Во св. Илија во Мисисага неодамна беше завршена фреската “Видението на Св. Павле да дојде во Македонија” (30.08.2015)
Во горниот десен агол имаме мала мандорла со рака која благословува. Таа ја преставува Божјата присутност во овој настан. Истовремено продолжената линија од раката дијагонално минува низ сите важни елементи од кругот и завршува во долното лево дрво. Од левиот горен агол низ сртот на планината се спушта уште една дијагоналана, која заедно со предходната внесуваат динамичност во композицијата.