Сеноќно бдение во манастирот на св.Никола,с.Љубанци (21.09.2019)
О, какво чудо! Оној Когошто целата природа не може да Го собере удобно се сместува во утробата на Дева. Оној, пред Кого херувимите и серафимите ги прекриваат очите, се гали во скутот на Дева, допрен од нејзините раце од земја. Од јаловата и неплодна утроба излезе Светата Гора [Дева] од која, откако скапоцениот аголен камен, Христос нашиот Бог, беше чудесно оформен, Тој ги уништи демонските храмови и царството на Адот со нивната тиранска власт.