логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Aleksandar.N.sv.Haralampij

– Оче, што треба да одговори човек, кога млади луѓе го прашуваат дали монашкиот живот е на повисоко ниво од брачниот?

– Најпрво треба да им се даде до знаење какво е предназначувањето на човекот и каква е смислата на животот. Потоа, да им се објасни дека и двата пата, кои Црквата ги зацртала, се благословени, затоа што и двата пата можат да ги одведат до рајот, ако живеат според Бога.

Замислете дека двајца тргнуваат на поклоничко патување. Едниот оди по главниот пат, а другиот оди пешки по некоја патека. Но, и двајцата имаат една иста крајна цел. Бог и на едниот се радува, и на другиот се воодушевува. Лошо е, кога тој што оди по патеката, го осудува во себеси оној што патува по главниот пат, или обратно.

Добро е младите, кои размислуваат за монаштво, да знаат дека предназначувањето на монахот е многу високо – да стане ангел. Христос им рекол на садукеите дека во другиот живот, на Небесата, ќе живееме како ангели (Мат. 22:30). Затоа, некои многу побожни млади стануваат монаси и уште во овој живот го започнуваат ангелскиот живот. Но, никој да не си мисли дека сите што одат во манастир ќе се спасат само заради тоа што станале монаси. Секој човек ќе даде одговор пред Бога дали го осветил начинот на живот што го избрал.

Насекаде е неопходна побожноста. Бог ги создава луѓето без претходно да ги определи како успешни или неуспешни во нивниот живот, но оној, што нема побожност, каков живот и да живее, тој ќе претрпи неуспех. Додека, побожниот човек напредува, каде и да се наоѓа, бидејќи Божјата благодат е со него.

Има брачни парови кои живеат многу добродетелно и достигнуваат светост. Кога главата на семејството Го љуби Бога и е завладеан од божествената љубов, може да достигне голем духовен напредок. Во исто време, ги дарува и своите деца со наследство на добродетели, создава едно добро семејство, за кое ќе добие двојна награда од Бога.

Затоа секој млад човек треба да си постави за цел да се подвизува побожно и без душевен смут, така што да си го освети животот што го избрал. Ако сака брачен живот, нека се ожени, но да направи труд за да стане добар сопруг и да води свет живот. Ако, пак, сака монаштво, нека стане монах, но да се подвизува да стане добар монах. Нека си ги оцени силите, за да види што може да прави и соодветно, да тргне по еден од двата пата.

Ако, на пример, една девојка гледа дека нема сили да стане монахиња, смирено да исповеда пред Бога: „Боже мој, слаба сум, нема да можам да живеам како монахиња, испрати ми еден човек, кој ќе ми помогне да создадам добро семејство и да живеам духовно“, и тогаш Бог нема да ја остави. Ако се омажи и создаде добро семејство и живее согласно со Евангелието, Бог нема да сака ништо повеќе од тоа.

Се разбира, има млади, од кои Бог бара малку, но тие поради побожност се подвизуваат силно и Му принесуваат повеќе од очекуваното, кога го избираат монашкиот живот. Тие ќе добијат двојни венци. Односно, ако една душа има голема склоност кон брачниот живот, но од голема побожност жртвува сé и го следи монашкиот живот, тоа многу го трогнува Бога. Само, треба да внимава побудите за тоа да бидат многу чисти, да нема во нив никаква гордост. Од таму па натаму, Бог ќе ги реши сите потешкотии.

Превод од бугарски

Извор: И БРАЧНИЯТ, И МОНАШЕСКИЯТ ЖИВОТ СА БЛАГОСЛОВЕНИ

 

Извор:

https://maranata01.wordpress.com/2021/03/03/%d0%b8-%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%87%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b8-%d0%bc%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%88%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%b5-%d0%b1%d0%bb%d0%b0%d0%b3%d0%be%d1%81/#more-3648

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 16, 2021

Овој ден - на свети Атанасиј Велики | Манастир Св. Јован Претеча С. Слепче

Ноќ повторно наидуваво утро рано на мои очи,ученик наместо да се надѕидувадозволил нешто да го кочи. Прослава чесна Небесна,за учител се одвиваликува Небеса, торжествува,Црквата воскликнува.
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2257
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1530
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1927
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…