Митрополит Струмички Наум: Целта и смислата на духовното раководење
Убаво е да знаеме како правилно да се подвизуваме во духовниот живот. Подвигот да се одвива во познание. Духовниот раст и преобразување да бидат во познание. Покајание во познание, послушание во познание, молитва во познание, дела во познание, εν γνοση, како што велат Светите отци. Секогаш да бидеме свесни каде сме.
Да знаеме кон што стремиме и во која насока секој миг се движиме. Имајќи го Христос како критериум.