логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 monah.sosveka.jpg

МОЛИТВА КОН СВЕТИОТ АНГЕЛ ПАЗИТЕЛ

Ангелу Христов, Пазителу мој свет,
покровителу на душата и на телото мое,
прости ми се што згрешив во денов денешен,
и од секое лукавство
на демонскиот противник избави ме
за со нжаков гнев да не Го прогневам мојот Бог;
туку моли се за мене грешниот
и недостојниот слуга,
и достоен покажи ме за милоста на Света Троица,
на Мајката на мојот Господ Исус Христос
и на сите Светии. Амин!
( Вечерна молитва)

 

БОГОРОДИЧЕН КОНДАК

Bogorodica.Hristos.c.jpgХрабра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!

Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога,
принеси ја молитвата наша
пред Синот Твој и Бог наш
за преку Тебе спасени да бидат душите наши.

Сета надеж моја во Тебе ја полагам,
Мајко Божја, зачувај ме под закрилата Твоја.

Богородице Дево,
не презирај ме мене грешниот,
кому помошта и засгапнипггвото Твое му треба;
на Тебе се надева душата моја, помилуј ме!
( Вечерна молитва)

МОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОАНИКИЈ

Надеж моја е Отецот,
прибежиште мое е Синот,
покров мој е Духот Свет;
Троице Света, слава Ти!
( Вечерна молитва)

Достојно е навистина
блажена да Те нарекуваме Тебе, Богородице,
секогаш блажена и пренепорочна,
и Мајко на нашиот Бог.
Почесна од Херувимите,
и неспоредливо пославна од Серафимите,
Бога Словото девствено што Го роди,
Тебе, Која навистина Си Богородица,
Те величаме.
( Вечерна молитва)

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.

monahinja.kandilo5.jpgГОСПОДИ ПОМИЛУЈ (3 пати)

Господи Исусе Христе, Сине Божји,
по молитвите на Пречистата Твоја Мајка,
преподобните и богоносни отци наши
и сите Светии, спаси ме мене грешниот! 
( Вечерна молитва)

 

 МОЛИТВА ЗА ОТВОРАЊЕ НА УМОТ

Господи Исусе Христе, Учителу на милоста,
Те молам отвори ги очите на срцето мое
за да го чујам и да го разберам Словото Твое
и да ја творам волјата Твоја,
којашто во него нам, безумните и грешни луѓе,
ни е откриена.

Господи Боже, Спасителу мој,
бидејќи на земјата дојде да ги најдеш
паднатите и да ги спасиш,
не сокривај ги од мене повеленијата Свои,
зашто јас пропаѓам во мракот на незнаењето
на заповедите Твои.
Отвори ги очите на умот мој за да ги разберам
чудата на Твојот наук и кажи ми ја
непознатата и тајна мудрост Твоја.
Со светлоста на Своето знаење
просветли ги мојот ум и разум,
на Тебе се надевам, Боже мој,
за не само да го читам и пишувам
туку и да го извршувам него.

Ти се молам и со солзи припаѓајќи Ти повикувам:
Господи, просветли ме, научи ме, вразуми ме,
та Светото Слово Твое
и житијата на Светиите Твои
да ги читам не за суд
ами за обновување и просветлување,
за осветување и спасение на мојата душа,
за наследство на вечниот живот. Амин.
( Утринска молитва)

 

МОЛИТВА НА ПРЕПОДОБЕН ФИЛАРЕТ
МИТРОПОЛИТ МОСКОВСКИ, ЧУДОТВОРЕЦ

monah.stap1.jpgМОЛИТВА ПРВА

Господи, не знам што да молам од Тебе,
Ти единствен знаеш што мене ми треба;
ме љубиш и повеќе одошто јас самиот умеам
себеси да се љубам.
Не се осмелувам ни крст ни утеха да барам,
само пред Тебе стојам;
моето срце отворено е спрема Тебе;
Ти ги гледаш потребите што јас не ги знам.
Гледај и постапи со мене според милоста Своја;
порази ме и исцели ме, понижи ме и подигни ме,
ништ сум и нем пред Светата Твоја волја
 
и пред недостапните за мене судови Твои.
Се принесувам себеси како жртва кон Тебе;
Тебе Ти се предавам, желанија немам,
освен желбата да ја исполнувам волјата Твоја.
Научи ме да се молам,
Самиот Ти во мене моли се. Амин.

МОЛИТВА ВТОРА

monahinja.crkva1.jpgГосподи, дај ми мирно да го примам
она што денов денешен ми го носи
и целосно да и се предадам на Твојата Света волја.
Упати ме и помогни ми во секој миг од денов:
каков било глас да добијам,
научи ме мирно и со цврста вера
да восприемам дека се е по Твојата Света волја.
Управувај со моите мисли, со моите сетила
и со сите мои дела и зборови.
Не допуштај во непредвиден случај
да заборавам дека се од Тебе доаѓа.
Научи ме добро да се однесувам
спрема родителите и спрема ближните,
никого да не го разгневам или да го оскрбам.

Господи, дај ми сили да ја поднесам
Тежината на денот денешен
и се што во него ќе ми се случи.
Управувај со мојата волја и научи ме
да се молам, да верувам, да се надевам,
да поднесувам, да простувам и да љубам.

Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир,
та таму кај што има омраза да сеам љубов,
кај што има осуда - простување,
кај што има раздор - слога,
кај што има очај - надеж,
кај што има темнина - светлост,
кај што има жалост - радост.

0 Божествен Учителу,
нека не бидам утешуван, туку
јас други да тешам;
нека не ме трпат мене, туку
јас да имам трпение за сите;
не мене да ме љубат, туку
јас сите да ги љубам.
Зашто кога простуваме, тогаш
и нам ни се простува;
кога даваме, тогаш добиваме;
а кога умираме, тогаш се рагаме за живот вечен.

Свет Духу, помошник биди ми
денов денешен да Му Го посветам
на мојот Господ и Спасител.

Господи Исусе, Сине Божји,
поарно е да не се живее
одошто да се живее без Тебе или против Тебе.
Ти благодарам, Боже,
за дарот на овој ден и за секое добро
за коешто ќе ми помогнеш денеска да го сторам.
Избави ме, милостив Боже,
од желбата за самоугодување,
и удостој ме во секој миг да бидам подготвен
заради Тебе и заради ближниот свој
да се откажам од себеси,
зашто за таа служба и Си ми го дал животот.
Помогни ми од себе да го отфрлам
сето она што не е Твое,
а она што е Твое да го примам
во длабока вера, надеж и љубов.
Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам:
да ја поставам правдата над користа,
да го поставам чинењето на благочестиви дела
над минливите задоволства,
да ги поставам другите над себеси
за да ја исполнам Твојата заповед на љубовта.
Стори светлоста на Твојата убавина, добрина
и љубов да заблескаат во мојава душа. Амин.
. ( Утринска молитва)

Молитва кон Пресвета Богородица

Bogorodica.Pantelej.jpgЈа воспевам Твојата милост, Богородице, Ти се молам да го просветиш мојот ум. Научи ме да одам право по патот на Христовите заповеди. Закрепи ме за да бидам силен во песната што го прогонува сонот на очајанието. Со Твоите молитви, Богоневесто, одврзи ме од синџирите на гневот. Чувај ме дење и ноќе, прогонувајќи ги непријателите што ме напаѓаат. Ти, Која си Го родила Дарителот на животот, оживи ме мене, умртвениот од страстите. Ти, Која си ја родила светлината што не заоѓа, просвети ја мојата ослепена душа. О, пречудна Палато на Госиода, направи ме да бидам дом на божествениот Дух! Ти, Која си Го родила Лекарот, излекувај ги многугодишните страсти на мојата душа. Јас сум понесен од брановите на животната бура, Ти се молам, Мајко Божја, да ме насочиш кон патот на покајанието. Избави ме од вечниот оган и од лошиот пеколен црвец. Не дозволувај да станам радост на бесовите, зашто сум виновен за многу гревови. О, Пречиста Мајко, обнови ме мене, пропаднатиот, поради моите безбројни гревови! Помогни ми и моли Го Господарот на сите да отстрани од мене секаква мака. Удостој ме да ја добијам небесната радост со сите светии, Пресвета Дево, послушај го гласот на Твојот недостоен слуга. Давај ми, Пречиста Дево, поток од солзи и изми ја нечистотијата од мојата душа. Непрестајно Ти принесувам срдечни воздишки – биди милостива, Владичице! Прими ја мојата молитва и принеси ја на милосрдниот Бог. Ти, повисока од ангелите, помогни ми да се издигнам над светските работи. Светоносна небесна Сенице, осени ме со духовна благодат. Кревам раце, Пречиста, и ги отворам моите осквернети усти, за да Те прославам. Избави ме од душегубни беди и моли Го сесрдно Христа, Кому Му припаѓа чест и поклонување, сега, секогаш и во сите векови. Амин!

 МОЛИТВА ЗА СОБОРНА ЉУБОВ
НА СТАРЕЦ СОФРОНИЈ

matka.veligden2.jpgГосподи Исусе Христе, Агнецу Божји,
Ти Кој гревот од целиот свет врз Себе го зеде;
со восходот Твој на Голготската Гора
Си не искупил од проклетството по Законот,
и Си го обновил во нас паднатиот Твој образ;
на Крстот Си ги прострел пречистите раце Твои
за растурените чеда Божји да ги собереш во едно,
и со испраќањето на Пресветиот Дух
сите да ги повикаш во соединение.
Зашто Ти Си светлост на Отецот,
Кој пред исходот Свој на ова велико
светоискупителносвештенодејствие
Си се молел на Твојот Отец сите едно да бидеме,
како што Си Ти едно со Отецот и Светиот Дух.

Дај ни благодат и мудрост
да ја исполнуваме оваа заповед секој ден,
и укрепи не во подвигот на љубовта
за којашто Си ни повелал велејќи:
„Да се љубите еден со друг
како што Јас ве возљубив".
Со Светиот Твој Дух
дај ни да се смируваме еден пред друг,
не заборавајќи дека оној што најмногу љуби
најмногу и се смирува.
Научи не да се молиме еден за друг,
тежината еден на друг во трпение да ја носиме
и соедини не во собор на неразрушлива љубов,
во едно стадо послушни овци
околу возљубениот наш духовен отец,
дарувајќи ни во сестрите и братјата наши
да го гледаме образот
на Твојата неизглаголива слава,
и никогаш да не заборавиме
дека братот наш е нашиот живот.

Да, Господи, Ти Кој не собра
по Твоето благоволение од краиштата на земјата,
направи да бидеме навистина едно семејство
што живее со едно срце, со една волја,
со една љубов, како еден човек,
по предвечната Твоја промисла
за првородениот Адам.

Утврди го ова свето место
што Твојата десница го создаде,
и осени го со покровот
на Твојата Пречиста Мајка,
со Твојот Предвесник и Крстител Јован,
со преподобниот отец наш Силуан Атонски
и сите Светии.

Благословувај ги и застапувај ги
сите што тука живеат,
чувајќи не од погубни помисли,
од недолични зборови или гнев срдечен,
што можат да го урнат свештеното дело
на нашата служба.
За да се издига нашата Обител
врз каменот на Твоите Евангелски повеленија
во место на исцеление, осветување и спасение,
заради нас самите
и заради оние што притекнуваат тука,
братјата и сестрите наши оскрбени и обременети.
За да се обратиме сите во покој кон Тебе,
кроткиот и смирениот наш Цар,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин!

markov.marko7.jpg

 

 

 

Извор: МАЛ ПРАВОСЛАВЕН МОЛИТВЕНИК

Издавач: Струмичка епархија

Од Православен молитвеник (1)

Од Православен молитвеник (3)

Од Православен молитвеник (4)

Од Православен молитвеник (5)

 

Посети:{moshits}

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная