите и навредите на сите, та Бог и нас да ни ги прости. Да побрзаме додека смртта не зачукала на вратата и викне: доцна е! Зад вратата на смртта ниту ќе можеме да простуваме, ниту, пак ќе ни се прости.[5]
 

1] Николај Охридски, епископ, „Евангелие за простувањето“, Воскресение, бр. 1/1998, Скопје 1998, 24-25.

[2] О праштању, http://crkvauobrenovcu.rs/, пристапно на: http://crkvauobrenovcu.rs/Misija/o-prastanju (28.05.2015).

[3] За простувањето, http://www.stprohor.org.au/, пристапно на: http://www.stprohor.org.au/за-простувањето/ (28.05.2015).

[4] Истото.

[5] Николај Охридски, епископ, Евангелие за простувањето…, 25-27. 

Подготви: Младен Јовчески
http://www.pppe.mk/2017/%d0%bf%d0%be%d0%ba%d0%b0%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bf%d0%b0%d1%82-%d0%b4%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be/#more-10870



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2016
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2036
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 485
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

06/05/2026 - среда

Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная