Aкцијата „Подари љубов, подари книга“ (24.12.2015)
Сите ние дома имаме книги кои веќе сме ги прочитале и оставиле на некои од полиците каде фаќаат прашина. Оваа сабота ќе имате одлична можност токму тие книги да ги подарите со цел да се формира библиотека за пациентите на болничкиот оддел на УКРО – Универзитетската клиника за радио – терапија и онкологија во Скопје.