логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Јас го достигнав врвот на успехот во светот на бизнисот. Во очите на другите, мојот живот е олицетворение на успехот. Меѓутоа, освен работа, јас имав многу малку радости. На крајот, богатството е само еден факт од животот на кој сум навикнат.
Во овој момент, додека лежам во болничкиот кревет и се потсетувам на целиот мој живот, сфаќам дека сите признанија и богатства кои ги примив со толку гордост, се избледени и безначајни пред лицето на претстојната смрт. Во темнината, додека гледам во зеленото светло на машината за одржување на живот и слушам зуење на механички звукови, го чувствувам здивот на Бога и смртта која ми се приближува. Сега знам, дека кога ќе стекнеме доволно богатство за целиот наш живот, треба да бараме други нешта кои не се поврзани со богатство… Тоа треба да биде нешто многу поважно: можеби меѓучовечки односи, можеби уметност, можеби сон од младоста.…

 Констатното трагање за богатство само ќе го претвори човекот во чудно суштество, како мене. Бог ни дал сетила да ја почувствуваме љубовта во сечие срце, а не илузија која ни носи богатство.

 Богатството кое го постигнав во животот не можам да го земам со себе. Тоа што можам да го земам се само спомените како резултат на љубовта.

Тоа е вистинското богатство кое ќе ве следи, кое ќе биде со вас, ќе ви дава сила и ќе го осветлува патот да одите напред. Љубовта може да патува илјадници километри. Животот нема ограничувања. Одете каде сакате. Достигнете ги висините кои сакате да ги достигнете. Се е во вашето срце и вашите раце.

 Кој кревет е најскап на светот? – „Болничкиот кревет“. Можете да вработите некој да вози кола за вас, да заработува пари за вас, но не можете да платите некој да ја носи болеста за вас. Материјалните работи кои се губат можат да се пронајдат или да се купат. Но, постои една работа што не може никогаш да се пронајде кога ќе се изгуби, а тоа е – „ЖИВОТ“. Кога човекот оди во операциона сала, тогаш сфаќа дека постои една книга која веќе треба да ја заврши со читање – „КНИГА НА ЗДРАВИОТ ЖИВОТ“. Во која и фаза од животот да се наоѓате, со време ќе дојде ден кога ќе морате да се соочите со тоа дека завесите се спуштаат. Чувајте ја љубовта за своето семејство, љубовната врска, љубовта за своите пријатели… Третирајте се себеси добро.

Чувајте ги другите.

Извор: http://agapi.mk/stiv-dhobs-na-smrtna-postela/



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4516
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4291
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3795
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…