логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Svetitel.koj.neprostil


СВЕТИТЕЛОТ КОЈ НЕ ПРОСТИЛ


         Надвор од манастирот, на големата клупа, каде монасите седеа после службата, стариот Авакум со седа брада го простре своето уморно тело. А кога го здогледаа помладите монаси, брзо се собраа околу него, за да соберат слова на љубовта. Ретко стариот Авакум излегуваше во дворот, затоа тие немаа можност за тоа.
– Кој грев е најголем, Старче? – праша отец Нил.
– Злопамтењето, – одговори Старецот, – е многу голем грев, толку голем што нас може да нè лиши и од самиот Рај.
– Рајот? Значи толку е голем? – го прекина младиот монах Гаврил.
– Се сеќавам, – продолжи Старецот, – на една приказна од маченичките страдања на древните христијани.
Сите монаси завзедоа подобра положба, за да ја чујат душекорисната приказна на стариот Авакум.
„Се наоѓаме во времето на царот Валеријан. Во една далечна земја на Исток живеел еден христијански свештеник по име Никифор. Во тој град живеел и еден друг свештеник, Саприкиј, кого со Никифора го врзувало духовно и христијанско пријателство. Свештеникот Саприкиј бил и Никифоров духовен раководител. Но, ѓаволот го мразеше пријателството на овие двајца духовни браќа. Некаква клевета која стигнала до ушите на свештеникот Саприкиј била доволна да ја раскине нивната христијанска врска. За главниот виновник на клеветењето бил сметан Никифор, па свештеникот Саприкиј не само што не сакал да го види со своите очи, туку и смртно го замразил.
Многу пати Никофор се обидел да му се приближи, но залудно. Саприкиј не сакал ни да чуе. Праќал и други луѓе да го убедат повторно да станат пријатели, но ништо од сето тоа. Страста на злопамтење го беше заслепила. И колку повеќе времето минувало, толку повеќе свештеникот станувал се потврдоглав.
Тогаш во Источните области настанал голем прогон на Христијаните, посуров од било кој познат до тогаш. Момчиња и старци, дечиња и жени, биле одведувани на стадиони и во арените за да пострадаат заради љубовта кон Христа. Меѓу Христијаните го фатиле речиси меѓу првите и свештеникот Саприкиј и го ставиле на маки за да се одрече од својата вера. Го одвеле до Зевсовиот златен кип, но тој одбил да му принесе жртва. Заради тоа го фрлиле во темница, каде продолжиле да го мачат уште повеќе.
Никифор ги гледал страдањата на свештеникот и со многу пари го убедил чуварот да го пушти да влезе во темничката ќелија.
– Прости ми, оче, – му рекол плачејќи. – Јас сум виновен за сé. Прости ми.
– Никогаш, – рекол Саприкиј уште потврдоглаво.
– Но, наскоро ќе се раздвоиме засекогаш. Како да се разделиме со непријателство меѓу нас? Прости ми, – повторно преколнувајќи го рекол Никифор.
– Никогаш. Заминувај веднаш. Чувару, одведи го, те молам, одовде, немам веќе што да му кажам, – одговорил отсечно Саприкиј.
Никифор се збунил. Од Саприкија не очекувал толкаво спротивставување, особено сега, во моментите на страдање. Тешката капија се затворила зад него и Никифор се упатил кон својата куќа.
Следниот ден, еден војник му ја читал на свештеникот смртната пресуда. А џелатот го подготвувал мечот за да му ја отсече главата.
– Прости ми, – викал Никифор меѓу мноштвото народ кој се беше собрал.
– Никогаш. Никогаш, – повторувал остро Саприкиј.
– Прости ми, – бил упорен Никифор. Но, Саприкиевиот одговор не се менувал..
Меѓутоа, Бог не сакал такви маченици. Никој не влегува во Рајот ако пред тоа нема во себе љубов. Заради тоа Бог ја одзел од Саприкија Својата благодат. Тој тогаш почувствувал како да се разбудил од некаков длабок сон. Како да не знаел зошто се наоѓа тука врзан. Без Божјата благодат, бил само еден обичен човек.
– Ама што барам јас овде? – прашал љубопитно Саприкиј.
– Ти си осуденик зашто си Христијанин и зашто одби да им принесеш жртва на идолите, – рекол џелатот гласно.
– Не, еве, ќе принесам жртва, ќе принесам жртва, – одговорил исплашено Саприкиј, кој ја беше изгубил Божјата благодат.
Толпата останала заледена. Никифор се зачудил. Го дигнал својот поглед кон небото и видел еден ангел подготвен да го овенча маченикот. Но, кога Саприкиј се одрекол од Христа, венецот останал таму чекајќи некој нов маченик.
Тогаш Никифор излегол од толпата народ и со желба за мачеништво, извикал кон џелатот и собраниот народ.
– Христос денес сака еден маченик. Јас сум Христијанин. Напред, значи, што чекаш? Отсечи ми ја главата.
И така Саприкиевото место го превзеде свети Никифор”.
Сите останаа неподвижни, а Старецот, завршувајќи го својот расказ, рече:
– Ова е, деца мои, приказна од маченичките страдања на првите Христијани. Да се чувате, значи, од злопамтење и да Го молите Бога да нé исполни со љубов.
Младиот монах, отец Гаврил, се прекрсти и се помоли Бог да му подари љубов.
– Без љубов, дете мое, не можеме да Го сведочиме Христа ниту маченички да страдаме за Него, – повторно рече Старецот.
Монасите ја целиваа раката на стариот Авакум и се упатија кон своите келии, добивајќи голема духовна корист од оваа приказна.

 

fbПравославие.Мк †


Извор: Светитељ који није опростио
Categories: Детски старечник



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2016
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2036
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 485
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

06/05/2026 - среда

Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная